Промовирани огласи »

Денешниот ден е именуван како Black Friday, поради огромните попусти кои ги нуди скоро секоја компанија во целиот свет. Многу компании се подготвуваат подолг период за овој ден и осмислувањето на креативна маркетинг кампања може да биде предизвик, бидејќи сите ја нудат истата работа - попусти. 

Новите истражувања покажуваат дека кога се работи за рекламите кои повикуваат на итни реакции, не се сосема ефективни. Persado, маркетинг платформа анализирала кампањи од 50 продажни салони и агенции за патување во Велика Британија минатата година. Во една од пет кампањи се појавувала пораката „побрзајте“ или „истекува времето“, но не биле ефективни. 

Наместо тоа, петте емоционални квалитетни пораки кои го гарантирале посакуваниот одговор се следниве: 

  • Предизвик: Фрази како „дали сте подготвени?“ или „подгответе се“
  • Интимност: Пораките кои предложуваат работа која веќе им е позната на потрошувачите или имплицираат веќе постоечка врска помеѓу брендот и потрошувачот
  • Охрабрување: „Зграбете ја можноста“, „Грижете се за себе“ или „Уште малку до..“
  • Вина: Пораки кои повикуваат на стравот од пропуштање нешто, како што е „одлична понуда овде, не доозволувајте да ја пропуштите“
  • Воодушевување: Фокусирање на ветувањето за нови искуства, со пораки како „морате да го пробате ова“. 

Маркетинг кампањите пред овој ден се особено гласни и за да се издигнат компаниите над таа врева, потребно е да го избегнуваат „и јас на истиот начин“ ставот. Подобрете ги вашиет маркетинг пораки така што ќе комуницирате со потрошувачите на емоционално ниво. Емоционалниот говор во пораките може да добие 60% одзив од потрошувачите. 

Промовирани огласи »

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, објави специјална промоција PINK FRIDAY, нудејќи 20% * намалување на сите летови резервирани денес, 24 ноември, до полноќ.

Патниците ќе можат да уживаат во деновите на попуст во текот на годината и да резервираат ново патување до некоја од нивните омилени дестинации со денешниотPINK FRIDAY. WIZZ е сигурен дека сите патници можат да резервираат карти за специјално“бегство” со 20%намалување на сите летови до сите дестинации.

Сите нестрпливи патници кои ги планираат своите следни празници за претстојната сезона, можат да изберат било која од28те дестинациидостапни наWizz Airмрежата. За оние кои планираат одмор од градот, WIZZ мрежата нуди многу возбудливи дестинации како што се:Рим, Берлин, Париз, Стокхолм или Брисел.

Промоцијата ќе важи за секој лет во секое време, соопшти компанијата.

Продажбата ќе заврши во 23:59 часот во петок, 24 ноември

Промовирани огласи »

Обрвските нема да избегаат нигде, секако мора да ги завршиме. Сепак се чини дека старомодното се што можеш денес не оставај за утре веќе не важи.

Кога одолговлекувате некои ситници, сфаќате дека истите не мора да се завршат, бидејќи полека исчезнуваат или се решаваат сами по себе. Не мора да значи дека задачата мора да биде извршена само затоа што вие сте ја ставиле на листата на обврски.

Многу познати аналитичари советуваат да бидете реални во однос на вашето време

Клучот во успешното управување со времето лежи во балансот. Доколку сакате да постигнете сè одеднаш, тоа ќе резултира со две опции: или повеќето обврски ќе бидат само површно завршени или нема да постигнете заради тоа што брзо ќе се заморите. Затоа бидете реални во однос на вашето време и поставувајте си цели во однос на должината на денот, неделата или пак месецот.

На крајот запомнете дека е многу поважно се да биде завршено продуктивно и точно наместо површно и без фокус.

Промовирани огласи »

Дизел автомобилите полека ќе се искоренуваат од патиштата низ светот, а зачетник на идејата е Германија која, како најмоќна сила во Европската унија, тргнала да се пресметува со загадувањето.

Така Судот во Штутгард одлучил да во престолнината на Мерцедес и Порше ги забрани дизелашите, и тоа од 1 јануари 2018 година.

Тогаш земјите во кои дизел автомобилите се дозволени би почнале со масовен увоз на такви возила, а меѓу нив е и Македонија. Според тврдењата, цените на автомобилите во Германија ќе паднат од Нова година – тоа по логика мора да се случи.

Германија ќе дава и субвенции за оние кои сакаат да се решат од дизел автомобилите.

Според некои пресметки, цените на дизелашите ќе паднат и до 50 отсто по Нова година, па истите ќе бидат подостапни за купување во земјите каде што ќе бидат дозволени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »