Промовирани огласи »

Во продавниците и маркетите низ земјава се повеќе постојат производи кои во себе содржат помала грамажа од претходно. Пред неколку години бројот на цигари на едно пакување се намали од 20 на 19, а секој ден се почесто наидуваме на производи кои нудат помалку во однос на грамажата. Тоа значи дека за иста цена граѓаните добиваат помала количина на производ. 

Други производи на листата се видови лебови како бел, полубел, црн, сечен со сусам и грамажата изнесува некаде околу 500 грама. Кафето го има и во 75 или 175 грама наместо во 100 и 200 грама. Пастите за заби содржат 75 милилитри паста, шампоните за коса 230 милилитри, а течните сапуни 900 милилитри. 

Сојузот на синдикати (ССМ) во 2011 година ја претстави својата синдикална кошничка која е модел за пресметување на трошоците за живот. Во оваа кошничка влегуваат трошоците за четиричлено семејство, кое живее во стан од 50 метри квадратни, нема автомобил и трошоците се за исхрана, пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки, култура, одржување и здравје. 

Во август оваа година Синдикалната мининална кошничка изнесувала 32,316 денари. Во истиот период во 2016, кошничката изнесувала 32,161 денар, а во 2015 изнесувала 32,197 денари. 

Извор на веста како и дополнителни информации прочитајте на линков: http://newsroom.mk/skrieno-poskapuvane-na-koi-se-proizvodi-im-se-namali-gramazhata/

Промовирани огласи »

Еден од најдобрите начини за да станете подобар лидер е да ја погледнете вашата организација во ново светло. Одговарањето на прашањата кои следат во продолжение може да ви помогнат во тој процес. Ќе добиете појасна слика за целата ваша компанија, можеби ќе ги проментие сегашните цели, ќе се насочите на нови, ќе го погледнете бизнисот, потрошувачите, конкуренцијата со други очи. 

  1.  Кои се трите нешта кои не задржуваат назад
  2.  Ќе работам ли со нас ако јас сум потрошувач?
  3.  Што пречи на бизнисот што ние не го сметаме?
  4.  Што може да научиме од развојните старт-ап компании?
  5.  Дали победуваме во „word-of-mouth“ борбата?
  6.  Зошто сите овие одлични идеи собираат прашина на нашите полици?
  7.  Зошто навистина губиме квалитетни потрошувачи? 
  8.  Дали ги читаме извештаите кои ги бараме? 
  9.  Кои активности денес, би имале најголемо влијание за десет години?
  10.  Дали се држиме до ветеното?
  11.  Дали сме сите фокусирани на нашите топ три приоритети?
  12.  Дали учиме од нашите грешки?
  13.  Дали правиме позитивна разлика во животите на луѓето?
  14.  Колку навистина ја потценуваме конкуренцијата?
  15.  Што ќе направевме поразлично ако почнавме да работиме денес? 
  16.  Секогаш ли го казнуваме неетичкото однесување на работното место? 
  17.  Кои се трите најголеми закани за нашиот бизнис?
  18.  Што е она што треба да престанеме да го правиме? 
  19.  Дали водиме или само менаџираме
  20.  Дали им нудиме на луѓето нешто друго освен плата?

Разликата помеѓу просечните и одличните лидери е во постојаната евалуација на работата која постои кај лидерите кои се одлични во своето работење. Тие никогаш не престануваат да учат и да се запрашаат каде грешат, а каде не. Овие прашања може да ве поттикнат да размислувате како добар лидер и да дејствувате како таков. 

Промовирани огласи »

Дали некогаш сте поминале време со некој и сте добиле чувство како тој/таа да не е присутен? Вие можеби да сте биле присутни физички во просторијата, но не сте се поврзале. Особено во бизнис комуникацијата, ненамерно може да создадеме комуникациски бариери кои може да го отежнат понатамошниот развој на односите. Решението е во идентификување на бариерите и ефективна комуникација за да се елиминираат. 

Пречките во комуникацијата не ни се случуваат, тие се создадени од нас. Тоа значи дека како што сме способни да ги создадеме, така можеме и да ги рушиме. 

1. Жонглер - Некои луѓе се постојани мултитаскери. Тие работат толку многу нешта во исто време што никогаш не сте целосно сигурни дали делумно или воопшто ве слушнале. 

2. Зафатена пчела - Овие луѓе брзаат од една активност кон друга без време за губење. Ќе ви е потребна многу среќа да ги задржете нив за еден цивилизран разговор. 

3. Расеани - Спелувањето на зборот фокус е тешко за овие луѓе, исто како и фокусирањето на нештата. Тие гледаат во својот часовник, извикуваат инструкции или вршат телефонски повик додека се уште разговараат со вас. 

4. Сонувачи - Присутни физички, но со умот некаде во својот свет. Комуникацијата е особено тешка да се оствари овде.

5. Тврд орев - Освен разговорот, ништо повеќе не треба да очекувате дека овие луѓе ќе споделат со вас. Може да ги познавате со години, а ништо да не знаете за нив. 

6. Господари на работата - Комуницираат кога имаат потреба, не кога сакаат. 

7. Нетолерантни - Личните предрасуди се особено важни за овие луѓе кога одредени теми на разговор се дискутираат. Ако тие не се согласуваат со вашето мислење, тие може да ве наслушнуваат, но не навистина да ве слушаат. 

8. Играчи - Ви се јавуваат од нивната кола додека возат низ тунел или кога мрежата е доста лоша и се што вие слушате е секој четврт збор. Од вас се очекува да ги пополните празните места.

9. Егоисти - Некои луѓе се многу окупирани со зборувањето за себеси, што никогаш не им паѓа на памет дека можеби и вие имате нешто да кажете. Џорџ Бернард Шо еднаш рекол „Проблемот со неа е дека на неа и недостига моќта на разговорот, но е и моќта на зборувањето.“

Првиот чекор кон решавање на бариерите кои понекогаш и ние самите ги поставуваме, е да го осознаеме проблемот. Во бизнисот особено е важно секогаш да останете професионални, да не ве надвладеат емоциите. Како сопственици, идни претприемачи или вработени, да ги знаете неколкуте начини на неефективно комуницирање, бариерите кои самите ги правиме е важно за да пронајдете начини да ги спречите.

Промовирани огласи »

Работа на топло и ладно време, без здравствено осигурување, со ниски плати и работа на „црно“ - ова се проблемите со кои се соочуваат градежните работници. Еден од вработените во градежна компанија, Добре Петровски, вели дека добива плата од 10,000 денари која не му е доволна за да го преживее месецот. 

Независниот синдикат на градежните работници бара од Министерството за труд и социјална политика да формира посебна комисија за правата на градежните работници. 

Според овој синдикат, во Македонија има над 10,000 градежни работници. Во врска со кршењето на нивните права, тие бараат повеќе внимание и институционална поддршка. 

Извор: http://tv21.tv/mk/?p=154326\

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »