Дали некогаш сте поминале време со некој и сте добиле чувство како тој/таа да не е присутен? Вие можеби да сте биле присутни физички во просторијата, но не сте се поврзале. Особено во бизнис комуникацијата, ненамерно може да создадеме комуникациски бариери кои може да го отежнат понатамошниот развој на односите. Решението е во идентификување на бариерите и ефективна комуникација за да се елиминираат.
Пречките во комуникацијата не ни се случуваат, тие се создадени од нас. Тоа значи дека како што сме способни да ги создадеме, така можеме и да ги рушиме.
1. Жонглер - Некои луѓе се постојани мултитаскери. Тие работат толку многу нешта во исто време што никогаш не сте целосно сигурни дали делумно или воопшто ве слушнале.
2. Зафатена пчела - Овие луѓе брзаат од една активност кон друга без време за губење. Ќе ви е потребна многу среќа да ги задржете нив за еден цивилизран разговор.
3. Расеани - Спелувањето на зборот фокус е тешко за овие луѓе, исто како и фокусирањето на нештата. Тие гледаат во својот часовник, извикуваат инструкции или вршат телефонски повик додека се уште разговараат со вас.
4. Сонувачи - Присутни физички, но со умот некаде во својот свет. Комуникацијата е особено тешка да се оствари овде.
5. Тврд орев - Освен разговорот, ништо повеќе не треба да очекувате дека овие луѓе ќе споделат со вас. Може да ги познавате со години, а ништо да не знаете за нив.
6. Господари на работата - Комуницираат кога имаат потреба, не кога сакаат.
7. Нетолерантни - Личните предрасуди се особено важни за овие луѓе кога одредени теми на разговор се дискутираат. Ако тие не се согласуваат со вашето мислење, тие може да ве наслушнуваат, но не навистина да ве слушаат.
8. Играчи - Ви се јавуваат од нивната кола додека возат низ тунел или кога мрежата е доста лоша и се што вие слушате е секој четврт збор. Од вас се очекува да ги пополните празните места.
9. Егоисти - Некои луѓе се многу окупирани со зборувањето за себеси, што никогаш не им паѓа на памет дека можеби и вие имате нешто да кажете. Џорџ Бернард Шо еднаш рекол „Проблемот со неа е дека на неа и недостига моќта на разговорот, но е и моќта на зборувањето.“
Првиот чекор кон решавање на бариерите кои понекогаш и ние самите ги поставуваме, е да го осознаеме проблемот. Во бизнисот особено е важно секогаш да останете професионални, да не ве надвладеат емоциите. Како сопственици, идни претприемачи или вработени, да ги знаете неколкуте начини на неефективно комуницирање, бариерите кои самите ги правиме е важно за да пронајдете начини да ги спречите.