Секое работно место доживеало ранливост кога се работи за своите вработени. Тимот може да се чини дека е изморен и неинспириран секојдневно и вие не можете да откриете зошто. Вие како сопственик на компанијата повеќе од сите сте запознаени со фактот дека несреќата на вработените е една од најлошите работи кога се работи за профитабилноста на компанијата и генералниот успех. Но и покрај ова, се уште постои шанса да ги вратите во живот вашите вработени.
Искористете некои од следниве тактики за да ги усреќите вашите вработени без веднаш да ја покачувате платата.
- Флексибилност на работното време
Додека некои работници уживаат во монотонијата, останатите, особено помладите вработени, се чувствуваат исцпрено од помислата да седат во едно исто виро, да ги прават истите задачи во истата временска рамка секој ден. Исто така, некои луѓе природно им е да бидат ранобудни, што може да не е одлика на други кои се попродуктивни подоцна во денот. Нудењето опции како „работа од дома во петок“ или пронаоѓањето на можност која им одговара на сите вработени може да направи значјани промени на работното место. Дозволувањето вашите вработени да доаѓаат во девет наместо во осум часот може да се покаже како многу добра одлука која веднаш ќе даде резултати.
Добрата плата секогаш може да ги усреќи повеќе вашите вработени, но многу компании го нудат тоа. Тоа е лесно, привремено решение. Но по некое време, вашите вработени може да најдат друга работна позиција исто така добро платена, но која нуди други привилегии кои ќе ги направат посреќни. Размислувајте креативно, понудете членство во теретана или фитнес клуб или часови по танцување или нудење на услуги како на пример креирање план за осигурување и многу други опции. Малите нешта во ваквиот случај, може да бидат многу продуктивни.
- Поврзување надвор од работното место
Општо познато е дека колку подобро се согласуваат вработените, толку подобро ќе се одвива целата работа. Вашите вработени не треба да бидат најдобри другари за да бидат посреќни, но доволно е да уживаат во своето друштво. Обидете се да ги изведете надвор од канцеларијата за да престанат да се гледаат помеѓу себе како „онаа личноста со која мора да се справувам на работа“.
- Запомнете ги малите нешта
Оваа тактика може и ништо да не ве чини. Нешто како скромна прослава на роденден на ваш вработен или некој друг успех покажува дека вие се грижите за вашите вработени и како луѓе, не само како ваши вработени.
Среќата на вашите вработени во основа, го води перформансот на вашиот бизнис. Бизнисите исто така, се повеќе се креативни и паметни околу тоа како да се поврзат и да ги задржат своите вработени, што значи дека и вие ќе треба да го направите истото доколку целите кон успехот.