Промовирани огласи »

Како родители, посебно кога го растете првото дете, секогаш се прашувате како да го понесете на правилен пат. Малку подоцна откако детето ќе почне да зборува и да разбира, размислуваме и за тоа како да му створиме работна етика која ќе го направи човек со обврски и ќе има лимит.

Интересно е тоа за колку малку време овие наши мали деца ќе станат нечии вработени или пак тие самите ќе започнат со свои бизниси. Не дозволувајте вашите деца да израснат во мрзеливи и спори луѓе кои ќе немаат ништо друго освен образование.

Издвојуваме неколку начини на кои децата ќе ги научите на работна етика:

Доделување на задолженија

Доделете им задолженија на вашите деца. Малечките дечиња можат да ги собираат расфрланите играчки или да помагаат при поставување на масата за ручек, а постарите деца може да го средуваат тревникот,својата соба или пак да го фрлат ѓубрето.

Охрабрувајте ги вашите деца

Охрабрувајте ги вашите деца да ги завршат своите задолженија. Дајте им награда за одредена задача или пак јавно пофалете ги.

Штедење

Учете ги вашите деца како да штедат пари. Дајте им ан знаење дека за нив имате отворено штедна книшка или пак имате полиса за детско штедење и дека и тие ќе мора да започант со штедење и својата заштеда ќе може да ја искористат за нешто што сакаат да си го имаат во животот.

Промовирани огласи »

Ако сакате вашите вработени да ги следат правилата, постојат неколку основни работи кои треба да се случат.

  1. Поставете очекувања - Ова звучи многу очигледно, но најчесто се покажува дека не е толку често како што е потребно. Правилата, принципите, процедурите, упатствата и слично, мора да бидат комуницирани. Размислете за тоа што вработените мора да знаат како информација и споделете ги правилата со нив. Може да го направите ова на почетокот или за време на тренинг сесиите.

  2. Не претпоставувајте ништо - Компаниите не треба само да им доделат правилник на сите вработени и да претпостават дека тие ќе го прочитаат од збор до збор. Причината зошто нема да го прочитаат не е бидејќи не им е грижа, туку поради делењето на правилник изгледа како на компанијата да не и грижа. Организационите правила кои се објаснети и дискутирани ќе бидат гледани како многу важни.
  3. Објаснете ја користа која ќе ја имаат вработените - Кога доаѓа време да објаснете одредено правило, вработените треба да разберат зошто тоа правило е важно за нив. Луѓето ќе ги следат правилата кога знаат дека причината им влијае. И затоа што „јас така кажав“ не е доволно добро.

  4. Разјаснете ги последиците - Дополнително на споделувањето на причината зошто вработените треба да се грижат за правилата, кажете им што ќе се случи ако правилата не се почитуваат. На почетокот. На овој начин, вработените ги разбираат последиците пред да стапат во акција.

Кога вработените ги немаат сите информации за правилата, не е чесно кон нив. Од нив се бара да ги претпоставуваат последиците кои не ги знаат за правила за кои не се сигурни. Правилата не секогаш се непријатни, тие ни се потребни за безбедност и сигурност. Но единствениот начин за правилата да функционираат е ако сите ги знаат или ги разбираат.

Промовирани огласи »

Интересно е како компаниите ги избираат своите вработени. Некои имаат цел HR сектор кој има обврска да прави правилен избор за вработени, во некои пак, еден човек одлучува за се, додека па во поновите компании кои користат модерни методи, се консултираат и вработените околу нови можни вработувања.

Вклучувањето и на вработените сепак може да биде многу добра идеја – како за нив, така и за кандидатите кои ќе добијат целосна слика за тоа што ќе се очекува од нив, пишува Entrepreneur.

Постојат и други причини поради кои е соодветно тимот да учествува во одлуките за сопственото проширување. Можно е луѓето во компанијата да веруваат во проценката на колегите повеќе отколку на онаа на раководителите. Кога им се дава одговорност за изборот на нов човек, тие ќе се чувствуваат позначаен дел од бизнисот.

На овој начин се намалува и загриженоста на новиот човек на неговиот прв работен ден, бидејќи тој веќе ќе се има запознаено барем со дел од екипата.

Никој не ја познава подобро канцелариската атмосфера подобро од вработените – дури и шефот, кој можеби не е меѓу нив постојано. Екипата може да избере кадри кои ќе му одговараат на најдобар можен начин и така неговата работа да стане уште поефикасна.

Промовирани огласи »

Оваа недела и Белата куќа доби новогодишен и празничен лик.

За прв пат Белата куќа беше накитена според идејата на една жена од Европа - и тоа не според било која, туку според идеите на контраверзната Меланија Трамп.

Погледнете како магично изгледа во следното видео:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »