Процесот на интервју кога аплицирате за слободна работна позиција не е нешто на што сакаме често да се навраќаме. Постојат многу нешта што можат да тргнат во погрешна насока, но и покрај тоа не треба да дозволите стравот од можните грешки да ве спречи во добивање на работата која ја посакувате. Тимот на KARIERA.mk создаде листа со чести грешки при работното интервју, на кои вие како работобаратели може да работите за да ги подобрите.
- Пропуштање на телефонското интервју
Огромна штета е за регрутерите кога ќе се вложат целосно во пронаоѓањето на соодветен кандидат и закажување на телефонско интервју за на крајот кандидатот да го пропушти. Пропуштањето на ова интервју и неконтактирањето за повторно закажување покажува недостаток на професионализам, менаџирање на времето и генеричкото следење, а овие се клучни вештини што еден регрутер ги бара кај кандидатите.
Како да се вратите на вистинската патека - Ако веќе сте ја направиле оваа грешка, не е целосна загуба: побарајте го вашиот контакт што е можно побрзо, превземете целосна одговорност за пропуштеното време и објаснете ја причината за ситуцијата. Се помалку од ова - како целосно игнорирање или претпоставување дека другата страна ќе закаже наскоро интервју, не ви доаѓа во прилог.
- Не поставување на прашања
Се чини дека поставувањето на прашања на крајот на интервјуто е опција, но не е така. Интервјуто е повеќе разговор отколку било што. Кога навистина слушате за време на интервјуто и имате корисен разговор, вие имате можност за продлабочување на разговорот. Ако не поставувате прашања, се добива впечаток дека немате интерес или љубов кон работата.
Како да се вратите на вистинската патека - Ако сте на интервју и не можете да смислите ниедно прашање, сосема е во ред да прашате за навраќање на прашањата подоцна во разговорот. Не сите луѓе може да размислуваат веднаш. Кога се уште во моментот на разговор и не може да смислите ниедно прашање, во ред е да кажете „Ова се многу информации за процесирање, би сакал/а да размислам подобро и прашањата да ги пратам по мејл“. На овој начин, покажувате на работодавецот дека поседувате високо ниво на свесност за себеси, бидејќи знаете дека не сте личност која размислува пребро, но знаете што треба да направите за да завршите една работа.
Ако воопшто не сте поставиле прашања на интервјуто - не е се изгубено. Следниот пат кога ќе бидете во контакт со работодавецот, прашајте дали е можно сега да ја искористите можноста за поставување прашања и истите да им ги испратите по мејл.
Најдобриот начин за импресионирање на регрутерот или менаџерот за вработување е да го направите однапред вашето истражување - ова значи читање на податоци за компанија, посетува на веб сајтот, објави во медиуми во последниот период и слично. Може да е многу импресивно, дури и ако немате целосни знаења, покажувате дека поседувате одредена страст кон работата или компанијата штом сте вложиле време за истражување.
Како да се вратите на вистинската патека - Истражете ја компанијата колку што е можно потемелно пред вашето интервју за да бидете подготвени за интелегентна дискусија за позицијата и улогата која работната позиција ја игра во големата слика на компанијата.
Ако сте ја направиле оваа грешка и сте го напуштиле интервјуто без овој дел, осигурајте се да го направите тоа во комуникацијата што следи. Може да спомнете одредена вест која била објавена за компанијата или поставете прашање кое ќе открие дека сте размислувале за целите на компанијата на долг рок. Ако ништо од горенаведеното не сте направиле, не е се изгубено и овде. Не сте единствени и ова е важна лекција која може да ви служи за сите идни интервјуа.