Уживањето на многу привилегии се чини дека е сосема секојдневно во светот на технолошките компании. Прочитајте за привилегиите кои ги уживаат вработените на Apple.
Вработените во Apple добиваат 25% попуст кога купуваат iPod, компјутер или iPad. На секои три години, вработените може да искористат попуст од 250$ при купувањето на iPad и 500$ попуст при купувањето на Mac. Софтверот на Apple e со 50% попуст. Компанјата исто така нуди и други попусти за фамилијата и пријателите на вработените, во зависност од продуктот.
Apple им дозволува на мајките да искористат 4 недели платено отсуство пред породувањето и 14 недели потоа. Вработените кои не се родители добиваат 6 недели на платен одмор.
- Грижа за креирање семејство
Компанијата исто така ги покрива и трошоците доколку сакате да ги замрзнете вашите јајце клетки.
Компанијаа им овозможува 300$ платена членарина во теретана/фитнес клуб редовно.
На вработените во Apple им е овозможено бесплатно пиво и предјадења, како и уживање во музиката на најпознатите светски пеачи. Стиви Вондер, Деми Ловато, OneRepublic - сите тие имале настап на полу-редовните настани.
Нововработените во компанијата добиваат 12 дена на платено отсуство, кое со текот на времето се зголемува.