Прашањето „Како да се препознае кога еден вработен има премногу работа?“ е сосема легитимно. Во зависност од работодавачот, возможно е да се бара што е можно повеќе се додека количината на обврски и работа стане неподнослива. И покрај ова, сопствениците често знаат да паднат во стапицата да им дадат прекумерна работа на нивните најдобри вработени. Сепак, тие се вашите најдобри вработени и вие сакате тие да имаат и повеќе обврски и квалитетот на работа да остане ист.
Но, неспособноста за менаџирање на работните обврски може да го зголеми стресот кај вработените, крвниот притисок и кардиоваскуларните болести, нестабилноста во семејството и несреќите на работно место. Дополнително на ова, вработените кои се чувствуваат како да имаат премногу работа и не се ценети често даваат отказ, во потрага по подобра ситуација.
Колку часа се премногу часа? Одредени студии покажуваат дека работењето повеќе од 50 - 55 часа неделно е поврзано со проблеми со здравјето, пониска продуктивност, и зголемена конзумација на алкохол.
Прочитајте ги следниве совети од KARIERA.mk за предупредувачките знаци кога ваш вработен е пренатрупан со работа:
- Луѓе кои работат навечер, рано наутро и за време на викенди
Обрнете внимание на времето кога вашите вработени доаѓаат и си одат од работа. Понекогаш, сигурносните системи може да ја содржат оваа информација. Ако забележите зголемување во работните часови, можеби е време да извршите проверка на работата. Да, постојат одредени работни позиции каде дополнителните работни часови може да се бидат појава, ако е сезонска работа или ако се празници. Но, ако не постои крај на постојаната прекувремена работа, тогаш треба да паузирате и да ги испитате работните задачи на вашите вработени.
- Луѓе кои пропуштаат семејни обврски поради работата
Ако слушнете дека вработените пропуштаат семејни обврски поради тоа што чувствуваат дека не можат да одвојат време поради нивната работа, големи се шансите дека тоа е индикатор за прекумерното работење. Доколку не се превземат мерки за решавање на ваквите ситуации, многу е веројатно дека вашиот вработен може да си даде отказ и да се вработи во фирма која му ја овозможува оваа слобода.
- Вработените ви се чинат поемотивни
Кога луѓето се чувствуваат дека работат премногу, резултатот може да биде проблеми со спиењето и гореспоменатото, проблеми со семејството. Исто така, можно е повеќе драматични ситуации во канцелариите на работа. Зачестената нервоза, нестрпливост, можеби и нецелосно извршување на задачите може да се знаци за прекумерна работа. Причините може да се страв од одбивање или неуспех, но решението не е прекумерна работа. Решението е во заблагодарување за завршената работа, за вработениот да знае дека вие како работодавач го/ја цените завршената работа.
Истражувањата покажуваат дека прекумерната работа предизвикува непоправливи резултати. Подолгото работење на вработените е причина за неефективното работење, поради недостатокот на одмор. Луѓето кои ја користат паузата или одморот кој им следува се многу попродуктивни. Ако забележите зголемување на бројот на грешки на вашето работно место, погледнете ги работните часови.
- Доброволниот придонес се намалува
Ако искусувате високо ниво на намалување на доброволната работа од страна на вработените (особено високо квалификуваните вработени), тогаш е време за намалување на работните обврски. Талентираните вработени кои се мотивирани и амбициозни доброволно се пријавуваат за дополнителни задачи кои го крадат нивното време. Меѓутоа, ако овие задачи ги спречуваат во секојдневниот живот, особено семејните обврски, не добиваат покачување или унапредување или не се чувствуваат ценети во компанијата, тие исти вработени може да одлучат да продолжат понатаму.
Кога ќе се случи ова е предоцна. Со вашите најдобри вработени, внимавајте особено на спомнатите знаци и држете ги работните обврски на разумно ниво.