Промовирани огласи »

Поголемиот дел од луѓето не секогаш се подготвени да го започнат денот со песна, како што многу често гледаме по филмовите. Многу често, ситуацијата е следнава: алармот ви ѕвони подоцна од потребното, главата ве боли уште неразбудени и се чуствувате преморени, а само што се будите. Компјутерот ви се гаси на средина од работата, а немате ништо сочувано. Вашиот претпоставен токму тој ден одбра да ве набљудува дури работите. 

Сите имаме еден од овој вид на денови. Можеби да сметате дека е ваша вина, но не е. Најголемито дел од времето, овие стресни ситуации се надвор од наша контрола, но вие може да набљудувате, прифатете и одново да реагирате. Употребете некој од следниве совети за нов почеток на лош, неуспешен работен ден:

  • Елиминирајте секаков вид на стрес поврзан со работата

Дали знаете кој е број еден причинител на стрес со САД? Стресот поврзан со работата. 65% од нив се соочуваат со стрес поврзан со работата, а дури една третина се справува со хроничен стрес од работата. Исклучете го стресот, колку и да звучи невозможно. Што е она што е важно? Што е она што не е важно? Започнете со наједноставните задачи, само за да си ја вратите самодовербата и повторно да бидете продуктивни. Создадете крајни рокови кои можете да ги остварите. 

  • Комуницирајте со вашиот претпоставен 

За да го подобрите односот со вашиот претпоставен, обидете се да комуницирате со нивниот стил на комуницирање - постојат четири вида: 

  • Аналитички - Овој стил на комуницирање преферира статистики и јасни информации. Тука избегнувајте секаков вид на разговори што се поинакви од овој вид и бидете специфични кога разговарате со оваа личност. 
  • Интуитивен - Овој вид на комуникација се фокусира на големата слика и цели кон избегнување на деталите. Вашиот претпоставен веќе го знае одговорот и сака да го слушне - бидете директни. Прикажете една погенерална слика на ситуацијата и завршете со солиден заклучок. 
  • Функционална - Вашиот претпоставен сака детали, временски рокови, процеси и добро структуирани планови. Не е пожелно да се испушти некој чекор, за да се осигурате дека се е јасно и прецизно. 
  • Лична - Овој стил на комуницирање ги вреднува поврзувањето и емоционалниот јазик пред „ладната“ комуникација која е фокусирана на информациите. Вашиот претпоставен сака да ве запознае подобро, исто како и другите ваши соработници и ист е и при работењето - целосно се впушта во проблемот да се најде коренот на истиот. 

Не треба да се менувате целосно за да се прилагодите на некој друг бидејќи вашиот стил на комуницирање е оригинален, без разлика каков е, но учењето да разговарате на друг стил на комуницирање е како усовршување на втор јазик и може да биде доста практично. 

  • Избегнувајте ги политиките на однесување на соработниците

Драмата на вашите соработници и политиките на канцеларијата исто така влијае на вашата продуктивност. Кога ова се случува, можеби најдоброто решение е да го контактирате секторот за човечки ресурси на компанијата за вашите грижи и за влијанието на вашата работа. 

Во друг случај, потрудете се да се држите надвор од тоа. Ако вашите соработници се обидуваат да ве повлечат во нивната драма, не им дозволувајте. Држењето на страна од драмата што можеби ја предизвикуваат вашите соработници ви дозволува да се фокусирате на извршување на својата работа, што ве прави да изгледате попрофесионално. 

  • Кога сте болни, одмарајте

Во поладните годишни времиња, болестите се шират многу почесто. Ако не се грижите за себеси или да паузирате од работата, вашето време на оздравување може да биде многу подолго. 

Ако веќе морате да работите, подгответе се од дома и држете се на дистанца од вашите соработници. Известете ги дека можно е да се разболувате. Комуницирањето преку телефон или е-мејл е уште една добра тактика. И најважно, не претпоставувајте дека вашиот шеф нема да ви даде ден слободен или можност да работите од дома - прашајте пред да донесете заклучок. 

Промовирани огласи »

Денес беше одржан Саемот на кариера и алумни 2017 во просториите на Универзитетот ФОН, со почеток од 10:00 часот.

Интересот беше огромен, а KARIERA.mk беше дел од учесниците на Саемот. Заедно со присутните и сите заинтересирани студенти или невработени лица се дискутираа можностите кои ги нуди KARIERA.mk за нив, како да им се овозможи полесен пристап до посакуваната пракса или работна позиција и за достапноста на информациите и огласите од сајтот преку сите социјални мрежи. 

Целта на саемот беше преглед на можностите кои ги нудат присутните компании, разгледување на опциите за реална соработка помеѓу бизнис секторот и студентската и академската заедница. Присутните лица имаа можност да остават своја биографија кај компаниите и со тоа, да им се овозможи да бидат повикани за обука, пракса или идно вработување. 

Промовирани огласи »

Бугарските истражни органи запленија неверојатни 213,519 биткоини со сегашна вредност проценета на 3,6 милијарди долари што е доволно за отплата на една петтина од државниот долг кој изнесува 16,5 милијарди долари. Заплената на биткоините доаѓа по голема акција за сузбивање на криминал во царинските служби при што се приведени над дваесет лица, од кои петмина се царински службеници.

Криминалната група се претпоставува дека свои членови имала и во Македонија, Србија, Грција и Романија. Тие оперирале на тој начин што регрутирале царински службеници да вметнат вирус во компјутерските системи на царинските управи со цел да манипулираат со пристигната стока и да избегнат плаќање на царина со што „робата“ можела слободно да помине преку границите.

Средствата кои нелегално ги заработувале ги вложувале во биткоини за да потешко им се влезе во трага. Се очекува одговор и од македонските истражни органи за инволвираноста во овој масовен криминален потфат.

Промовирани огласи »

6 годишниот Рајан, водител на популарниот Јутјуб канал Ryan ToysReview, веќе е мултимилионер, пишува Форбс.

Имено, Рајан се најде на листата од јутјубери кои најмногу заработиле во 2017 година. Ова детенце во оваа година, според податоците на Форбс, заработил 11 милиони долари, па така го завзеде осмото место на листата на Јутјуб ѕвезди кои најмногу заработуваат.


 Каналот го отвориле неговите родители во 2015 година. Тие ги снимаат и ги продуцираат емисиите на Рајан, а тие се главна причина за тој да стане толку богат.

Се започнало така што Рајан обожавал да ги гледаа рецензиите на игрите на Јутјуб, па ги запрашал родителите зошто и тој да не го прави тоа. Го прославил видео клипот во кое го отвора големото Пиксарово јајце, а до ден денес тоа видео има повеќе од 800 милиони прегледи.

Освен играчки, Рајан почна да рецензира и слатки, а на Јутјуб го пратат повеќе од 10 милиони луѓе.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »