Промовирани огласи »

За прв пат во Македонија се случува настан посветен на жените наречен Конференција „100 Жени Претприемачки“. Настанот се одвива денес, со почеток од 08:00h во Alilikas во Визбегово. 

Идејата за вмрежување на жените претприемачки веќе успешно се реализира во Словенија, од 2013 година до ден денес. За настанот се одговорни Kasia Events и нивниот план е да се соберат 100 жени кои сакаат да воспостават деловни контакти, да дејствуваат и да се охрабрат за промени.

На оваа конференција ќе присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис и жени кои имаат претприемачки идеи.

Повеќе за настанот прочитајте на следниов линк: http://www.kasiaevents.mk/100-zeni-pretpriemacki/

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Градењето на свесност треба да биде една од главните политики на секој бизнисмен. Не можете да го продавате вашиот бизнис ако немате база на клиенти. Да се биде видлив е само половина од битката и токму затоа, KARIERA.mk ве советува како да ги претворите потенцијалните клиенти во постојани клиенти и да го надградите вашиот бренд: 

1. Максимизирајте го пристапот до вашиот бизнис 

Без разлика дали се работи за профил на социјалните мрежи кои не сте ги користеле претходно или подобрување на вашиот сајт, вашиот бизнис мора да ги рефлектира очекувањата на вашите потрошувачи, мора да е одговорен, страната мора да е оптимизирана за пребарувачите и се што е поврзано со сајтот треба да е лесно достапно и едноставно за користење. 

Вашата содржина исто така треба да го рефлектира видот на потрошувачите кои се обидувате да ги привлечете. Рекламирајте сведочења од клиенти за да привлечете нови посетители, пишувајте блог за да го подобрите сообраќајот на вашата веб страна и да се прикажете себеси како експерт во индустријата и понудете привилегии за нови потрошувачи кои ќе се пријават за вашата е-мејл кампања. 

2. Разберете ја технологијата

Технологијата се менува толку брзо што во денешно време е лесно да се изгуби фокусот и да не се откријат најдобрите методи и начини за да се осигурате дека вашиот бизнис ќе остане релевантен. Претплатете се на технолошки блогови или веб страни, читајте ги новостите што се објавуваат секојдневно и работете со луѓе кои имаат познавања во овие области за да примете што е можно повеќе знаење. 

3. Создадете партнерство

За креирањето на база на клиенти потребно е многу време и со сите трошоци со кои треба да се справите, колку порано почнете да продавате, толку подобро. Токму затоа вкрстеното продавање со слични компании е одличен начин за да го утврдите вашиот бренд. 

Размислете која е вашата група на таргетирани клиенти и што друго би можеле да купат. Пронајдете ги компаниите кои ги нудат овие добра или услуги и предложете им партнерство. Можеби може да постигнете договор каде меѓусебно ќе се огласувате на вашите бизнис платформи, споделување на содржината на своите социјални медиуми или друг креативен начин кој ќе ви овозможи вклучување во бизнисот на партнерот за подобрување на својот. 

Промовирани огласи »

Идентификувањето на етиката на работното место е многу позбунувачки денес отколку во минатото. Иако големи се шансите да знаеме што вклучува етичкото однесување при работењето со други луѓе, можно е да не гледаме каде е сивата линија. Ако ја земеме во предвид целата технологија која постои денес, што има да се понуди и како тоа може да игра улога во она што се гледа како непристојно, несовесно и непрофесионално однесување од менаџментот и соработниците. 

Што очекуваат работодавачите? 

Најдобро е да се сосема искрен отколку да се биде идентификуван за нарушување на политиката на компанијата кога се најавувате на неавторизирани сајтови или програми. Нормално е секоја компанија да си поставува свои правила што се однесува за личното време и корситењето на технилогијата од страна на вработените. 

Компаниите кои практикуваат да им дозволат на практикантите и новите вработени да ги запознаат политиките на компанијата пред да се започне процесот на вработување обично имаат најмал проблем, но е одговорност на вработените да ги откријат правилата однапред бидејќи истите може да постојат веќе во пишувана форма или во договорот за работа. 

Што се дефинира како професионално однесување? 

Кога се работи за професионално однесување, тоа е лесно препознатливо преку точноста или дрес кодот, но може да биде збунувачки кога ќе се воведат нови правила кои не биле земени во предвид пред почетокот на работата. Запомнете дека не сите компании се исти, но следниве совети може да ви помогнат за ги избегнете проблемите на новото практикантско место или работа. 

1. Одговарајте на мејловите - Менаџерите може да се запрашуваат што правите ако ви се потребни ден, два за да одговорите на важните мејлови. Ако истражувате паметно е да ги известите дека сте во процес на пронаоѓање на разговор за да не се сомневаат дека не работите или за дали воопшто ви е стигнат мејлот. 

2. Професионални со користењето на мејлот - Секој вид на комуникација која се одвива преку мејл може да биде набљудувана преку компанијата. Никогаш не праќајте лични пораки преку корпоративниот мејл. Најдобро е да имате друг мејл кој ќе го користите за лични причини, а овој да го оставите единствено за професионалните мејлови. 

3. Социјални медиуми - Бидете внимателни за тоа што го објавувате на социјалните медиуми. Можеби да не е најдобра идеја да објавите за вашата алкохолизирана состојба на последната забава. Кога имате постојана работа не се претставувате само себеси, туку исто така ја претставувате и компанијата. Замислете дека имате некој кој менаџира со вашите пари само за да откриете дека тие постојано покажуваат незрело и неодговорно однесување. 

4. Откријте ги правилата на компанијата за користењето на мобилните телефони - Политиките може да се менуваат во зависност од компанијата и може да бидат до неможност на користење на телефонот до минимално употребување на истиот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »