Промовирани огласи »

Од информација до кариера!

На ден 23 ноември (четврток), со почеток во 13:00h во Битола ќе биде одржан вториот Саем на Кариера. Настанот ќе се одвива во просториите на Центар за култура - Битола (фоаје над голема сала), а организатори на настанот се Младински културен центар - Битола и Инфо Клубот - Битола.

Настанот вклучува штандовска презентација на компании кои нудат слободни работни места, кратки презентации од претставници на иновативни бизниси од Македонија, можност за посетителите да се запознаат и да разменат контакти со домашни компании. Дел од настанот се и интерактивни, инспиративни и едукативни говори за мотивација. Како и минатата година и оваа година KARIERA.mk ќе се претстави за можности кои овој сајт го нуди младите лица.

Саемот за кариера обезбедува простор за младите индивидуалци да ја пронајдат својата работна позиција. Настанот е во рамките на регионалната платформа YOUSEE за социјални иновации за намалување на младинската невработеност во соработка со Инфо клубот Битола, а поддржан од УНДП и општина Битола.

Влезот за настанот е бесплатен. 

Промовирани огласи »

Постојат неколку работни места и кариери кои би биле одлични за креативните луѓе.

1. Фото стилист - Подготвувањето на сцената за снимање е една од најважните работи кога се работи за комерцијалната фотографија. Без разлика дали работите хонорарно или како дел од тим, оживувањето на вашата визија е достигнување кое е и иновативно и задоволувачки.

2. Готвач - Подготвувањето на вкусни оброци бра сериозно знаење и импровизација. Со тестирањето на различни состојки и учењето како се вклопуваат заедно, вие може да креирате ваши уникатни рецепти. Плус, презентацијата многу е важна и тоа значи дека можете и тука да бидете креативни. 

3. Софтверски инженер - Да се биде софтверски инженер вклучува редици и редици на кодови и постојана употреба на компјутерот. Но не постојат многу други професии каде една идеја, како на пример веб страна, дизајн или апликација, доаѓа до живот пред вашите очи.

4. Дизајнер за ентериери - Постои причина зошто клиентите би ве побарале за да ги декорирате нивните домови или канцеларии: вашето креативно искуство. Ќе мерите димензии на соба, креирање на палети од бои и ќе купувате мебел секојдневно. Потребите на вашите клиенти ги креирате во прекрасен простор. 

5. Писател - Постојат многу страни на оваа професија кои бараат креативност, без разлика дали сакате да бидете автор или новинар. Смислувањето идеи, пишувањето приказни или романи и осмислувањето наслови е важен дел од оваа работа. Како ја раскажувате приказната е исто така огромен дел од ова и овие денови, тоа значи вклучување слики, видеа, графици и друг вид на мултимедиа. 

6. Професор - Дури и ако не сте професор по музичко или театар, да се биде во училница/амфитеатар бара креативност и иновативност. Смислување на начини за учениците и студентите всушност да засакаат предмети како математика, физика или литература не е лесно и бара планирање кое е и едукативно и забавно.

7. Соработник за маркетинг - Ова може да е единственото место каде размислувањето „надвор од кутијата“ не е само клише. Смислување маркетинг кампања за компанија или продукт е тешко и бара оригинални стратегии. Успешните маркетинг кампањи кои остануваат врежани во главата на потрошувачите се најчесто препишувани на најдобрите креативци. 

Промовирани огласи »

Вообичаено, квалификуваните работници се познаваат веднаш, затоа што нивната ѕвезда свети најсилно. 

Но дали може да ја кажете разликата помеѓу квалификуван работник и квалификуван работник со потенцијал? Вторите најчесто поседуваат талент, едукација и тренинг да станат високо квалификувани, но се уште не се докажале, најчесто бидејќи се нови. Прочитајте ги советите од KARIERA.mk за полесно да ги препознаете овие вработени или за самите да станете такви:

  • Тие работат напорно - Можеби прават да изгледа лесно, но тоа е леснотијата на тешко-заработените вештини. Најпродуктивните вработени луѓе работат и паметно и напорно, затоа што ништо помалку ќе ја заврши работата и ќе осигура висока продуктивност. 
  • Високо квалификуваните луѓе го вршат нивното истражување - Како резултат на ова, тие се ретко ставени во ќорсокак од границите на нивните информации, софтвер, хардвер или соработници; ниту се најдени во небрано кога некој им поставува прашање за нивната работа. Истражувањето исто така помага во извршувањето на работните задачи без проблеми и ефективно. 

  • Не чекаат на инспирацијата - Изјавата „инспирацијата е за аматери, останатиот дел од нас само се појавува и работи“ е сосема точна кога се работи за луѓето кои се одлични во својата работа. Перфеционизмот е ретко дозволен во нивната работна средина и тие се запознаени со важноста на постојаната напорна работа. Тие исто така знаат дека вистинската инспирација е реткост и дека го вложуваш своето време, ги сработуваш задачите и го даваш најдоброто од себе.
  • Работат брзо - Добрата работна етика, истражувањето, прецизната рутина и целосното знаење на една задача го прави целиот процес на завршување ан задачата многу подобро и побрзо. Ова ја зголемува продуктивноста, нема изненадувања овде. 
  • Високо квалификуваните луѓе користат иновации кога и да можат - Иновацијата е едно од неколкуте начини за да се олесни задачата, да има корист целиот тим и да се зголеми профитот. 

Запомнете, сите високо квалификувани не работат за ништо. Единствениот пат кога тие би работеле бесплатно е кога веќе имаат стекнато богатство, кога ја сакаат многу својата работа и не се грижат многу за плата или кога се присилени заради одредени околности. 

Промовирани огласи »

Истражувачкиот центар за комјутерски науки и информатички технологии при Македонската академија на науките и уметностите, распишува:

Конкурс
за избор во сите научни звања на 1 (еден) научен соработник од областа на техничките науки

-Еден (1 кандидат од областа на техничките науки. Покрај општите услови предвидени во Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат посебните услови предвидени во член 36 Законот за научноистражувачката дејност („Сл. весник на РМ" бр. 46/08, 103/08, 24/11. 80/12, 24/13, 147/13, 41/14 и 145/15) и член 13, 14, 15, 16, 17 и 18 од Правилникот за организација на работа на научните и уметничките организациони единици во Македонската академија на науките и уметностите Билтен" бр. 3/2013):

  • да има научен степен доктор на науки од подрачјето за кое се избира;
  • повеќе рецензирани научни трудови објавени самостојно или во соработка со други автори, учество во научноистражувачки проекти и има значајни постигнувања во примената на научноистражувачки резултати, придонес во оспособувањето на научноистражувачките кадри, како и знаење на англиски јазик;
  • да има објавени научни трудови во домашни и странски научни списанија и во други публикации кои се од значење за развојот на науката и струката и кои го потврдуваат владеењето на проблематиката на која се избира;
  • да имаат постигнувања во научноистражувачката дејност.


- Висина на основни месечни нето примања: 37. 065, 00 денари за научен соработник, 41. 102, 00 денари за виш научен соработник и 45. 1 38, 00 денари за научен советник;

- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8. 00 - 16. 00 часот).

Кон пријавата за конкурс, кандидатите да достават Ц-В, диплома за научен степен доктор на науки; список на објавени научни и стручни трудови и по еден примерок од секој труд и Уверение за државјанство.

Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар. Конкурсот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето, a пријавите со потребните документи се подиесуваат на адреса: Македонската академија на науките и уметностите, Бул. Крсте Мисирков" бр. 2 Скопје, лично или препорачано по пошта.

Некомплетни и ненавремени доставени документи нема да се разгледуваат.

МАНУ Истражувачки центарот за комјутерски иауки и информатички технологии.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »