Промовирани огласи »

Иако стапи во сила во 2007 година, дури од пред три години Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа. Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра.

Според информациите на МВР, досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за тие што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.

Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако не се плати во рок од осум дена, прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.

Промовирани огласи »

Иако хрватските граѓани во Германија може да работат илегално, и денес од Хрватска заминуваат таму на работа „на црно“.

Еден хрватски полицаец (46) во пензија е еден од нив.

Веќе шест години е во пензија и во текот на тие шест години два до три пати годишно заминува на работа во Германија. Иако е уште релативно млад, не може да се пресели во Германија и бара легална работа бидејќи е во пензија па не би смеел да работи целосно работно време, а така максимално би можел да заработи 1000 евра.

Тој за хрватски Дојче вели опишал како функционира работата „на црно“ во Германија. Од очигледни причини одлучил својата приказна да ја раскаже анонимно. За работата на црно во Германија се одлучил од финансиски причини.

Работи за Германци бидејќи Хрватите мамат

Како вели, во 90 отсто од случаите работи во градежништво, а освен адаптација на станови и куќи, илегалните работници се ангажираат и на работи како уредување на околина, одржување на паркови и шуми, предградија. Како вели мнозинството инсистираат да работат за Германци бидејќи Хрватите многу ги измамуваат.

„Никаде не одам сам туку одиме во групи. Ако работиш кај „наши луѓе“ во 50 отсто од случаите ќе ти се случи нешто лошо, односно во 50 посто од случаите нема да бидеш платен. Ти кинат на дневница, на плаќање, на се што можат“, продолжува тој.

Како функционира се?

„Германските компании ги ангажираат нашите луѓе да им донесат работници на црно. Да речеме, германска компанија има градежен проект кој мора да се заврши во одреден рок и има потреба од работници како тоа би се завршило, а тие да избегнат да платат дел од давачките за државата. Дел од работниците секогаш работат легално. Тогаш ангажираат наши луѓе да им донесат број на работници кои им требаат. Тие луѓе доаѓаат кај нас и ангажираат помеѓу 10 и 50 од нас“, колку требаат.

Одиме „горе“ (се мисли на Германија) и работиме, поставаме вода, струја, канализација, уредуваме фасади, работиме во затворени простории. Речиси никогаш не се работи на отворено. Работата се извршува на затворено, се добива смествување и храна а дневницата до цент се исплаќа како што е договорена. Неретко се добива и награда за извршената работа-објаснува тој за Дојче веле.

Се додава како по тура може да се заработат и до 2000 евра. Работата во сабота е платена дупло па така по една сабота може да се заработат и по 200 евра. Се работи по осум часа до десет секој ден и така месечно, вели, може да се заработат и до 2300 евра. 

На крај заклучува дека работата во Германија е сепак само за оние кои навистина сакаат да работат. 

Промовирани огласи »

Двајца сурфери од Австралија дизајнирале автоматска корпа која го вшмукува сметот од водата во океанот, како и пристаништата. Ова евтино и едноставно решение може да го држи под контрола нивото на ѓубре кое го има во огромни количини во океанот. 

Корпата е наречена Seabin. Уредот се содржи од огромна кофа која е поврзана со водена пумпа. Водената пумпа вшмукува вода назад во корпата, заедно со пластиката и цело останато ѓубре. Објектите кои се загадувачи остануваат заробени во мрежата која е вградена во кофата, а водата е веќе во водената пумпа и тука се издвојува било какво масло кое може да постои. Чистата, незагадена вода е потоа повторно пуштена во океанот преку друга цевка. 

Според дизајнерите, овој вид на корпа не е штетен за рибите бидејќи само објекти кои лебдат на површината на океанот се вшмукувани. Во октомври оваа година Велика Британија ја добила својата прва корпа од овој вид. Секоја корпа може да собере околу 1,5 килограм ѓубре на ден и може да издржи до 12 килограми. Тоа е еднакво на 20,000 пластични шишиња или на 83,000 пластични ќесиња на годишно ниво. 

Една корпа чини 3,957 долари. Шпанија и Финска исто така се на листата за купување на оваа корпа, која се покажува многу ефективна за справување со загадувањето на океанот. 

Погледнете и видео на следниот линк: https://www.engadget.com/2017/10/11/seabin-portsmouth-harbour/

Промовирани огласи »

Се проценува дека во светот има 70,9 милиони млади без работа, што е повеќе од 35 проценти од вкупниот број невработени во светот во 2017 година, стои во извештајот на Меѓународната организација за трудот (ИЛО), „Глобални трендови на вработување на младите 2017“.

– Иако глобалната стапка на невработеност кај младите се стабилизирала на 13 отсто во 2016 година, се очекува оваа година благо да порасне на 13,1 отсто, стои во извештајот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »