Промовирани огласи »

Во тек е последниот месец од годинава и празниците веќе се ближат. Но, за нештата да функционираат правилно во бизнисот во 2018та, треба да почнете со планирање сега. Дали сакате уште една обична година или нешто повеќе? Што е тоа што би можело да се случи во новата? Вработување на луѓе? Развој на нов производ? Подобрување на стратегиите? Одберете неколку карактеристики и работете на нив додека траат празниците. Може да искористите некои од следниве предлози:

Развој на продажни стратегии

Развијте нови продажни стратегии за вашиот бизнис во 2018та. Што е тоа што ќе го нудите како главен производ на пазарот? Како ќе генерирате насоки и како ќе ги квалификувате? Дали ќе вработите личност за продажба оваа година? Дали имате e-mail кампања? Создадете заедно со вашиот тим еден буџет кој ќе ви помогне да се имплементираат новите продажни стратегии. 

Обновете ја вашата веб страна 

Вашиот сајт е вашата прва продажна алатка и се повеќе луѓе пристапуваат кон него преку мобилните телефони. Потребно е да се осигурате дека вашата страна е едноставна и поврзувачка на мобилен. Погледнете ја навигацијата - колку избори имаат клиентите, која е брзината итн. Набљудувајте ги и аналитиките на Google за да ја забележите вашата најпопуларна содржина и доколку постои можност, да ја подобрите. 

Поврзете се со клиентите 

Колку често се слушате со вашите клиенти? Понекогаш, магијата се случува токму преку телефон, особено ако се обидувате да изградите пријателство со вашите клиенти. Бидете во контакт со нив, можете многу да добиете. 

Инвестирајте во он-лајн реклами 

Промовираните реклами моментално се неопходен метод на маркетинг. Секогаш тестирајте ги вашите кампањи, па потоа инвестирајте во подолги кампањи. 

Прегледајте ги резултатите од 2017та

Кој приход е остварен, а колку е профитабилноста? Каков е сообраќајот на страната? Која содржина е најмногу споделувана? Кои се најдобрите клиенти? Дали е потребно обновување на брендот? Креирајте листа на успеси и листа на работите кои излегле од колосек. Процесот ќе ви помогне да размислете за она што може да го направите подобро и да ги поставите целите за вашиот мал бизнис за 2018та година. 

Промовирани огласи »

Што направивте на последното интервју освен што го испринтавте вашето cv и се појавивте на закажаниот термин? Во ред, можеби и се нашминкавте и ја исфениравте вашата коса,или пак ја испеглавте кошулата со рабови. Сепак тоа не е доволно за да добиете позиција која толку многу ја посакувавте!

KARIERA.mkви предлага неколку стратегии кои може да ги примените наредниот пат:

Немојте да бидете премногу пребирливи

Аплицирањето за ново работно место е слично како и аплицирањето за факултет, каде што имате прв избор на факултет и неколку дополнителни можности во случај да не успеете во оригиналната замисла. Па, направете листа од работните места за кои навистина сонувате, но и оние за кои ви изгледа дека сигурно ќе можете да ги добиете.

Средете ги профилите на социјалните мрежи

Погледнете ги првите неколку страни со ваши фотографии на социјалните мрежи и отстранете го сето она што би можело да се смета како непрофесионално.

Истражувајте доколку е неопходно

Утврдете дали имате врска со кој било во компанијата каде што конкурирате за работа користејќи Linkedin. Можеби ќе ви биде од корист доколку најдете некој што ќе може да ви помогне при одговарањето на прашањата на интервјуто.

Заблагодарете се

Испратете порака за да се заблагодарите истиот ден после разговорот. Нека биде именувана и лична. Не ви е потребно повеќе од еден до два реда за да ја направите пораката едноставна.

Промовирани огласи »

Наместо на 16 години, тинејџерите на 17 години ќе се стекнат со право за оспособување за управување автомобил. Горната граница во однос на важење на рокот на возачката дозвола ќе биде за лицата над 70 години, а не како досега над 65.

Ова се предвидува во измените на Законот безбедност на сообраќајот на патиштата кој се носи по скратена постапка, а кои денека беа усвоени на собраниската Комисијата за одбрана и безбедност.

Освен зголемувањето на возраста за стекнување право за оспособување за управување автомобил, предлагачите на измените пратениците од СДСМ, исто така предлагаат и бришење на критериумот тинејџерите да имаат одличен успех и примерно поведение.

Лицата над 70 години кои ќе сакаат да ја продолжат возачката дозвола, ќе подлежат на задолжителни контролни здравствени прегледи, а дозволата ќе им е издава со важност од три години.

Стручните раководители во автошколите нема да треба да поседуваат возачка дозвола за сите категории А, Б, Ц и Д туку само за категориите за кои автошколата има лиценца.

Освен посочените измени, се предвидува исто така наместо од 16 години управувањето со трактори да биде од 17 години.

Јован Митревски, пратеник од СДСМ, изјави дека со измените ќе се унапреди состојбата во однос на безбедноста на сообраќајот.

Промовирани огласи »

Александра Андерсен според „Форбс“ е најмлада милијардерка на светот и има само 20 години. 

Оваа Норвежанка има наследство кое „тежи“ 1.2 милијарди долари. 

Од компанијата Фред таткото на Александра во 2007 година и префрлил 42% од акциите. 

Ист процент префрлил и на втората ќерка Катерина која е на второ место зад Александра на листата на „Форбс“. 

Но, најмладата милијардерка во светот е скромна и хумана. Иако има големо богатство секогаш возела само половни автомобили.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »