Причината која стои позади луѓето кои поминуваат добро на интервјуата за работа не се само вистинските одговори. Главната причина е за поставувањето вистински прашања. Кога другата страна поставува прашања, тоа ги прави регрутерите или сопствениците енергични, поврзани и заинтересирани за личноста која седи спроти нив. Од друга страна, прашањето ги мотивира регрутерите да размислуваат за одговорот, но во исто време и за причината зошто токму тоа прашање, што кажува тоа за нив, дали е прашано со намера или случајно?
Што вашите прашања кажуваат за вас?
Кандидатите кои најчесто се одбрани се оние кои многу јасно покажуваат дека сакаат да бидат овде; тие се поврзани за интервјуирачкиот процес исто како и регрутерите и сопствениците. Често, не е за тоа кој е паметен или квалификуван, иако и тоа помага.
Секогаш е за ставот и желбата за учење.
Една препорака е да подготвите пет прашања и да прашате три од нив за време на вашето интервју. Во продолжение, прочитајте некои прашања кои ќе покажат дека сте дошле спремни и дека сакате да научите за компанијата и интервјуерот:
1. Во што најмногу уживате да работите овде? - Може да добиете некој обичен одговор кој ништо нема да ви каже повеќе отколку што можеби веќе знаете - и тоа ќе ви каже многу за компанијата. Ако слушнете одговор полн со желба кој сосема се поврзува со вашите вредности, тогаш знаете дека сте на добар пат. Ако ни сопствениците не искажат среќа за работењето во својата компанија, тогаш не треба да го губите своето време.
2. Кои вештини и искуство треба да ги поседува идеалниот кандидат? - Прашајте го ова прашање и бидете подготвени за пренасочување кон вас. Бидејќи вие како кандидат секако сте размислувале за опцијата што вас ве прави одлични за оваа позиција, ова се вашите пет минути.
3. Како изгледа успехот овде? - Одговорно и многу паметно отворено прашање кои покрива многу теми. Недиректно, вие прашувате за тоа како се третирани вработените, внатрешните процеси, идните можности за промоција. Одговорот на ова прашање ќе ви каже многу за компанијата.
4. Кој е вашиот стил на менаџирање? - Клучно прашање. Вие веќе сте запознаени со вашиот стил на работење и сега прашање е дали истиот одговара на вашиот потенцијален работодавач и соработници. Слушајте го одговорот и видете дали имате заеднички страни.
5. Како оваа работна позиција и улога се вклопува во целосната стратегија на компанијата? - Тука веќе преминувате на бизнисот. Со ова прашање ќе откриете колку навистина е важна работната позиција за која аплицирате и дали вашиот претпоставен ја смета за важна.
6. Кој го сметате за ваш најсилен конкурент и зошто? - Одлично прашање за да ги покажете своите истражувачки способности за конкуренцијата. Бидете подготвени за дискусија за поголемите трендови во индустријата.
7. Што е следниот чекор? - Не е доволно само да се заблагодарите за дадената шанса или обичното „ќе бидеме во контакт“. Обидете се да добиете слика за тоа кој е следниот чекор, од кого треба да очекувате одговор и кога.