Промовирани огласи »

Работа на топло и ладно време, без здравствено осигурување, со ниски плати и работа на „црно“ - ова се проблемите со кои се соочуваат градежните работници. Еден од вработените во градежна компанија, Добре Петровски, вели дека добива плата од 10,000 денари која не му е доволна за да го преживее месецот. 

Независниот синдикат на градежните работници бара од Министерството за труд и социјална политика да формира посебна комисија за правата на градежните работници. 

Според овој синдикат, во Македонија има над 10,000 градежни работници. Во врска со кршењето на нивните права, тие бараат повеќе внимание и институционална поддршка. 

Извор: http://tv21.tv/mk/?p=154326\

Промовирани огласи »

KARIERA.mk го прославува својот прв роденден!

На 21ти ноември минатата година, на македонскиот пазар беше лансирана KARIERA.mk – македонски сајт каде компаниите може да ги огласуваат отворените работни позиции и каде работобарачите може да аплицираат на истите. Соработката помеѓу тимови со над 10 годишно искуство во HR и IT индустријата се покажа одлична и овозможи на над 1200 компании да ги најдат вистинските луѓе за нивните работни позиции!

Што постигнавме?

Дозволуваме бројките да зборуваат наместо нас:

  • 5.500 објавени огласи со повеќе од 10.000 работни места
  • 1.200 зачленети компании
  • 48.100 корисници со нивни CV-a
  • 40.000 дневни посети

Што добивате Вие?

  • Објавување на огласи за работа, пракса, стипендија и обука
  • Професионална услуга од тимот на KARIERA.mk
  • Дополнителни совети за поуспешна потрага по соодветните таленти
  • Споделување и промовирање на огласот преку голем број на канали: Facebook, LinkedIn, Twitter - KARIERA.mk се обидува на секој начин да дојде до вистинските кандидати
  • Тартетиран newsletter до 110.000 луѓе
  • Можност за компаниите да го градат нивниот бренд, можност за рекламирање, ПР текстови, видео интервјуа
  • Бесплатни професионални совети на корисниците како да направат професионално CV

Кон што целиме?

Иако сме многу задоволни од досегашните резултати, целта на KARIERA.mk е уште повеќе да се развива. Во текот на наредната година, имаме намера да воведеме нови услуги, како и нови продукти, се со цел да излеземе во пресрет на потребите на нашите клиенти – компаниите.Покажаните резултати, успешната организација на HR самитот, како и планираните иновации кои секојдневно го зголемуваат нашиот кредибилитет, се доказ за квалитетот кој го поседуваме и мотивација за уште поефективно работење.

Продолжете да бидете дел од успехот на KARIERA.mk. Вие сте дел од тоа што сме денес ние.

Ви благодариме!

Тимот на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Дали се сеќавате на вашето прво канцелариско биро? Ако сте започнале да работите во канцеларија во 90тите, многу е веројатно дека вашето моментално биро не е воопшто слично како тогашното. 

Тимот на Business Insider направил истражување колку бироата во нивните канцеларии се промениле во последните 20тина години и еве ги резултатите.

  • Фиксните телефони исчезнале и сосема биле заменети од мобилните телефони

  • Голем дел од вработените имаат повеќе монитори за работа
  • Постоењето на „коцка“ канцелариите се повеќе исчезнува и канцелариите се најчесто отворени 
  • Се почесто се користат „стоечки“ канцелариски бироа
  • Windows95 не е повеќе последниот и најдобриот оперативен систем

  • Не постојат повеќе купови од книги и документи бидејќи се е онлајн
  • Вашиот CRT монитор и CPU куќиште не го зафаќаат најголемиот дел од вашето биро
  • Лап-топот веќе може да си го земете со себе каде и да одите

  • Екраните се скоро сите веќе на допир, бидејќи кој има време за користење на глувче? 

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »