Во продавниците и маркетите низ земјава се повеќе постојат производи кои во себе содржат помала грамажа од претходно. Пред неколку години бројот на цигари на едно пакување се намали од 20 на 19, а секој ден се почесто наидуваме на производи кои нудат помалку во однос на грамажата. Тоа значи дека за иста цена граѓаните добиваат помала количина на производ.
Други производи на листата се видови лебови како бел, полубел, црн, сечен со сусам и грамажата изнесува некаде околу 500 грама. Кафето го има и во 75 или 175 грама наместо во 100 и 200 грама. Пастите за заби содржат 75 милилитри паста, шампоните за коса 230 милилитри, а течните сапуни 900 милилитри.
Сојузот на синдикати (ССМ) во 2011 година ја претстави својата синдикална кошничка која е модел за пресметување на трошоците за живот. Во оваа кошничка влегуваат трошоците за четиричлено семејство, кое живее во стан од 50 метри квадратни, нема автомобил и трошоците се за исхрана, пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки, култура, одржување и здравје.
Во август оваа година Синдикалната мининална кошничка изнесувала 32,316 денари. Во истиот период во 2016, кошничката изнесувала 32,161 денар, а во 2015 изнесувала 32,197 денари.
Извор на веста како и дополнителни информации прочитајте на линков: http://newsroom.mk/skrieno-poskapuvane-na-koi-se-proizvodi-im-se-namali-gramazhata/