Промовирани огласи »

Во Силиконската долина доста често може да се слушнат приказни за зголемување на продуктивноста, но ситуацијата е следнава - најуспешните претприемачи знаат дека постојат многу поедноставни начини за постигнување на максимална продуктивност. 

Прочитајте за четирите продуктивни навики кои им помагаат на Џеф Безос, Бил Гејтс и Илон Маск да се искачат до врвот. Добрата вест е што овие совети се толку едноставни, секој претприемач може да ги примени

1. Тие го приоритетизираат е-мејлот

Бил Гејтс користи три монитори за да остане на врвот на неговиот инбокс. Еден екран за приказ на неговите пристигнувачки мејлови, вториот за оној кој го чита и третиот за пребарувач во случај да треба да види одреден линк или документ. 

Илон Маск, креаторот на SpaceX и Tesla, се гордее со неговата постојана употреба на е-мејлот за да ги заврши задачите. Во меѓувреме, Безос е општо познат по постојаното праќање на мејлови на неговиот тим, кои во најчест случај содржат поплака од корисник. На овој начин, сопственикот на Амазон ги делегира овие прашања на менаџерот ангажиран за ова без да троши повеќе време на тоа. 

2. Не постојат бесмислени состаноци

Бил Гејтс се држи до правилото „Добрите состаноци се резултат на добра подготовка.“ Негов совет е дека треба документите да се испратат по мејл пред почетокот на состанокот за да можат да се анализираат пред тоа. На овој начин, состанокот ќе биде за дискутирање на прашањата, не за презентирање на проблемот. 

Џеф Безос го користи две-пици правилото за да води ефективни состаноци - тој никогаш не организира состанок ако две пици не можат да ја нахранат целата просторија. Што се однесува за Илон Маск, претходен негов вработен открил дека тој директно ги прашувал вработените зошто се присутни на состанокот ако не кажале ништо. Состаноците се попродуктивни кога присутните се лимитирани на оние кои имаат цел за истиот состанок - или е поради прилог на одредена информација или за импелементирање на решение. 

3. Тие спијат толку колку што е потребно

Недостатокот на сон влијае на способноста на вашиот мозок да процесира информации и на вашата продуктивност. Се препорачува да спиете помеѓу седум и девет часа секој ден за да бидете одморени. На пример, Гејтс вели дека него му се потребни 7 часа од вечер, Безос спие 8 часа и Маск спие од 6 до 6.5 часа во текот на една ноќ. Сите тројца се согласуваат дека им е потребна точната количина на време за да се чувствуваат одморени. 

4. Тие вежбаат

Зголемената продуктивност е еден од многу бенефити на вежбањето. Сите тројца претприемачи - Џеф Безос, Илон Маск и Бил Гејтс вклучуваат физичко вежбање во нивните рутини. Безос и Маск се насочени кон кардио, а Гејтс го троши своето време на лентата за трчање. 

Промовирани огласи »

Водењето на било кој успешен бизнис може да биде стресно и особено тешко. Водењето на фамилијарен бизнис може да додаде ново ниво на предизвици и динамики. Фабиола Хеслејн и нејзиниот сопруг Симон Хеслејн, сопственици на Tryon Entertainment, научиле што е она што е потребно за водење на успешен бизнис како пар. Во продолжение, прочитајте некои од лекциите кои тие ги споделуваат.

Бидете јасни за вашите силни и слаби страни 

Секогаш бидете многу јасни за тоа што е ваша јака страна, а каде сте послаби и како тоа ќе го менаџирате помеѓу вас двајцата. Искушението лежи во џонглирање на што е можно повеќе работи на почетокот. Но, ако и двајцата верувате дека постојат улоги кои не можете да ги извршите, побарајте помош за да ги подржите тие обласите на било кој можен начин. Последното нешто што го посакувате е неуспех уште во почетната фаза. 

Набљудувајте се и делите си комплименти меѓусебно

Ценете ги подароците на вашиот партнер како и таленти преку постојано набљудување и пофалба на изршените задачи. Тоа е одличен начин за зајакнување на вашиот работен однос и ви дозволува да се покажете во позитивно светло на индивидуално ниво без бизниз заедницата - особено кога вашиот тим ќе почне да се шири. Вашиот тим ќе пронајде лидерство и инспирација од вас двајцата

Согласност помеѓу двајцата за визијата на компанијата 

Пред лансирање и взаемно впуштање во бизнисот, осигурајте се дека двајцата сте на иста страна кога се работи за дефинирање на визијата на компанијата и големата слика. Направете листа за тоа што вашиот успешен бизнис ви овозможува и на двајцата на долг рок. Комуницирајте ако во било кој момент, почнете да гледате различно на нештата за да се осигурате дека бизнисот е на вистинскиот пат за постигнување на крајната цел. 

Живот/работа баланс

Направете го приоритет принципот на баланс помеѓу работата и приватниот живот за секогаш кога започнувате со работа, тоа да го правите со одлична синергија. Вашиот тим ќе биде инспириран од ова и ќе ви помогне да го одржите на високо ниво моралот и културата на компанијата. 

Прославете ги успесите 

Прославете ги сите ваши постигнати цели и успеси како што се случуваат за да се потсетите меѓусебно за работата што ја остварувате како бизнис партнери. 

Одржувајте ја атмосферата пријатна и хумористична

Обидете се да пристапите на вашиот однос како со најдобар пријател, за да поставите одреден тон на работење во канцелариите. Одржувајте ја атмосферата пријатна и хумористична, за да имате подобра работна врска.

Со малку флексибилност, трпение и одредени промени, идејата за започнување и водење на успешен бизнис со вашиот брачен партнер е повеќе од возможна. 

Промовирани огласи »

Лицето кое ќе го паркира својот автомобил на место наменето за инвалиди ќе биде казнето со 180 евра или ќе добие 40 негативни бодови во возачката дозвола.

Ова е дел од кампањата „Некултурата не е инвалидитет” која доби поддршка од МВР од каде апелираат граѓаните да бидат совесни и хумани и да не ги узурпираат местата за лицата со инвалидитет, а ваквите случаи да ги пријавуваат на бројот 192.

Во Македонија се проценува дека околу 10 отсто од вкупната популација се лица со посебни потреби кои се судруваат со многу бариери во секојдневниот живот, а една од нив е узирпирање на местата за паркирање наменети за нив од несовесни граѓани.

Ние имаме многу пречки за нормално да функционираме во секојдневието. Се судираме со непристапни згради и установи, високи тротоари, семафори без звучна сигнализација, а секојдневно се соочуваме и со тоа на паркинг местата определени за нас, многу возачи да ги паркираат своите возила, иако се предупредени со вертикална сигнализација дека местото на кое паркираат е наменето за лица со попреченост – вели Вангел Тркаљанов, од кабинетот на Министерот за труд и социјална политика.

Во напорите за подигање на свеста на населението се вклучи “Скопје Сити Мол” кој, освен што има достапен пристап за влез во трговскиот центар, пристапни тоалети и лифтови за да можат и ова категорија лица непречено да пазаруваат во молот, за нив се обезбедени посебни паркинг места, кои се прописно обележани.

Бидејќи се случува истите да бидат узурпирани од несовесни возачи, паркинг местата сега се означени со балони, а на возилата на оние кои и покрај ознаките сепак ќе се паркираат на овие места ќе бидат оставани посебни налепници за некултурно однесување.

Промовирани огласи »

Најголемиот дел од бизнисмените, претприемачите не инвестираат доволно време или пари во дизајнот на канцелариите. Меѓутоа, дизајнот на канцелариите игра важна улога во продуктивноста на вработените како додаток на сликата за вашиот бренд. Лошо дизајнирана канцеларија може да креира негативна атмосфера убивајќи ја креативноста, соработката и моралот на вработените. Исто така, може да влијае и на сликата за брендот во очите на клиентите. Бидете претпазливи и внимавајте на следниве грешки при дизајнирањето и редизајнирањето на вашата канцеларија.

  • Скромно осветлување - Најдоброто осветлување е природното осветлување, односно светлината од сонцето. Меѓутоа, ако не е возможно да го користите ова светло, тогаш обидете да имплементирате помеко осветлување. Силните ЛЕД светилки може да формираат премногу светлина и да предизвикаат главоболки и анксиозност. Не заборавајте дека светлината влијае на продуктивноста. Затоа, не се потпирајте на евтино осветлување или на само еден вид на осветлување. Потрудете се да вашата канцеларија да изгледа елегантно, меко и топло. 

  • Недостаток на простор за складирање - Немањето на доволно простор за складирање во канцеларијата може да е многу ризично бидејќи може да изгубите важни документи или да морате да фрлите други документи кои можеби ќе ви требаат во иднина. Покрај ова, не сакате важните документи да ви се измешаат со неважните. Токму затоа, добро е да имате различен простор за различните видови на документи. 

  • Лоша акустика - Особено кога се работи за отворените канцеларии, обрнете внимание на акустиката бидејќи никој не може да биде продуктивен во канцеларија со многу врева. Затоа, важно е да се користат акустични материјали во ѕидовите за да се намалат нивоата на бучава и врева. Меѓутоа, и преголемата тишина не се препорачува бидејќи може да им биде непријатно на вработените. Нивото на бучава треба да биде некаде на средина за и другите вработени да се чувствуваат удобно и продуктивно. 

  • Сиромашен приемен простор - Ова е просторот каде посетителите го добиваат првиот впечаток за вашата канцеларија. Ако се грижите за вашиот бизнис, тогаш погрижете се овој простор да биде професионален и пријатен. Исто така, потрудете се да е просторен и прегледен за посетителите, за истите да немаат потреба да го бараат влезот до вашата канцеларија. Никогаш не го користете овој дел за складирање каде вработените ќе се ослободуваат од несаканите извештаи и документи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »