Промовирани огласи »

Процесот на интервју кога аплицирате за слободна работна позиција не е нешто на што сакаме често да се навраќаме. Постојат многу нешта што можат да тргнат во погрешна насока, но и покрај тоа не треба да дозволите стравот од можните грешки да ве спречи во добивање на работата која ја посакувате. Тимот на KARIERA.mk создаде листа со чести грешки при работното интервју, на кои вие како работобаратели може да работите за да ги подобрите.

  • Пропуштање на телефонското интервју 

Огромна штета е за регрутерите кога ќе се вложат целосно во пронаоѓањето на соодветен кандидат и закажување на телефонско интервју за на крајот кандидатот да го пропушти. Пропуштањето на ова интервју и неконтактирањето за повторно закажување покажува недостаток на професионализам, менаџирање на времето и генеричкото следење, а овие се клучни вештини што еден регрутер ги бара кај кандидатите. 

Како да се вратите на вистинската патека - Ако веќе сте ја направиле оваа грешка, не е целосна загуба: побарајте го вашиот контакт што е можно побрзо, превземете целосна одговорност за пропуштеното време и објаснете ја причината за ситуцијата. Се помалку од ова - како целосно игнорирање или претпоставување дека другата страна ќе закаже наскоро интервју, не ви доаѓа во прилог. 

  • Не поставување на прашања

Се чини дека поставувањето на прашања на крајот на интервјуто е опција, но не е така. Интервјуто е повеќе разговор отколку било што. Кога навистина слушате за време на интервјуто и имате корисен разговор, вие имате можност за продлабочување на разговорот. Ако не поставувате прашања, се добива впечаток дека немате интерес или љубов кон работата

Како да се вратите на вистинската патека - Ако сте на интервју и не можете да смислите ниедно прашање, сосема е во ред да прашате за навраќање на прашањата подоцна во разговорот. Не сите луѓе може да размислуваат веднаш. Кога се уште во моментот на разговор и не може да смислите ниедно прашање, во ред е да кажете „Ова се многу информации за процесирање, би сакал/а да размислам подобро и прашањата да ги пратам по мејл“. На овој начин, покажувате на работодавецот дека поседувате високо ниво на свесност за себеси, бидејќи знаете дека не сте личност која размислува пребро, но знаете што треба да направите за да завршите една работа. 

Ако воопшто не сте поставиле прашања на интервјуто - не е се изгубено. Следниот пат кога ќе бидете во контакт со работодавецот, прашајте дали е можно сега да ја искористите можноста за поставување прашања и истите да им ги испратите по мејл.

  • Невршење на истражувања

Најдобриот начин за импресионирање на регрутерот или менаџерот за вработување е да го направите однапред вашето истражување - ова значи читање на податоци за компанија, посетува на веб сајтот, објави во медиуми во последниот период и слично. Може да е многу импресивно, дури и ако немате целосни знаења, покажувате дека поседувате одредена страст кон работата или компанијата штом сте вложиле време за истражување. 

Како да се вратите на вистинската патека - Истражете ја компанијата колку што е можно потемелно пред вашето интервју за да бидете подготвени за интелегентна дискусија за позицијата и улогата која работната позиција ја игра во големата слика на компанијата. 

Ако сте ја направиле оваа грешка и сте го напуштиле интервјуто без овој дел, осигурајте се да го направите тоа во комуникацијата што следи. Може да спомнете одредена вест која била објавена за компанијата или поставете прашање кое ќе открие дека сте размислувале за целите на компанијата на долг рок. Ако ништо од горенаведеното не сте направиле, не е се изгубено и овде. Не сте единствени и ова е важна лекција која може да ви служи за сите идни интервјуа

Промовирани огласи »

Приватните превозници ќе добијат од Град Скопје субвенции за да инсталираат уреди на гас и да набават нови автобуси кои ги задоволуваат Еуро 5 и Еуро 6 стандарди, а за ЈСП ќе се купуваат зглобни електрични автобуси.

Овие мерки се предвидени со програмата за заштита на животната средина на Град Скопје за 2018 година. Во буџетот предвидени се 2,3 милиони евра, за приватните превозници обезбедени 325.000 евра за субвенции, а за купување електрични автобуси предвидени се 1,6 милиони евра, а околу 325.000 евра се предвидени и за субвенционирање на јавното претпријатие за бесплатен автобуски превоз во денови на алармантно загадување на воздухот.

Во 2018 година, со финансиска поддршка од Град Скопје, граѓаните ќе добијат субвенции при набавка на инвертери за затоплување, за што се обезбедени 160.000 евра.

За училиштата ќе се обезбедат околу 1,5 милиони евра за реконструкција на енергетско-ефикасни фасади и околу 20.000 евра за опремување на училниците со прочистувачи на воздух.

Во склоп со буџетот за 2018-та година, предвидени се и зелени проекти за кои ќе има 160.000 евра за кофинансирање на изработка на зелени покриви со соодветни институции.

Промовирани огласи »

Според законот возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од  30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Ваквите состојби можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Промовирани огласи »

Не ја потценувајте важноста на говорот на телото. Некои трикови, како потсетувањето да се насмеете, се лесни за имплементирање во секојдневниот живот. Меѓутоа, постојат други техники, кои се малку потешки за усовршување, но можат да направат огромна разлика. Некои од нив се следниве:

1. Копирајте ја личноста со која разговарате 

„Огледување“ - поставување на вашето тело да одговора на позицијата на личноста со која разговарате - може да биде особено тешко за постигнување. Но ова покажува восхит и согласување. Може да биде предизвик да го правите ова суптилно, без да изгледате како да се шегувате со некого, но е добар трик за имплементирање ако се обидувате да оставите добар впечаток

2. Чекорете со цел и енергија

Не сите луѓе чекорат со самодоверба. Некои луѓе чекорат низ животот со мрзливо, непријатно чекорење. И може да биде тешко да го промениме начинот на кој одиме. Но, ако вложите малку труд за да го подобрите, може да се осигурате дека луѓето нема да донесуваат брзи заклучоци за вашата самодоверба, привлечност и веродостојност. 

3. Одржување на стабилен контакт со очи

Се се во очите. Луѓето со несигурен поглед често се сметаат за анксиозни, неконцентрирани и нечесни. Може да биде предизвик да се подобри оваа техника, особено бидејќи е непријатна и неприродна карактеристика за некои луѓе. Но, ова е вежба која може многу да ви помогне во животот. 

4. Држете ги видливи вашите раце

Понекогаш е тешко да знаете што да правите со вашите раце, особено ако сте нервозна личност. Како резултат, може да ги ставите во џебовите рацете или ги ставите пред вас. Овие потези се разбирливи, но понекогаш може да остават негативна слика. Важно е да ги оставете вашите раце видливи бидејќи на тој начин не изгледа како да криете нешто. 

5. Седете исправени 

Вашите родители биле во право кога постојано ви кажувале да седите исправено кога сте биле тинејџери. Ако седите премногу назад во вашата столица, регрутерите ова го сметаат како знак за вашиот неинтерес за работната позиција или несериозноста кон интервјуто, а ниедно од овие две ќе ви помогне да ја добиете работата. Дополнително, седењето премногу напред во столицата, може да биде доказ за недостаток на самодоверба. 

Наместо тоа пробајте да седете како да има конец од врвот на вашата глава до таванот. Седењето исправени е знак за поседување интелектуалност, самодоверба и кредибилитет. 

6. Работете на вашето ракување

Никој не сака да се ракува со таканаречената „мртва риба“ ракување. Постои изрека - слабото ракување е еднакво на слаба личност во размислувањата на многу луѓе. Што всушност значи цврсто ракување и како да го овозможите ова?

Кога се поздравувате со рацете, сакате ракувањето да биде доволно цврсто за да ги почувстувате коските на другата личност преку нежен притисок. Одржувајте контакт со очи и насмејте се во целиот процес. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »