Биткоинот денеска за прв пат се искачи на вредност од 10.000 долари.
Пред само месец дена биткоинот вредеше 5.000 долари.
За еден биткоин утрово можеше да се добијат 10.035 долари на берзата „ЦЕКС“.
Нил Вилсон, пазарниот аналитичар во компанијата „И-Ти-Екс капитал“ објаснува дека институционалните вложувачи и натаму ја држат дигиталната валута.
„Цените сигурно се „балон“ – луѓето купуваат само поради шпекулативни причини, а тогаш треба да бидете загрижени, затоа што тоа е потполно неодржлив „балон“- вели Вилсон.
Шефот на „ЏиПи Морган“ Џејми Димон тврди дека биткоинот е измама и дека поради глупости да го пушти во „оган“ секој што тргува со дигиталната валута.