Промовирани огласи »

Градењето на свесност треба да биде една од главните политики на секој бизнисмен. Не можете да го продавате вашиот бизнис ако немате база на клиенти. Да се биде видлив е само половина од битката и токму затоа, KARIERA.mk ве советува како да ги претворите потенцијалните клиенти во постојани клиенти и да го надградите вашиот бренд: 

1. Максимизирајте го пристапот до вашиот бизнис 

Без разлика дали се работи за профил на социјалните мрежи кои не сте ги користеле претходно или подобрување на вашиот сајт, вашиот бизнис мора да ги рефлектира очекувањата на вашите потрошувачи, мора да е одговорен, страната мора да е оптимизирана за пребарувачите и се што е поврзано со сајтот треба да е лесно достапно и едноставно за користење. 

Вашата содржина исто така треба да го рефлектира видот на потрошувачите кои се обидувате да ги привлечете. Рекламирајте сведочења од клиенти за да привлечете нови посетители, пишувајте блог за да го подобрите сообраќајот на вашата веб страна и да се прикажете себеси како експерт во индустријата и понудете привилегии за нови потрошувачи кои ќе се пријават за вашата е-мејл кампања. 

2. Разберете ја технологијата

Технологијата се менува толку брзо што во денешно време е лесно да се изгуби фокусот и да не се откријат најдобрите методи и начини за да се осигурате дека вашиот бизнис ќе остане релевантен. Претплатете се на технолошки блогови или веб страни, читајте ги новостите што се објавуваат секојдневно и работете со луѓе кои имаат познавања во овие области за да примете што е можно повеќе знаење. 

3. Создадете партнерство

За креирањето на база на клиенти потребно е многу време и со сите трошоци со кои треба да се справите, колку порано почнете да продавате, толку подобро. Токму затоа вкрстеното продавање со слични компании е одличен начин за да го утврдите вашиот бренд. 

Размислете која е вашата група на таргетирани клиенти и што друго би можеле да купат. Пронајдете ги компаниите кои ги нудат овие добра или услуги и предложете им партнерство. Можеби може да постигнете договор каде меѓусебно ќе се огласувате на вашите бизнис платформи, споделување на содржината на своите социјални медиуми или друг креативен начин кој ќе ви овозможи вклучување во бизнисот на партнерот за подобрување на својот. 

Промовирани огласи »

Идентификувањето на етиката на работното место е многу позбунувачки денес отколку во минатото. Иако големи се шансите да знаеме што вклучува етичкото однесување при работењето со други луѓе, можно е да не гледаме каде е сивата линија. Ако ја земеме во предвид целата технологија која постои денес, што има да се понуди и како тоа може да игра улога во она што се гледа како непристојно, несовесно и непрофесионално однесување од менаџментот и соработниците. 

Што очекуваат работодавачите? 

Најдобро е да се сосема искрен отколку да се биде идентификуван за нарушување на политиката на компанијата кога се најавувате на неавторизирани сајтови или програми. Нормално е секоја компанија да си поставува свои правила што се однесува за личното време и корситењето на технилогијата од страна на вработените. 

Компаниите кои практикуваат да им дозволат на практикантите и новите вработени да ги запознаат политиките на компанијата пред да се започне процесот на вработување обично имаат најмал проблем, но е одговорност на вработените да ги откријат правилата однапред бидејќи истите може да постојат веќе во пишувана форма или во договорот за работа. 

Што се дефинира како професионално однесување? 

Кога се работи за професионално однесување, тоа е лесно препознатливо преку точноста или дрес кодот, но може да биде збунувачки кога ќе се воведат нови правила кои не биле земени во предвид пред почетокот на работата. Запомнете дека не сите компании се исти, но следниве совети може да ви помогнат за ги избегнете проблемите на новото практикантско место или работа. 

1. Одговарајте на мејловите - Менаџерите може да се запрашуваат што правите ако ви се потребни ден, два за да одговорите на важните мејлови. Ако истражувате паметно е да ги известите дека сте во процес на пронаоѓање на разговор за да не се сомневаат дека не работите или за дали воопшто ви е стигнат мејлот. 

2. Професионални со користењето на мејлот - Секој вид на комуникација која се одвива преку мејл може да биде набљудувана преку компанијата. Никогаш не праќајте лични пораки преку корпоративниот мејл. Најдобро е да имате друг мејл кој ќе го користите за лични причини, а овој да го оставите единствено за професионалните мејлови. 

3. Социјални медиуми - Бидете внимателни за тоа што го објавувате на социјалните медиуми. Можеби да не е најдобра идеја да објавите за вашата алкохолизирана состојба на последната забава. Кога имате постојана работа не се претставувате само себеси, туку исто така ја претставувате и компанијата. Замислете дека имате некој кој менаџира со вашите пари само за да откриете дека тие постојано покажуваат незрело и неодговорно однесување. 

4. Откријте ги правилата на компанијата за користењето на мобилните телефони - Политиките може да се менуваат во зависност од компанијата и може да бидат до неможност на користење на телефонот до минимално употребување на истиот. 

Промовирани огласи »

Скандинавските држави имаат најполн владин сектор во светот, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој.

Тие вели дека бројот на вработени во владиниот сектор се определува од многу фактори, како што се видот на извршените од него активности и начинот на кој тој ги обезбедува јавните услуги. Тоа значи дека некои земји се многу позависни од вработените во јавниот сектор, отколку други.

Скандинавските држави на пример, се многу зависни од работата на владата, додека во Азија уделот на вработените во владиниот сектор е мал.

Во 2015 година 30% од вкупната работна сила на Норвешка е зафатена во јавниот сектор. Данска е на второ место со 29,1%, следена од Шведска и Финска со соодветно 28,6 и 24,9%.

Од другата страна на Атлантикот државниот сектор претставува 15,3% од работната сила во САД и 18,2% од вкупниот број работници во Канада.

Истовремено во Јужна Кореја во јавниот сектор се вработени 7,6% од работната сила, а во Јапонија – само 5,9%.

Промовирани огласи »

Паднавте на испитот, ви пропадна инвестицијата или го заборавивте текстот за вашиот јавен говор? Најлошо од се, почнавте да се сомневате во себеси и почнувате да се гледате себеси како неуспех, што е сосема погрешно.

Еднаш па дури и повеќе пати да не успеете во својата цел, не ве прави неуспешни. Но верувањето дека сте неуспех, може да направи да дејствувате како такви и може да ве насочи на многу надолна линија. 

Неуспехот доаѓа во три облици. Прво, покрај нашиот најголем труд, не постои ништо што може да направите за да ги спречите несреќите, бидејќи тие се надвор од наша контрола. Второ, сите луѓе прават грешки, како што се погрешни избори или погрешни проценки, никој не е совршен. Третиот тип на неуспех, грешките, се предвидливи. Тие се настаните од негрижа, несовесност или погрешна проценка. Во најголем дел, луѓето ќе простат доколку сте искрени во врска со вашата грешка или била моментална грешка. 

Како да реагирате на неуспехот? 

  • Бидете реални - Ако барате совршенство од вас, целите кон разочарување. 
  • Не го земајте лично неуспехот - Правењето грешки не ве прави неуспешни, едноставно е потсетник дека сте само човек.
  • Прифатете ја одговорноста - Ништо позитивно не е создадено од преголема гордост, бидете храбри и прифатете ја одговорноста за вашите грешки.
  • Не бидете строги кон себеси - Не се казнувајте себеси за неуспехот. Односот кон другите луѓе не ви е таков кога тие грешат, затоа дајте си и себеси некоја заслуга. 
  • Вратете се на работа - Не тонете во себе-сожалување. Ако се насочите само кон неуспехот, тоа нема да го подобри. Не можете да го сменете минатото, но може да влијаете на иднината. 
  • Учете од вашите грешки - Одвојте време да направете евалуација на вашето искуство, учете од вашите грешки и адаптирајте се соодветно. 
  • Не се откажувајте - Разликата помеѓу луѓето кои успеале и оние кои не е што првите никогаш не се откажале. Постои многу соодветна изрека за ова и гласи: „Годините го остаруваат телото. Откажувањето ја остарува душата.“

Неуспехот треба да биде гледан како предизвик, не како пречка. Успешните луѓе не се обесхрабруваат од неуспехот. Тие се свесни дека секоја цел која вреди носи некој елемент на разочарување во себе. Неуспехот е предизвик кој треба да се премине, тест за да ја дефинира вашата желба и на крајот, можност за учење. За сите останати, неуспехот е гледан негативно како шанса да се сожалуваат и жалат, причина да се омаловажуваат и изговор да се откажат прерано. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »