Промовирани огласи »

Минималната синдикална кошница во јуни падна за 88 денари, но останува над 68.600 денари

Основните месечни трошоци за четиричлено семејство во Македонија во јуни изнесуваат 68.654 денари, а со кирија сумата скокнува на 84.024 денари.

На едно четиричлено семејство во Македонија во јуни му биле потребни најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци, покажуваат најновите податоци од Синдикалната минимална кошница што ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Во споредба со мај, кога кошницата изнесуваше 68.742 денари, евидентирано е само симболично намалување од 88 денари.

Најголем дел од семејниот буџет и натаму оди за храна и пијалаци, за кои се потребни 25.120 денари или 36,6 отсто од вкупната сума. Следуваат трошоците за образование со 7.192 денари, облека и обувки со 6.511 денари, како и режиски трошоци со 6.379 денари. Значителни издатоци има и за рекреација и култура, транспорт, како и за ресторани и хотелски услуги, додека најниски се трошоците за здравје и останати стоки и услуги.

ССМ предупредува дека состојбата е уште потешка за семејствата што живеат под кирија. Доколку четиричлено семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупниот месечен трошок се искачува на 84.024 денари, што дополнително го нагласува товарот од нерешеното станбено прашање и растечките трошоци за живот.

Тагови: Македонија потрошувачката кошничка

Промовирани огласи »

Вработување во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Системски, оперативен и процесен аналитичар – Малопродажба Аптекарско работење
Асистент за продажба - Битола
Специјалист за набавка – категорија козметика и лична нега (Procurement Specialist - Personal care)
Фармацевт со лиценца - Битола


Останатите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.
Се уште невработени?! Останатите огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Зегин ДОО Скопје

Промовирани огласи »

10.000 евра за млади до 29 години, 7.000 евра за постари - објавен Јавниот оглас од програмата за самовработување

Агенцијата за вработување информираше дека денеска e објавен Јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“.

Агенцијата за вработување информираше дека денеска e објавен Јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“.

Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и истото ќе трае од денес до 3. јули.

Од Агенцијата посочија дека процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови.

Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува 7.000 евра доколку аплицира лице кое е постаро од 29 години, а доколку станува збор за младо лице на возраст до 29 години, висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра.

Доколку пак станува збор за здружување на корисници во ДОО, поддршката изнесува до 20.000 евра, зависно од целните групи.

Повеќе информации на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) вработени млади Самовработување

Промовирани огласи »

Убави вести за возачите! Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика драстично ги намали цените.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 отсто во однос на одлуката од 15 јуни.

Според одлуката на РКЕ, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари по литар и ќе изнесува 84 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се продава по цена од 86 денари за литар.

Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 7 денари по литар. Така, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80,5 денари за литар. 

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 79,5 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 3,932 денари за килограм и ќе изнесува 42,291 денари.

Новите цени ќе стапат во сила од ноќеска во 00:01 часот.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »