Промовирани огласи »

Основачот на криптовалутата Биткоин Сатоши Накамото за некоја година има шанси да биде првиот трилионер во светот и да ги надмине најбогатите луѓе на планетата како Стив Џобс, Џеф Безос и Карлос Слим со тоа што неговото богатство ќе достигне неверојатна сума од 100 милијарди долари.

Сатоши Накамото е инаку само псевдоним кој е искористен во 2008 година при давањето предлог за формирање на електронска валута со директна врска од корисник до корисник што подоцна прерасна во биткоин. 

Никој не го знае вистинскиот идентитет на Сатоши Накамото чие богаство сега се проценува на 17 милијарди долари. Тој поседува 1 милион биткоини, па не е чудно и ако дел од тие средства ги искористи за нови инвестиции. 

Досега за четворица богаташи и иноватори се претпоставуваше дека се основачи на биткоинот меѓу кои и ексцентричниот технолошки визионер Илон Маск, но тој ги негираше сите шпекулации.

Промовирани огласи »

Од туризам до сезони на празнични шопинзи, многу мали бизниси искусуваат еден вид на сезона во нивните бизниси. Всушност, близу половина од сопствениците на мали бизниси пријавиле дека имаат предвидливи периоди од годината каде нивниот бизнис е значајно подобар или не од останатите периоди во годината. Разликите во сезоните го прават тежок за менаџирање профитот низ цела година. Многу често, во случај на огромни варијации во приходите, моменталниот профит може да биде погрешно менаџиран. 

Постојат повеќе стратегии за успешно менаџирање на сезонскиот профит и различните стратегии функцнионираат различно за секој бизнис, но постои една која е прифатлива за сите - одржување на прогноза за дотокот на пари. Оваа прогноза ќе води сметка за текон на одливите и приливите на пари за да може да се предвиди колку пари ќе се има од месец за месец во текот на наредната година. 

Четири карактеристики кои треба да ги имате во предвид кога се работи за прогнозата: 

1. Знаете ги вашите сезони на работење

Ако сте сопственик на сезонски бизнис, првиот чекор е идентификување на вашите успешни и слаби сезони. Важно е да бидете реални со вашите предвидувања, затоа осигурете се дека нема да ги прецените или потцените приходите или расходите. Ако веќе имате сигурен бизнис, најдоброто место за почеток е поглед во архивата и изолирање на месеците со високи приходи и ниски трошоци и обратно. 

2. Водете сметка за варијабилните трошоци

Фиксните трошоци, како плаќањето на киријата или сметките, се лесни за паметење и вклучени во вашата прогноза, но варијабилните трошоци не секогаш ни се на ум. Од даноци, до осигурувања, до различни непредвидливи трошоци, постојат многу важни варијабилни трошоци кои потребно е да бидат дел од вашата прогноза. Планирањето за овие трошоци само ќе ви помогне на долг рок. 

3. Активно менувајте ја прогнозата

За да го оддржите вашиот прилив на пари и прогнозата за истиот на стабилно ниво, креирајте 12 месечен план и обврзете се да го менувате на крајот на секој месец. Додавајте нов месец на крајот на секој месец за да имате целосна слика за финансиското здравје на вашиот бизнис. На овој начин, сопствениците може да ги предвидат сите регуларности или нерегуларности во бизнисот и да го искористат периодот кога е успешен бизнисот и да паузираат ако статистиките кажуваат друго. 

Промовирани огласи »

Србија има одлични услови за производство на ореви и спаѓа во 15 најголеми производители на светот. 

Но, многумина пропуштаат шанса да се занимаваат со еден ваков профитабилен бизнис. 

Истото се однесува и за лешниците кои можат да се одгледуваат масовно. 

По десет години од садењето инвестицијата се враќа, а откако ќе поминат 15 години може да се заработат по 20.000 евра од хектар. 

Денес постојат модерни сорти кои имаат висока родност. 

Промовирани огласи »

Постојат повеќе од доволно совети за тоа што е потребно да направите за да го обезбедите посакуваното работно место или како да започнете успешна кариера. Но дали постои листа на нешта кои не е пожелно да ги правите? Ако се прашувате кој вид на однесување на работното место треба целосно да го избегнвуате, следната листа ќе ви помогне во тоа:

  1. Никогаш не оставајте проблемот да застари - Ако некој од вашата работна средина ви згрешил нешто и вие го чувате бесот поврзан со таа личност, вие се обидувате да ги избегнете. Ова може навистина да ја отежни секојдневната комуникација затоа што сте помалку продуктивни бидејќи енергијата вие насочена кон друга цел. Решението? Разговарајте со таа личност лице во лице. Ставете ги личните емоции на страна и фокусирајте се на работата. Не секогаш ќе ви се допаѓаат сите луѓе со кои ќе работите, но потребно е кон сите да останете професионални

  2. Не го избегнувајте вашиот шеф - Вашиот претпоставен може да биде адвокатот на вашата кариера - но единствено ако имате стабилен однос. Отворената и искрената комуникација со вашиот менаџер или претпоставен е клучна. Ако имате некој проблем и не го решавате веднаш, не го користите вашиот менаџер за она што тој/таа е задолжен/а да го работи, а тоа е да ви помогне да го разгледате проблемот и да ве води кон донесувањето одговор. 
  3. Не ги изговарајте зборови „Грешка сте“ - Клиентот можеби не секогаш да е во право, но никогаш не постои соодветен момент да им го кажете ова на вашиот менаџер, соработник, претпоставен. Дури и ако личноста очигледно не е во право, справете се рационално со ситуацијата. Секогаш останете отворени за опцијата и дискутирајте ја ситуацијата која ќе ве донесе до еден заклучок, но ако започнете со овој вид на претпоставки, нема да стигнете далеку. 

  4. Имајте почит кон сите, не бидете арогантни - Можете да бидете најдобриот во вашата индустрија, но ако никој не сака да работи со вас, нема да ви помогне тоа многу. Да, секој од нас има лоши денови, но никој не сака да работи со некој кој има постојана навика на непочитување на другите или постојана ароганција. Без разлика колку ви е престижна работната историја, образованието кое го имате стекнато и слично, ќе изградете многу подобри односи со сите ако покажете малку почит и човечност во интеракции со другите луѓе. 
  5. Не го оставајте вашиот личен развој во рацете на вашиот претпоставен - Не се плашете да разговарате со вашиот шеф за можноста да направите разлика во компанијата и развојот на вашата кариера и не очекувајте дека вашиот претпоставен ќе го иницира овој разговор. Вашиот менаџер може да ве води, да ви помогне, да прегледа одредени можност, но тој не ја поседува вашата кариера. Ако вие не го иницирате разговорот за текот на вашата каирера, тоа можеби никогаш нема да се случи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »