Промовирани огласи »

Потребни ви се работници, но не се радувате премногу на целиот процес на проаѓање преку сите CV-a и мотивациони писма од апликанти кои многу веројатно не го прочитале описот на работното место? Во најдоброто сценарио, вработениот ќе регрутира збир на таленти од најквалификуваните кандидати со висока способност и желба за работата. 

Традиционално, ова вклучува преглед на огромна листа и податоци и одбирање на најдоброто, 10 проценти од оние кои аплицирале. Потоа е остатокот од процесот - телефонски интервјуа, тестови за способност и лице-в-лице интервјуа. Како ќе ги привлечете најдобрите ако е потребно да поминете низ цел овој истоштувачки процес? 

Така што ќе започнете да оформувате врски и односи со потенцијални кандидати пред да имате потреба да пополните место во најбрз можен рок. Во продолжение, прочитајте неколку совети од тимот на KARIERA.mk за да ги осигурате најдобрите кандидати за вашата компанија. 

1. Искористете ги професионалните и социјалните мрежи

Клучната вештина која ви била потребна за развој на вашата кариера на почетокот е се уште од суштинско значење за вработување на најдобрите таленти. Единствената разлика е дека сега имате цврста мрежа на контакти од индустријата во која работите. Имате мрежа на која може да се обратите кога ви се потребни работници кои ќе се вклопат најдобро во вашата компанија. 

Не само тоа, имате пристап и до мрежите на вашите вработени. Да се биде дел од професионална мрежа е помошта кон вашите идни професионални и ширењето на нивниот пристап до работни можбости и ресурси преку препораки. Вработените ќе бидат среќни да ви помогнат да ги привлечете вистинските кандидати. Охрабрете ги вашите вработени да ја градат својата професионална мрежа, да бидат дел од конференции, групи од индустријата во која работите и слично. Одлично би било и ако Вие ги покриете трошоците бидејќи на долг рок, вас ќе ви се исплати. 

Охрабрете ги вашите вработени да испратат мејл на потенцијален кандидат во нивната мрежа за кои тие сметаат дека ќе се вклопи добро во културата на вашата компанија. Најголемиот дел од компаниите и регрутерите ги користат социјалните медиуми како алатка за вработување: 

  • 85 % од регрутерите користат LinkedIn
  • 55 % од регрутерите користат Facebook
  • 47 % од регрутерите користат Twitter

2. Вашата веб страна е примарната алатка за регрутирање

Работобарателите извршуваат целосно пребарување за компанијата за која аплицираат на ист начин како што тоа го прават регрутерите. Работобарателите, особено ново дипломираните работобаратели, најверојатно го прегледуваат вашиот сајт моментално и вие пропуштате едноставно и ефективно регрутерско решение. Вашата веб страна веќе содржи корисни информации за работобарателите, како што се проекти на кои моментално работите и како вашите вработени се ценети во компанијата и во заедницата. Она што е возможно да ви недостасува е „отворена врата“ за да ги охрабрите талентите да допрат до вашата компанија. 

Она што е потребно вие да направите е инвестирање време во презентација на вашиот тим, вашата компанија. Бидете креативни со овој пристап, разговарајте со вашите постоечки вработени, дозволете им да опишат зошто ја сакаат работата и зошто сакаат да работат за вашата компанија и тоа прикажете го на потенцијалните кандидати. 

3. Описот на работното место не е листа

Да, можете да ги прикажете основните критериуми и потребни вештини, но дали тоа е доволно за да го привлечете најдобриот кандидат? Помогнете им на кандидатите да се видат себеси во улогата на ваш вработен, на работната позиција. Користете описи како „како изгледа ден во животот на еден наш вработен?“ или „еден ден во животот на наш вработен кој може да бидете вие?“. 

Опишете ги дневните задачи детално, како и реалните можности со кои најверојатно ќе се соочи вашиот вработен. Опишете ја културата на компанијата и работната средина, бидете креативни! Описите на работните позиции кои се целосно како листи креираат граници помеѓу компаниите и кандидатите. Наместо тоа, помогнете им на можните кандидати да се видат себеси во улогата и во можната работна позиција. 

Промовирани огласи »

Во Македонија според порталот Славорум, на врвот е Орце Камчев, сопственикот на Орка Холдинг со богатство од 238 милиони долари. 

Во БиХ најбогати се Кенан и Дамир Хастор, кои од родителите ги наследија компаниите Prevent i ASA Group, и имаат богатство од 412 милиони долари, пренесува Алџезира Балканс. 

Во Србија најбогат е Филип Зептер. Иако не живее во Србија, има државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари. 

Во Хрватска најбогато е хрватско - чилеанското семејство Лукшиќ кое има богатство од 15 милијарди долари. 

Државјанинот на Црна Гора, Таксим Шинаватра е единствен жител на регионот кој се најде на листата на милионери на  магазинот Форбс. 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Промовирани огласи »

Македонија е меѓу десете земји со најниски плати во Европа, покажува истражувањето на Украинскиот аналитички центар. На прво место на листата е Украина, каде платите се работниците се движат околу 190 евра и се најниски во Европа. Меѓу десетте земји со најмали примања се и Србија, Белорусија и Албанија.

Украинските стручњаци составиле листа на најсиромашни европски зеји, на кои на прво место е Украина, а потоа следи Молдавија со 216 евра, а Азербејџан е на третото место со просечна плата од 232 евра, наведува порталот economics.unian.info.

Меѓу десетте држави со најниски плати се и Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија. Според податоците на украинскиот центар, највисоки се платите во Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, како и во Исланд и во Норвешка каде просечните примања се 3.440, односно 3.405 евра.

Промовирани огласи »

Голем број на земји во светот се борат со растечките цифри на јавниот долг и дефицит, но постојат и такви кои постојано го држат ниското ниво кога се работи за овие цифри. Прочитајте во продолжение кои се тие земји. 

10. Казаxстан 21,1% - Казахстан, богатa со нафта, ja води Самукк-Казина, фонд за богатство што го поседува единствено државата кој ги води националната железничка и поштенска услуга, државната компанија за нафта и гас KazMunayGas, државната ураниумска компанија и бројни други групи.

9. Обединетите Арапски Емирати 19.3% - Земјата поседува огромен богат фонд кој инвестира од големите резерви на нафта кои ги поседува земјата. Проценувано е да вреди повеќе од 1.3 трилиони долари. 

8. Нигерија 18.6% - Нивото на јавниот долг како дел од БДП постепено расте во изминатите пет години, но останува далеку под критичниот лимит од 40%, лимит поставен од Сојузната влада на Нигерија за економијата.

7. Кувајт 18.6% - Уште една богата со нафта Арапска земја. Економијата на Кувајт продожлува да се искачува нагоре од падот во 2015та кој беше предизвикан од опаѓањето на цените на нафтата. 

6. Русија 17% - Русија има една од најниските стапки на долг кон БДП поради огромниот производствен капацитет и големите резерви на нафта и гас. Нејзините природни ресурси вредат околу 56 трилиони фунти (75 трилиони долари) - над 30% од сите природни ресурси во светот, според Министерството за енергија на САД.

5. Боцвана 13.9% - Јужноафриканската нација на Боцвана е модерна успешна приказна. Помеѓу 1966 и 1999 просечниот економски развој достигнал 9%, највисокиот во светот и се оддржува многу ниско ниво на јавен долг. 

4. Саудиска Арабија 12.4% - Иако нивото на долг е ниско според глобалните стандарди, националниот долг значајно се зголемил во период од две години поради ниските цени на нафтата во 2015 и 2016та година. Националниот долг на Кралството се искачил до 67 билиони фунти во 2016та, за 619% повеќе од 2014та. 

3. Естонија 9.5% - Откако ја воспостави независноста од Русија во 1918 година по Првата светска војна, Естонија агресивно водела либерални пазарни реформи, што ја претвори во една од водечките економии во Источна Европа. Нејзината економија се карактеризира со избалансиран буџет, рамноодна стапка на данок на доход, политики за слободна трговија, целосно конвертибилна валута која е тесно поврзана со еврото и речиси не постоечки јавен долг. 

2. Брунеи 3.1% -  Економскиот раст следел по независноста на Брунеи од Велика Британија во 1984 година. Речиси е целосно поддржан од извозот на гас и нафта, јавниот БДП е висок, а нејзината социјална држава е дарежлива, обезбедувајќи ги сите медицински услуги и субвенционирање храна и домување.

1. Хонг Конг 0.1% - Пазарно-управуваната економија на Хонг Конг се карактеризира со профитабилен сектор за финансиско банкарство, добро регулирани финансиски контроли, големи девизни резерви и практично нема јавен долг. БДП по глава на жител е шестиот највисок во светот на глобално ниво од 32.000 фунти, нешто понизок од Брунеи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »