Градењето на свесност треба да биде една од главните политики на секој бизнисмен. Не можете да го продавате вашиот бизнис ако немате база на клиенти. Да се биде видлив е само половина од битката и токму затоа, KARIERA.mk ве советува како да ги претворите потенцијалните клиенти во постојани клиенти и да го надградите вашиот бренд:
1. Максимизирајте го пристапот до вашиот бизнис
Без разлика дали се работи за профил на социјалните мрежи кои не сте ги користеле претходно или подобрување на вашиот сајт, вашиот бизнис мора да ги рефлектира очекувањата на вашите потрошувачи, мора да е одговорен, страната мора да е оптимизирана за пребарувачите и се што е поврзано со сајтот треба да е лесно достапно и едноставно за користење.
Вашата содржина исто така треба да го рефлектира видот на потрошувачите кои се обидувате да ги привлечете. Рекламирајте сведочења од клиенти за да привлечете нови посетители, пишувајте блог за да го подобрите сообраќајот на вашата веб страна и да се прикажете себеси како експерт во индустријата и понудете привилегии за нови потрошувачи кои ќе се пријават за вашата е-мејл кампања.
2. Разберете ја технологијата
Технологијата се менува толку брзо што во денешно време е лесно да се изгуби фокусот и да не се откријат најдобрите методи и начини за да се осигурате дека вашиот бизнис ќе остане релевантен. Претплатете се на технолошки блогови или веб страни, читајте ги новостите што се објавуваат секојдневно и работете со луѓе кои имаат познавања во овие области за да примете што е можно повеќе знаење.
3. Создадете партнерство
За креирањето на база на клиенти потребно е многу време и со сите трошоци со кои треба да се справите, колку порано почнете да продавате, толку подобро. Токму затоа вкрстеното продавање со слични компании е одличен начин за да го утврдите вашиот бренд.
Размислете која е вашата група на таргетирани клиенти и што друго би можеле да купат. Пронајдете ги компаниите кои ги нудат овие добра или услуги и предложете им партнерство. Можеби може да постигнете договор каде меѓусебно ќе се огласувате на вашите бизнис платформи, споделување на содржината на своите социјални медиуми или друг креативен начин кој ќе ви овозможи вклучување во бизнисот на партнерот за подобрување на својот.