Промовирани огласи »

Причината која стои позади луѓето кои поминуваат добро на интервјуата за работа не се само вистинските одговори. Главната причина е за поставувањето вистински прашања. Кога другата страна поставува прашања, тоа ги прави регрутерите или сопствениците енергични, поврзани и заинтересирани за личноста која седи спроти нив. Од друга страна, прашањето ги мотивира регрутерите да размислуваат за одговорот, но во исто време и за причината зошто токму тоа прашање, што кажува тоа за нив, дали е прашано со намера или случајно? 

Што вашите прашања кажуваат за вас? 

Кандидатите кои најчесто се одбрани се оние кои многу јасно покажуваат дека сакаат да бидат овде; тие се поврзани за интервјуирачкиот процес исто како и регрутерите и сопствениците. Често, не е за тоа кој е паметен или квалификуван, иако и тоа помага.

Секогаш е за ставот и желбата за учење. 

Една препорака е да подготвите пет прашања и да прашате три од нив за време на вашето интервју. Во продолжение, прочитајте некои прашања кои ќе покажат дека сте дошле спремни и дека сакате да научите за компанијата и интервјуерот:

1. Во што најмногу уживате да работите овде? - Може да добиете некој обичен одговор кој ништо нема да ви каже повеќе отколку што можеби веќе знаете - и тоа ќе ви каже многу за компанијата. Ако слушнете одговор полн со желба кој сосема се поврзува со вашите вредности, тогаш знаете дека сте на добар пат. Ако ни сопствениците не искажат среќа за работењето во својата компанија, тогаш не треба да го губите своето време. 

2. Кои вештини и искуство треба да ги поседува идеалниот кандидат? - Прашајте го ова прашање и бидете подготвени за пренасочување кон вас. Бидејќи вие како кандидат секако сте размислувале за опцијата што вас ве прави одлични за оваа позиција, ова се вашите пет минути. 

3. Како изгледа успехот овде? - Одговорно и многу паметно отворено прашање кои покрива многу теми. Недиректно, вие прашувате за тоа како се третирани вработените, внатрешните процеси, идните можности за промоција. Одговорот на ова прашање ќе ви каже многу за компанијата. 

4. Кој е вашиот стил на менаџирање? - Клучно прашање. Вие веќе сте запознаени со вашиот стил на работење и сега прашање е дали истиот одговара на вашиот потенцијален работодавач и соработници. Слушајте го одговорот и видете дали имате заеднички страни. 

5. Како оваа работна позиција и улога се вклопува во целосната стратегија на компанијата? - Тука веќе преминувате на бизнисот. Со ова прашање ќе откриете колку навистина е важна работната позиција за која аплицирате и дали вашиот претпоставен ја смета за важна. 

6. Кој го сметате за ваш најсилен конкурент и зошто? - Одлично прашање за да ги покажете своите истражувачки способности за конкуренцијата. Бидете подготвени за дискусија за поголемите трендови во индустријата. 

7. Што е следниот чекор? - Не е доволно само да се заблагодарите за дадената шанса или обичното „ќе бидеме во контакт“. Обидете се да добиете слика за тоа кој е следниот чекор, од кого треба да очекувате одговор и кога.  

Промовирани огласи »

Владата одобри проект на меморандум за разбирање помеѓу министерствата за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и Македонија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.

Документот ќе биде потпишан утре за време на седницата на владите на двете држави во Струмица.

Со овој документ министерствата се договараат да ги поттикнат мобилните оператори да склучат меѓусебни спогодби кои ќе доведат до трајно намалување на цените на мало на роаминг-услугите за крајните корисници. Во моментот цените се едни од највисоките во Европа – меѓу 2,99 лева и 6,99 лева за минута и речиси 25 лева за мегабајт, соопшти Владата.

Промовирани огласи »

Прашањето „Како да се препознае кога еден вработен има премногу работа?“ е сосема легитимно. Во зависност од работодавачот, возможно е да се бара што е можно повеќе се додека количината на обврски и работа стане неподнослива. И покрај ова, сопствениците често знаат да паднат во стапицата да им дадат прекумерна работа на нивните најдобри вработени. Сепак, тие се вашите најдобри вработени и вие сакате тие да имаат и повеќе обврски и квалитетот на работа да остане ист. 

Но, неспособноста за менаџирање на работните обврски може да го зголеми стресот кај вработените, крвниот притисок и кардиоваскуларните болести, нестабилноста во семејството и несреќите на работно место. Дополнително на ова, вработените кои се чувствуваат како да имаат премногу работа и не се ценети често даваат отказ, во потрага по подобра ситуација. 

Колку часа се премногу часа? Одредени студии покажуваат дека работењето повеќе од 50 - 55 часа неделно е поврзано со проблеми со здравјето, пониска продуктивност, и зголемена конзумација на алкохол. 

Прочитајте ги следниве совети од KARIERA.mk за предупредувачките знаци кога ваш вработен е пренатрупан со работа:

  • Луѓе кои работат навечер, рано наутро и за време на викенди

Обрнете внимание на времето кога вашите вработени доаѓаат и си одат од работа. Понекогаш, сигурносните системи може да ја содржат оваа информација. Ако забележите зголемување во работните часови, можеби е време да извршите проверка на работата. Да, постојат одредени работни позиции каде дополнителните работни часови може да се бидат појава, ако е сезонска работа или ако се празници. Но, ако не постои крај на постојаната прекувремена работа, тогаш треба да паузирате и да ги испитате работните задачи на вашите вработени. 

  • Луѓе кои пропуштаат семејни обврски поради работата

Ако слушнете дека вработените пропуштаат семејни обврски поради тоа што чувствуваат дека не можат да одвојат време поради нивната работа, големи се шансите дека тоа е индикатор за прекумерното работење. Доколку не се превземат мерки за решавање на ваквите ситуации, многу е веројатно дека вашиот вработен може да си даде отказ и да се вработи во фирма која му ја овозможува оваа слобода. 

  • Вработените ви се чинат поемотивни

Кога луѓето се чувствуваат дека работат премногу, резултатот може да биде проблеми со спиењето и гореспоменатото, проблеми со семејството. Исто така, можно е повеќе драматични ситуации во канцелариите на работа. Зачестената нервоза, нестрпливост, можеби и нецелосно извршување на задачите може да се знаци за прекумерна работа. Причините може да се страв од одбивање или неуспех, но решението не е прекумерна работа. Решението е во заблагодарување за завршената работа, за вработениот да знае дека вие како работодавач го/ја цените завршената работа. 

  • Намалување на квалитетот

Истражувањата покажуваат дека прекумерната работа предизвикува непоправливи резултати. Подолгото работење на вработените е причина за неефективното работење, поради недостатокот на одмор. Луѓето кои ја користат паузата или одморот кој им следува се многу попродуктивни. Ако забележите зголемување на бројот на грешки на вашето работно место, погледнете ги работните часови. 

  • Доброволниот придонес се намалува 

Ако искусувате високо ниво на намалување на доброволната работа од страна на вработените (особено високо квалификуваните вработени), тогаш е време за намалување на работните обврски. Талентираните вработени кои се мотивирани и амбициозни доброволно се пријавуваат за дополнителни задачи кои го крадат нивното време. Меѓутоа, ако овие задачи ги спречуваат во секојдневниот живот, особено семејните обврски, не добиваат покачување или унапредување или не се чувствуваат ценети во компанијата, тие исти вработени може да одлучат да продолжат понатаму.

Кога ќе се случи ова е предоцна. Со вашите најдобри вработени, внимавајте особено на спомнатите знаци и држете ги работните обврски на разумно ниво. 

Промовирани огласи »

Иако стапи во сила во 2007 година, дури од пред три години Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа. Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра.

Според информациите на МВР, досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за тие што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.

Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако не се плати во рок од осум дена, прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »