Промовирани огласи »

Лицето кое ќе го паркира својот автомобил на место наменето за инвалиди ќе биде казнето со 180 евра или ќе добие 40 негативни бодови во возачката дозвола.

Ова е дел од кампањата „Некултурата не е инвалидитет” која доби поддршка од МВР од каде апелираат граѓаните да бидат совесни и хумани и да не ги узурпираат местата за лицата со инвалидитет, а ваквите случаи да ги пријавуваат на бројот 192.

Во Македонија се проценува дека околу 10 отсто од вкупната популација се лица со посебни потреби кои се судруваат со многу бариери во секојдневниот живот, а една од нив е узирпирање на местата за паркирање наменети за нив од несовесни граѓани.

Ние имаме многу пречки за нормално да функционираме во секојдневието. Се судираме со непристапни згради и установи, високи тротоари, семафори без звучна сигнализација, а секојдневно се соочуваме и со тоа на паркинг местата определени за нас, многу возачи да ги паркираат своите возила, иако се предупредени со вертикална сигнализација дека местото на кое паркираат е наменето за лица со попреченост – вели Вангел Тркаљанов, од кабинетот на Министерот за труд и социјална политика.

Во напорите за подигање на свеста на населението се вклучи “Скопје Сити Мол” кој, освен што има достапен пристап за влез во трговскиот центар, пристапни тоалети и лифтови за да можат и ова категорија лица непречено да пазаруваат во молот, за нив се обезбедени посебни паркинг места, кои се прописно обележани.

Бидејќи се случува истите да бидат узурпирани од несовесни возачи, паркинг местата сега се означени со балони, а на возилата на оние кои и покрај ознаките сепак ќе се паркираат на овие места ќе бидат оставани посебни налепници за некултурно однесување.

Промовирани огласи »

Најголемиот дел од бизнисмените, претприемачите не инвестираат доволно време или пари во дизајнот на канцелариите. Меѓутоа, дизајнот на канцелариите игра важна улога во продуктивноста на вработените како додаток на сликата за вашиот бренд. Лошо дизајнирана канцеларија може да креира негативна атмосфера убивајќи ја креативноста, соработката и моралот на вработените. Исто така, може да влијае и на сликата за брендот во очите на клиентите. Бидете претпазливи и внимавајте на следниве грешки при дизајнирањето и редизајнирањето на вашата канцеларија.

  • Скромно осветлување - Најдоброто осветлување е природното осветлување, односно светлината од сонцето. Меѓутоа, ако не е возможно да го користите ова светло, тогаш обидете да имплементирате помеко осветлување. Силните ЛЕД светилки може да формираат премногу светлина и да предизвикаат главоболки и анксиозност. Не заборавајте дека светлината влијае на продуктивноста. Затоа, не се потпирајте на евтино осветлување или на само еден вид на осветлување. Потрудете се да вашата канцеларија да изгледа елегантно, меко и топло. 

  • Недостаток на простор за складирање - Немањето на доволно простор за складирање во канцеларијата може да е многу ризично бидејќи може да изгубите важни документи или да морате да фрлите други документи кои можеби ќе ви требаат во иднина. Покрај ова, не сакате важните документи да ви се измешаат со неважните. Токму затоа, добро е да имате различен простор за различните видови на документи. 

  • Лоша акустика - Особено кога се работи за отворените канцеларии, обрнете внимание на акустиката бидејќи никој не може да биде продуктивен во канцеларија со многу врева. Затоа, важно е да се користат акустични материјали во ѕидовите за да се намалат нивоата на бучава и врева. Меѓутоа, и преголемата тишина не се препорачува бидејќи може да им биде непријатно на вработените. Нивото на бучава треба да биде некаде на средина за и другите вработени да се чувствуваат удобно и продуктивно. 

  • Сиромашен приемен простор - Ова е просторот каде посетителите го добиваат првиот впечаток за вашата канцеларија. Ако се грижите за вашиот бизнис, тогаш погрижете се овој простор да биде професионален и пријатен. Исто така, потрудете се да е просторен и прегледен за посетителите, за истите да немаат потреба да го бараат влезот до вашата канцеларија. Никогаш не го користете овој дел за складирање каде вработените ќе се ослободуваат од несаканите извештаи и документи. 

Промовирани огласи »

Како компанија, една од најголемите желби и цели е склучување на договори што е можно побрзо, но во реалноста не секогаш е така. Една од причините зошто е потребно толку време за еден договор да биде склучен е недостатокот на доверба помеѓу вас и вашиот клиент. Како што е општо познато, потребно е време за да се изгради една врска. Одредени статистики покажуваат дека се потребни помеѓу 7-13 контакти со клиентот пред да имате јасна насока за продажба. 

Меѓутоа, постојат методи кои може да ги имплементирате за да склучувате договори побрзо. Прочитајте во продолжение кои се тие:

1. Поставете ги вашите дипломи, награди или акредитации

Кога влегувате во ординацијата на вашиот доктор или канцеларијата на вашиот адвокат може да ги забележите дипломите во рамка и закачени на ѕидот. Зошто? Не е само поради тоа што тие се горди на своите достигнувања, бидејќи се. Но докторите и адвокатите знаат дека дипломата во рамка е најбрзиот и најефикасниот начин за доказ за вашата експретиза. Вашите клиенти може да бидат многу поотворени на вашите предлози доколку отворено ги прикажете вашето образование, дипломи и слично. 

2. Рекламирајте ги сведочењата за Вас

Ако немате реномирана диплома или награда за да ја прикажете, одличен начин за да го автентизирате вашето знаење е со сведочење. Ако некој/а друг/а рекол за вас дека сте експерт, клиентите се повеќе насочени да веруваат во тоа.

  • За најсилен ефект, најдоброто сведочење може да го поставите на врвот на вашиот веб сајт или реклама. Ако луѓето го прочитаат прво ова сведочење, тоа ќе му даде авторитет на се што ќе биде напишено потоа. 

3. Осознајте ги вашите слабости 

Сакате да ја добиете довербата на вашиот клиент веднаш? Се што треба да направите е да ги осознаете и признаете вашите слабости на почетокот од комуникацијата. 

  • Огромен број од компаниите ја прават грешката на потенцирање на сите позитивни функции на продуктот или услугата и запоставување на слабостите за подоцна или никогаш. Кога постапувате со слабостите на овој начин (особено ако луѓето се свесни за нив), луѓето ќе ви веруваат повеќе кога ќе зборувате за вашите силни страни

Оваа стратегија е особено користена при судењата (кога адвокатот ги признава слабостите на обвинетиот), во политиката (кога политичарот ги признава позитивните страни на својот противник) и во маркетингот. На пример, кога компаниите се отворени кон признавање на грешка во производство на одреден продукт или услуга, тие ќе забележат пораст во продажбата. Преку признавање на слабостите на почеток, шансите за клиентите да веруваат во силните страни се зголемуваат многу повеќе. 

Промовирани огласи »

Државата да ги субвенционира лифотвите во зградите. Од комората за домување велат дека одржувањето, поправката или замената на лифотвите во зградите е скапа работа, чини по неколку илјади евра, а станарите тие пари ги немаат.

Од комората имаат забелешки и на нелојалната конкуренција. Велат дека има фирми кои ги злоупотребувалае парите од резервните фондови во зградите. Тие пари смееле да се користат само со дозвола на станарите, а во неколку случаи за нив одлучувала само фирмата која управува со зградата. Министерот за транспорт вели дека зарди овие и ред други злупотреби неколку фимите веќе останале без лиценците за работа.

Во наредниот период се најавуваат засилени конторли на фирмите кои управуваат со зградите со цел да се елиоминираат злупотребите со парите на стараните.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »