KARIERA.mk го прославува својот прв роденден!
На 21ти ноември минатата година, на македонскиот пазар беше лансирана KARIERA.mk – македонски сајт каде компаниите може да ги огласуваат отворените работни позиции и каде работобарачите може да аплицираат на истите. Соработката помеѓу тимови со над 10 годишно искуство во HR и IT индустријата се покажа одлична и овозможи на над 1200 компании да ги најдат вистинските луѓе за нивните работни позиции!
Што постигнавме?
Дозволуваме бројките да зборуваат наместо нас:
- 5.500 објавени огласи со повеќе од 10.000 работни места
- 1.200 зачленети компании
- 48.100 корисници со нивни CV-a
- 40.000 дневни посети
Што добивате Вие?
- Објавување на огласи за работа, пракса, стипендија и обука
- Професионална услуга од тимот на KARIERA.mk
- Дополнителни совети за поуспешна потрага по соодветните таленти
- Споделување и промовирање на огласот преку голем број на канали: Facebook, LinkedIn, Twitter - KARIERA.mk се обидува на секој начин да дојде до вистинските кандидати
- Тартетиран newsletter до 110.000 луѓе
- Можност за компаниите да го градат нивниот бренд, можност за рекламирање, ПР текстови, видео интервјуа
- Бесплатни професионални совети на корисниците како да направат професионално CV
Кон што целиме?
Иако сме многу задоволни од досегашните резултати, целта на KARIERA.mk е уште повеќе да се развива. Во текот на наредната година, имаме намера да воведеме нови услуги, како и нови продукти, се со цел да излеземе во пресрет на потребите на нашите клиенти – компаниите.Покажаните резултати, успешната организација на HR самитот, како и планираните иновации кои секојдневно го зголемуваат нашиот кредибилитет, се доказ за квалитетот кој го поседуваме и мотивација за уште поефективно работење.
Продолжете да бидете дел од успехот на KARIERA.mk. Вие сте дел од тоа што сме денес ние.
Ви благодариме!
Тимот на KARIERA.mk