Промовирани огласи »

Во Македонија според порталот Славорум, на врвот е Орце Камчев, сопственикот на Орка Холдинг со богатство од 238 милиони долари. 

Во БиХ најбогати се Кенан и Дамир Хастор, кои од родителите ги наследија компаниите Prevent i ASA Group, и имаат богатство од 412 милиони долари, пренесува Алџезира Балканс. 

Во Србија најбогат е Филип Зептер. Иако не живее во Србија, има државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари. 

Во Хрватска најбогато е хрватско - чилеанското семејство Лукшиќ кое има богатство од 15 милијарди долари. 

Државјанинот на Црна Гора, Таксим Шинаватра е единствен жител на регионот кој се најде на листата на милионери на  магазинот Форбс. 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Промовирани огласи »

Македонија е меѓу десете земји со најниски плати во Европа, покажува истражувањето на Украинскиот аналитички центар. На прво место на листата е Украина, каде платите се работниците се движат околу 190 евра и се најниски во Европа. Меѓу десетте земји со најмали примања се и Србија, Белорусија и Албанија.

Украинските стручњаци составиле листа на најсиромашни европски зеји, на кои на прво место е Украина, а потоа следи Молдавија со 216 евра, а Азербејџан е на третото место со просечна плата од 232 евра, наведува порталот economics.unian.info.

Меѓу десетте држави со најниски плати се и Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија. Според податоците на украинскиот центар, највисоки се платите во Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, како и во Исланд и во Норвешка каде просечните примања се 3.440, односно 3.405 евра.

Промовирани огласи »

Голем број на земји во светот се борат со растечките цифри на јавниот долг и дефицит, но постојат и такви кои постојано го држат ниското ниво кога се работи за овие цифри. Прочитајте во продолжение кои се тие земји. 

10. Казаxстан 21,1% - Казахстан, богатa со нафта, ja води Самукк-Казина, фонд за богатство што го поседува единствено државата кој ги води националната железничка и поштенска услуга, државната компанија за нафта и гас KazMunayGas, државната ураниумска компанија и бројни други групи.

9. Обединетите Арапски Емирати 19.3% - Земјата поседува огромен богат фонд кој инвестира од големите резерви на нафта кои ги поседува земјата. Проценувано е да вреди повеќе од 1.3 трилиони долари. 

8. Нигерија 18.6% - Нивото на јавниот долг како дел од БДП постепено расте во изминатите пет години, но останува далеку под критичниот лимит од 40%, лимит поставен од Сојузната влада на Нигерија за економијата.

7. Кувајт 18.6% - Уште една богата со нафта Арапска земја. Економијата на Кувајт продожлува да се искачува нагоре од падот во 2015та кој беше предизвикан од опаѓањето на цените на нафтата. 

6. Русија 17% - Русија има една од најниските стапки на долг кон БДП поради огромниот производствен капацитет и големите резерви на нафта и гас. Нејзините природни ресурси вредат околу 56 трилиони фунти (75 трилиони долари) - над 30% од сите природни ресурси во светот, според Министерството за енергија на САД.

5. Боцвана 13.9% - Јужноафриканската нација на Боцвана е модерна успешна приказна. Помеѓу 1966 и 1999 просечниот економски развој достигнал 9%, највисокиот во светот и се оддржува многу ниско ниво на јавен долг. 

4. Саудиска Арабија 12.4% - Иако нивото на долг е ниско според глобалните стандарди, националниот долг значајно се зголемил во период од две години поради ниските цени на нафтата во 2015 и 2016та година. Националниот долг на Кралството се искачил до 67 билиони фунти во 2016та, за 619% повеќе од 2014та. 

3. Естонија 9.5% - Откако ја воспостави независноста од Русија во 1918 година по Првата светска војна, Естонија агресивно водела либерални пазарни реформи, што ја претвори во една од водечките економии во Источна Европа. Нејзината економија се карактеризира со избалансиран буџет, рамноодна стапка на данок на доход, политики за слободна трговија, целосно конвертибилна валута која е тесно поврзана со еврото и речиси не постоечки јавен долг. 

2. Брунеи 3.1% -  Економскиот раст следел по независноста на Брунеи од Велика Британија во 1984 година. Речиси е целосно поддржан од извозот на гас и нафта, јавниот БДП е висок, а нејзината социјална држава е дарежлива, обезбедувајќи ги сите медицински услуги и субвенционирање храна и домување.

1. Хонг Конг 0.1% - Пазарно-управуваната економија на Хонг Конг се карактеризира со профитабилен сектор за финансиско банкарство, добро регулирани финансиски контроли, големи девизни резерви и практично нема јавен долг. БДП по глава на жител е шестиот највисок во светот на глобално ниво од 32.000 фунти, нешто понизок од Брунеи.

Промовирани огласи »

Дислексијата е модерно пореметување кое се повеќе го има околу нас. Најверојатно сте чуле за него бидејќи е наруѓување кое создава потешкотии во читањето, изговорот и поврзувањето на зборовите со нивните значења. Околу 5 до 17% од популацијата во светот го има ова нарушување.

Оваа модерна болест е поврзана со учењето, па затоа природно ни доаѓа да претпоставиме дека сржта на проблемот се наоѓа во мозокот. Меѓутоа, според најновите истражувања, проблемот можеби потекнува од сосема друго место.

Француските истражувачи откриле дека наместо мозокот, очите се можеби главниот виновник за појавата на дислексија. Тим од научници ги анализирале очите на 60 испитаници, од кои 30 биле дијагностицирани со дислексија, а останатите 30 немале таква дијагноза. Тие обрнале посебно внимание на 2-та типа фоторецептори во очите, стапчињата и чунчињата. Стапчињата се одговорни за разликување на светлина и темнина и не перципираат бои (затоа не можеме јасно да ги видиме боите кога осветлувањето е слабо). Чунчињата се одговорни за воочување бои и детални предмети.

Очите на сите луѓе кои страдаат од дислексија го имаат истиот дефект: Кружна, симетрична дупка без чунчиња во центарот на окото, која треба да постои само во доминантното око на луѓето. Кај луѓето со дислексија се проектираат 2 идентични доминантни слики во главата. И двете се борат за да добијат внимание од мозокот. Ова можеби е причината за таканаречените „грешки во огледалото“ со кои се соочуваат луѓето со дислексија, како што е мешањето на буквите „b“ и „d“.

Со оглед на новите испитувања, изворот на проблемот лежи во окото, а не во мозокот иова откритие може тотално да го промени начинот на кој се лекува и дијагностицира нарушувањето.

Не постои сомнеж дека ова истражување ќе успее да го смени начинот на кој ги гледаме поединците со дислексија. Потребно е да се запознаеме со ова нарушување за да можеме да го разбереме и да им помогнеме на луѓето кои имаат таков проблем.

Модерните болести се повеќе се појавуваат и го одзимаат вниманието на луѓето од светот а наша работа е да пронајдеме решенија за справување со истите. Нови времиња, нови предизвици!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »