Промовирани огласи »

Уставниот суд денес ќе излезе со одлука за тоа дали домаќинствата кои се исклучени од топлинската енергија и понатаму ќе продолжат да плаќаат за услугата.

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека Регулаторната комисија за енергетика подготвува нов Правилник, од кој ќе произлезат обврските за граѓаните кои не користат парно греење, а сепак паушално плаќаат.

Се ќе зависи од Правилникот. Тој веќе се подготвува во Регулаторната Комисија за енергетика и ова прашање ќе биде опфатено со новиот Правилник. , откако ќе излезе новиот закон за енергетика. Ако уставниот суд ја укине обврската, тогаш ќе се почитува тоа, изјави Бектеши.

Над 12 илјади домаќинства кои се исклучени од системот за снабдување на топлинска енергија, се уште секој месец плаќаат од 500 до 1.200 денари за услуга која не ја користат.

Граѓаните револтирани против одлуката, со години протестираа пред Уставниот суд, а во 2009 година судот ја укина одредбата со која на граѓаните им се наметнуваше обврска за плаќање на 50 проценти од сметката за парно.

Сепак, обврската за плаќање остана, а таа изнесува зависно од квадратурата на станот.

За ваквото толкување на правилниците, судот се прогласи за ненадлежен, па затоа исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Промовирани огласи »

Унгарците добиваат највисок божиќен бонус или 854 евра. 

Во Србија 13-та плата земаат мал број на луѓе, односно 8% и таа изнесува 481 евро. 

Ова го покажува истражувањето на словачкиот портал PayLab. 

Во Словачка божиќен бонус даваат од 787 евра, во БиХ 625 евра, а во Чешка бонусот е во висина од 724 евра. 

Словенците земаат бонус од 422 евра, Полјаците од 262 евра, а Хрватите по 185 евра. 

Во БиХ само 15% од вработените земаат 13-та плата. 

Промовирани огласи »

Плата од 56.000 денари за советник во М-НАВП (Македонска Навигација), 36 855 денари за  државен советник за здравствен менаџмент и  политика во Министерството за здравство, 20 969 денари за помлад соработник за материјално – финансиско работење во Општина Центар Жупа, ова се дел од огласите за вработување на државни и јавни службеници кои се во тек.

До крајот на декември е рокот за аплицирање. Додека државните институции објавуваат огласи, Владата се уште нема пребројано колку вработени има во јавната администрација. Се уште се чекаат резултати од анализата за да се добијат точните бројки. Ресорниот министер – Дамјан Манчевски уверува отпуштања нема да има, а вработувањата ќе биле транспарентни и според потребите.

„Се ќе биде транспарентно, согласно квачификации, заслуги и образование и граѓаните ќе знаат зошто ќе се вработува или ќе се прави реорганизација.“ - изјави Дамјан Манчевски – Министер за информатичко општество и администрација.

Во огласите за вработување на државните службеници се потенцира и етничката припадност како критеруим. Иако законски, сепак се поставува прашањето, дали тој критериум е дискриминаторски и дали етничката припадност е поважна од квалификациите на кандидатите.

„Мој личен став е дека е дисктиминаторски, но ова е решение кое во законот за административни службеници како што  е и заедно треба да разговараме кои се сите промени што треба да се случат.“ - изјави Манчевски.

Министерот денеска потпиша меморандум со УНДП, со кој ќе се реализираат два проекти. Првиот предвидува граѓаните да можат да ги добиваат услугите на едно место. Во просториите на Управата за водење на матични книги граѓаните ќе можат да добијат информации и услуги од повеќе државни институции. Вториот проект пак предводува хоризонтална функционална анализа на јавната администрација.

„Една од тие области е спроведување на функционалнба анализа во која ќе се направи проценка на структурата на инсатитуциите и ќе се идентѕификуваат области во коиможе да се направиподобрување во работењето.“ - изјави Луиза Винтон - UNDP.

Целта на проектите се поефикасни, побрзи и поефтини јавни услуги за граѓаните.

Промовирани огласи »

Во Силиконската долина доста често може да се слушнат приказни за зголемување на продуктивноста, но ситуацијата е следнава - најуспешните претприемачи знаат дека постојат многу поедноставни начини за постигнување на максимална продуктивност. 

Прочитајте за четирите продуктивни навики кои им помагаат на Џеф Безос, Бил Гејтс и Илон Маск да се искачат до врвот. Добрата вест е што овие совети се толку едноставни, секој претприемач може да ги примени

1. Тие го приоритетизираат е-мејлот

Бил Гејтс користи три монитори за да остане на врвот на неговиот инбокс. Еден екран за приказ на неговите пристигнувачки мејлови, вториот за оној кој го чита и третиот за пребарувач во случај да треба да види одреден линк или документ. 

Илон Маск, креаторот на SpaceX и Tesla, се гордее со неговата постојана употреба на е-мејлот за да ги заврши задачите. Во меѓувреме, Безос е општо познат по постојаното праќање на мејлови на неговиот тим, кои во најчест случај содржат поплака од корисник. На овој начин, сопственикот на Амазон ги делегира овие прашања на менаџерот ангажиран за ова без да троши повеќе време на тоа. 

2. Не постојат бесмислени состаноци

Бил Гејтс се држи до правилото „Добрите состаноци се резултат на добра подготовка.“ Негов совет е дека треба документите да се испратат по мејл пред почетокот на состанокот за да можат да се анализираат пред тоа. На овој начин, состанокот ќе биде за дискутирање на прашањата, не за презентирање на проблемот. 

Џеф Безос го користи две-пици правилото за да води ефективни состаноци - тој никогаш не организира состанок ако две пици не можат да ја нахранат целата просторија. Што се однесува за Илон Маск, претходен негов вработен открил дека тој директно ги прашувал вработените зошто се присутни на состанокот ако не кажале ништо. Состаноците се попродуктивни кога присутните се лимитирани на оние кои имаат цел за истиот состанок - или е поради прилог на одредена информација или за импелементирање на решение. 

3. Тие спијат толку колку што е потребно

Недостатокот на сон влијае на способноста на вашиот мозок да процесира информации и на вашата продуктивност. Се препорачува да спиете помеѓу седум и девет часа секој ден за да бидете одморени. На пример, Гејтс вели дека него му се потребни 7 часа од вечер, Безос спие 8 часа и Маск спие од 6 до 6.5 часа во текот на една ноќ. Сите тројца се согласуваат дека им е потребна точната количина на време за да се чувствуваат одморени. 

4. Тие вежбаат

Зголемената продуктивност е еден од многу бенефити на вежбањето. Сите тројца претприемачи - Џеф Безос, Илон Маск и Бил Гејтс вклучуваат физичко вежбање во нивните рутини. Безос и Маск се насочени кон кардио, а Гејтс го троши своето време на лентата за трчање. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »