Промовирани огласи »

Истражувачкиот центар за комјутерски науки и информатички технологии при Македонската академија на науките и уметностите, распишува:

Конкурс
за избор во сите научни звања на 1 (еден) научен соработник од областа на техничките науки

-Еден (1 кандидат од областа на техничките науки. Покрај општите услови предвидени во Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат посебните услови предвидени во член 36 Законот за научноистражувачката дејност („Сл. весник на РМ" бр. 46/08, 103/08, 24/11. 80/12, 24/13, 147/13, 41/14 и 145/15) и член 13, 14, 15, 16, 17 и 18 од Правилникот за организација на работа на научните и уметничките организациони единици во Македонската академија на науките и уметностите Билтен" бр. 3/2013):

  • да има научен степен доктор на науки од подрачјето за кое се избира;
  • повеќе рецензирани научни трудови објавени самостојно или во соработка со други автори, учество во научноистражувачки проекти и има значајни постигнувања во примената на научноистражувачки резултати, придонес во оспособувањето на научноистражувачките кадри, како и знаење на англиски јазик;
  • да има објавени научни трудови во домашни и странски научни списанија и во други публикации кои се од значење за развојот на науката и струката и кои го потврдуваат владеењето на проблематиката на која се избира;
  • да имаат постигнувања во научноистражувачката дејност.


- Висина на основни месечни нето примања: 37. 065, 00 денари за научен соработник, 41. 102, 00 денари за виш научен соработник и 45. 1 38, 00 денари за научен советник;

- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8. 00 - 16. 00 часот).

Кон пријавата за конкурс, кандидатите да достават Ц-В, диплома за научен степен доктор на науки; список на објавени научни и стручни трудови и по еден примерок од секој труд и Уверение за државјанство.

Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар. Конкурсот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето, a пријавите со потребните документи се подиесуваат на адреса: Македонската академија на науките и уметностите, Бул. Крсте Мисирков" бр. 2 Скопје, лично или препорачано по пошта.

Некомплетни и ненавремени доставени документи нема да се разгледуваат.

МАНУ Истражувачки центарот за комјутерски иауки и информатички технологии.

Промовирани огласи »

За пет години Македонија може да остане без сметководители. Во оваа струка засега има 7.197 овластени професионалци, а вршители на дејност се 1.221. Од вкупниот број, 24 отсто се на возраст до 35 години, додека преку 51 процент надминуваат 55 години, алармира Стопанската комора.

Комората на прес-конференција информира и дека до Владата е доставена иницијатива за превод на сите меѓународни стандарди за финансиско известување, што претрпеле промени од 2009 година наваму.

Сметководството треба да се издигне на многу повисоко ниво, да се третира како  професионална, аналитичка професија, што на бизнисот ќе му овозможи носење соодветни, менаџерски одлуки, рече Анета Трајковска, директор во Стопанската комора на Македонија.

Според Ленче Папазовска од Сојузот на сметководители, сметководителите треба да ги следат сите промени, особено во законската регулатива, да стекнат знаења за анализа на финансиските извештаи, да имаат проактивна улога, а не само да вршат внес на податоци. Неопходна е примена на информатичка технологија, дигитални платформи и мобилни апликации за подобрување на услугите, како и користење социјални мрежи во насока на изнаоѓање нови клиенти и поквалитетна комуникација со постојните.

Кога ќе се спомне сметководител кај нас, обично се мисли на лице кое седи во канцеларија и во својот компјутер внесува промени за деловните трансакции на клиентите и дава известување до УЈП, но малку се зборува за лица кои анализираат финансиски извештаи, комуницираат со своите клиенти, помагаат во донесување стратешки одлуки,... Во развиениот свет под сметководител се подразбира оној што директно соработува со своите претпоставени и менаџери, потенцира Папазовска.

Одговорајќи на новинарски прашања, Папазовска рече дека се уште има нелојална конкуренција при поднесување извештаи до УЈП за што утре, како што најави, е предвидена и посебна тркалезна маса.

Потпишавме договор за соработка со Централниот регистар, што  предвидува годишните сметки и консолидираните финансиски извештаи да ги поднесуваат исклучиво овластени сметководители, вработени во сопствена фирма или во некоја од лиценцираните друштва, подвлече Папазовска. 

Промовирани огласи »

Биткоинот собори уште еден рекорд и сега чини 7 998 долари.

Може да се каже дека претходните две недели беа турбулентни за оваа криптовалута, со оглед на тоа дека во еден момент падна на 5 500 долари.

После тоа, неговата вредност растеше, за да во меѓувреме порасне на 45 отсто.

Истовремено, пазарната вредност на биткоинот, или вкупната вредност на тие монети во оптек, порасна од 92 милијарди долари на 133,5 милијарди долари.

Вредноста почна да паѓа после пропаднатиот план на надградба на биткоинот под името Segwit2x  (или накратко 2х), која би овозможила побрзи трансакции и ново отцепување на биткоинот.

Промовирани огласи »

Твитер е доста моќна платформа кога се работи за рекламирање на социјалните платформи. Без разлика дали никогаш не сте пробале рекламирање на Твитер или сте се обиделе, но не покажало успех, рекламирањето на оваа социјална мрежа е многу ефективно, но единствено ако ги практикувате овие правила.

1. Објаснете го вашиот продукт или услуга, но бидете прецизни

Огромен број на луѓе користат Твитер. Додека тоа оди во ваша корист, не можете да очекувате дека сите луѓе кои ќе дојдат во пресрет со вашата реклама ќе знаат за вашиот производ или услуга. Објаснете што точно вашиот е вашиот производ или какви услуги нудите пред да се впуштите во рекламирање или продажба. Запомнете дека Твитер има ограничување на зборовите и е дизајниран за корисници кои им се потребни информации на брз начин. Бидете кратки и јасни во објаснувањето со неколку кратки реченици или интересен дијаграм. 

2. Користете специфични повици за акција

Твитер е платформа на брзи разговори. Потребно е да бидете колку што е можно подиректни со вашите маркетинг тактики. Ако имате искуство во продажба или маркетинг, веќе сте запознаени дека повиците на акција (call-to-action) се одличен начин да се повикаат корисниците да го направат токму она што вие го очекувате. Но, бидејќи големи се шансите корисниците на Твитер да поминат брзо преку вашата објава, потребно е да има кажете точно што сакате да направат. Обидете се со „купете сега, регистрирајте се сега, аплицирајте“ и други начини кои повикуваат на акција во моментот. 

3. Поставувајте прашања 

Оваа тактика на маркетинг на социјални платформи се докажала дека го зголемува бројот на кликови на Твитер за 25%. Поставувањето прашања е многу ефективно бидејќи корисниците веќе не се чувствуваат како да им продавате нешто, туку како да се обидувате да се поврзете со нив преку разговор. Кога вашиот бренд е попријателски настроен, поголеми се шансите дека луѓето ќе ја погледнат вашата промоција. Самото додавање на „?“ може да направи огромна разлика. 

Рекламирањето на социјалните платформи е една од најефективните маркетинг тактики на денешниот пазар. Социјалните мрежи се преполни со потенцијални клиенти кои се подготвени да ја забележат вашата реклама. Бидејќи корисниците на Твитер ги сакаат нивните информации брзо, вие мора да смислите забележлив, моќен и интересен начин да ги поттикнете луѓето да ја погледнат вашата реклама. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »