Твитер е доста моќна платформа кога се работи за рекламирање на социјалните платформи. Без разлика дали никогаш не сте пробале рекламирање на Твитер или сте се обиделе, но не покажало успех, рекламирањето на оваа социјална мрежа е многу ефективно, но единствено ако ги практикувате овие правила.
1. Објаснете го вашиот продукт или услуга, но бидете прецизни
Огромен број на луѓе користат Твитер. Додека тоа оди во ваша корист, не можете да очекувате дека сите луѓе кои ќе дојдат во пресрет со вашата реклама ќе знаат за вашиот производ или услуга. Објаснете што точно вашиот е вашиот производ или какви услуги нудите пред да се впуштите во рекламирање или продажба. Запомнете дека Твитер има ограничување на зборовите и е дизајниран за корисници кои им се потребни информации на брз начин. Бидете кратки и јасни во објаснувањето со неколку кратки реченици или интересен дијаграм.
2. Користете специфични повици за акција
Твитер е платформа на брзи разговори. Потребно е да бидете колку што е можно подиректни со вашите маркетинг тактики. Ако имате искуство во продажба или маркетинг, веќе сте запознаени дека повиците на акција (call-to-action) се одличен начин да се повикаат корисниците да го направат токму она што вие го очекувате. Но, бидејќи големи се шансите корисниците на Твитер да поминат брзо преку вашата објава, потребно е да има кажете точно што сакате да направат. Обидете се со „купете сега, регистрирајте се сега, аплицирајте“ и други начини кои повикуваат на акција во моментот.
3. Поставувајте прашања
Оваа тактика на маркетинг на социјални платформи се докажала дека го зголемува бројот на кликови на Твитер за 25%. Поставувањето прашања е многу ефективно бидејќи корисниците веќе не се чувствуваат како да им продавате нешто, туку како да се обидувате да се поврзете со нив преку разговор. Кога вашиот бренд е попријателски настроен, поголеми се шансите дека луѓето ќе ја погледнат вашата промоција. Самото додавање на „?“ може да направи огромна разлика.
Рекламирањето на социјалните платформи е една од најефективните маркетинг тактики на денешниот пазар. Социјалните мрежи се преполни со потенцијални клиенти кои се подготвени да ја забележат вашата реклама. Бидејќи корисниците на Твитер ги сакаат нивните информации брзо, вие мора да смислите забележлив, моќен и интересен начин да ги поттикнете луѓето да ја погледнат вашата реклама.