Иако хрватските граѓани во Германија може да работат илегално, и денес од Хрватска заминуваат таму на работа „на црно“.
Еден хрватски полицаец (46) во пензија е еден од нив.
Веќе шест години е во пензија и во текот на тие шест години два до три пати годишно заминува на работа во Германија. Иако е уште релативно млад, не може да се пресели во Германија и бара легална работа бидејќи е во пензија па не би смеел да работи целосно работно време, а така максимално би можел да заработи 1000 евра.
Тој за хрватски Дојче вели опишал како функционира работата „на црно“ во Германија. Од очигледни причини одлучил својата приказна да ја раскаже анонимно. За работата на црно во Германија се одлучил од финансиски причини.
Работи за Германци бидејќи Хрватите мамат
Како вели, во 90 отсто од случаите работи во градежништво, а освен адаптација на станови и куќи, илегалните работници се ангажираат и на работи како уредување на околина, одржување на паркови и шуми, предградија. Како вели мнозинството инсистираат да работат за Германци бидејќи Хрватите многу ги измамуваат.
„Никаде не одам сам туку одиме во групи. Ако работиш кај „наши луѓе“ во 50 отсто од случаите ќе ти се случи нешто лошо, односно во 50 посто од случаите нема да бидеш платен. Ти кинат на дневница, на плаќање, на се што можат“, продолжува тој.
Како функционира се?
„Германските компании ги ангажираат нашите луѓе да им донесат работници на црно. Да речеме, германска компанија има градежен проект кој мора да се заврши во одреден рок и има потреба од работници како тоа би се завршило, а тие да избегнат да платат дел од давачките за државата. Дел од работниците секогаш работат легално. Тогаш ангажираат наши луѓе да им донесат број на работници кои им требаат. Тие луѓе доаѓаат кај нас и ангажираат помеѓу 10 и 50 од нас“, колку требаат.
Одиме „горе“ (се мисли на Германија) и работиме, поставаме вода, струја, канализација, уредуваме фасади, работиме во затворени простории. Речиси никогаш не се работи на отворено. Работата се извршува на затворено, се добива смествување и храна а дневницата до цент се исплаќа како што е договорена. Неретко се добива и награда за извршената работа-објаснува тој за Дојче веле.
Се додава како по тура може да се заработат и до 2000 евра. Работата во сабота е платена дупло па така по една сабота може да се заработат и по 200 евра. Се работи по осум часа до десет секој ден и така месечно, вели, може да се заработат и до 2300 евра.
На крај заклучува дека работата во Германија е сепак само за оние кои навистина сакаат да работат.