Промовирани огласи »

Како компанија, една од најголемите желби и цели е склучување на договори што е можно побрзо, но во реалноста не секогаш е така. Една од причините зошто е потребно толку време за еден договор да биде склучен е недостатокот на доверба помеѓу вас и вашиот клиент. Како што е општо познато, потребно е време за да се изгради една врска. Одредени статистики покажуваат дека се потребни помеѓу 7-13 контакти со клиентот пред да имате јасна насока за продажба. 

Меѓутоа, постојат методи кои може да ги имплементирате за да склучувате договори побрзо. Прочитајте во продолжение кои се тие:

1. Поставете ги вашите дипломи, награди или акредитации

Кога влегувате во ординацијата на вашиот доктор или канцеларијата на вашиот адвокат може да ги забележите дипломите во рамка и закачени на ѕидот. Зошто? Не е само поради тоа што тие се горди на своите достигнувања, бидејќи се. Но докторите и адвокатите знаат дека дипломата во рамка е најбрзиот и најефикасниот начин за доказ за вашата експретиза. Вашите клиенти може да бидат многу поотворени на вашите предлози доколку отворено ги прикажете вашето образование, дипломи и слично. 

2. Рекламирајте ги сведочењата за Вас

Ако немате реномирана диплома или награда за да ја прикажете, одличен начин за да го автентизирате вашето знаење е со сведочење. Ако некој/а друг/а рекол за вас дека сте експерт, клиентите се повеќе насочени да веруваат во тоа.

  • За најсилен ефект, најдоброто сведочење може да го поставите на врвот на вашиот веб сајт или реклама. Ако луѓето го прочитаат прво ова сведочење, тоа ќе му даде авторитет на се што ќе биде напишено потоа. 

3. Осознајте ги вашите слабости 

Сакате да ја добиете довербата на вашиот клиент веднаш? Се што треба да направите е да ги осознаете и признаете вашите слабости на почетокот од комуникацијата. 

  • Огромен број од компаниите ја прават грешката на потенцирање на сите позитивни функции на продуктот или услугата и запоставување на слабостите за подоцна или никогаш. Кога постапувате со слабостите на овој начин (особено ако луѓето се свесни за нив), луѓето ќе ви веруваат повеќе кога ќе зборувате за вашите силни страни

Оваа стратегија е особено користена при судењата (кога адвокатот ги признава слабостите на обвинетиот), во политиката (кога политичарот ги признава позитивните страни на својот противник) и во маркетингот. На пример, кога компаниите се отворени кон признавање на грешка во производство на одреден продукт или услуга, тие ќе забележат пораст во продажбата. Преку признавање на слабостите на почеток, шансите за клиентите да веруваат во силните страни се зголемуваат многу повеќе. 

Промовирани огласи »

Државата да ги субвенционира лифотвите во зградите. Од комората за домување велат дека одржувањето, поправката или замената на лифотвите во зградите е скапа работа, чини по неколку илјади евра, а станарите тие пари ги немаат.

Од комората имаат забелешки и на нелојалната конкуренција. Велат дека има фирми кои ги злоупотребувалае парите од резервните фондови во зградите. Тие пари смееле да се користат само со дозвола на станарите, а во неколку случаи за нив одлучувала само фирмата која управува со зградата. Министерот за транспорт вели дека зарди овие и ред други злупотреби неколку фимите веќе останале без лиценците за работа.

Во наредниот период се најавуваат засилени конторли на фирмите кои управуваат со зградите со цел да се елиоминираат злупотребите со парите на стараните.

Промовирани огласи »

Граѓаните нема да плаќаат за мерачите  за топлинска енергија, тврди вицепремиерот Анѓушев.  

Според него државата ќе најде пари за инвестицијата, преку фондови или преку буџетот и домаќинствата нема да имаат дополнителни трошоци. Ги предупреди експертите да не ја вознемируваат јавноста.

- Ќе направиме сè тоа да не биде на товар на граѓаните. Мерачите се потребни за да биде јасно кој колку потрошил и кој колку треба да плати, односно да се заштитат граѓаните да не го плаќаат тоа што не го потрошиле. Ќе бидат вградени во сите објекти до почетокот на 2019 година кога се очекува новиот закон за енергетика да функционира со стие подзаконски акти. Сите промени во законот се исклучително во интерес на граѓаните и ако неговиот текст е добар за сите граѓани на ЕУ и е создаван во период од 50 години не гледам зошто би бил лош за македонските граѓани - рече Анѓушев.

Но вицепремиерот Анѓушев минатата недела на телевизиска емисија имаше сосема друг став. Тогаш рече дека сите граѓани ќе треба да стават мерачи  без  разлика дали тоа ќе го платат самите или  компанијата трошокот ќе им го пресмета преку сметките за парно. Домаќинствата единствено сами ќе изберат од кого ќе земат мерачи.

Експертот кој ги откри измените кои се планираат во доменот на централното греење и  повторно посочи дека предлог законот мора да се смени. Со постоечкиот, трошокот за мерачите ќе треба да го платат граѓаните, а мерните инструменти би требало да бидат обврска на  снабдувачите како што е кај операторите со струја и гас.

Инаку еден мерач чини околу 50 евра. Со него граѓаните ќе плаќаат за парно греење колку што потрошиле, а не по квадратура.  

Промовирани огласи »

Процесот на интервју кога аплицирате за слободна работна позиција не е нешто на што сакаме често да се навраќаме. Постојат многу нешта што можат да тргнат во погрешна насока, но и покрај тоа не треба да дозволите стравот од можните грешки да ве спречи во добивање на работата која ја посакувате. Тимот на KARIERA.mk создаде листа со чести грешки при работното интервју, на кои вие како работобаратели може да работите за да ги подобрите.

  • Пропуштање на телефонското интервју 

Огромна штета е за регрутерите кога ќе се вложат целосно во пронаоѓањето на соодветен кандидат и закажување на телефонско интервју за на крајот кандидатот да го пропушти. Пропуштањето на ова интервју и неконтактирањето за повторно закажување покажува недостаток на професионализам, менаџирање на времето и генеричкото следење, а овие се клучни вештини што еден регрутер ги бара кај кандидатите. 

Како да се вратите на вистинската патека - Ако веќе сте ја направиле оваа грешка, не е целосна загуба: побарајте го вашиот контакт што е можно побрзо, превземете целосна одговорност за пропуштеното време и објаснете ја причината за ситуцијата. Се помалку од ова - како целосно игнорирање или претпоставување дека другата страна ќе закаже наскоро интервју, не ви доаѓа во прилог. 

  • Не поставување на прашања

Се чини дека поставувањето на прашања на крајот на интервјуто е опција, но не е така. Интервјуто е повеќе разговор отколку било што. Кога навистина слушате за време на интервјуто и имате корисен разговор, вие имате можност за продлабочување на разговорот. Ако не поставувате прашања, се добива впечаток дека немате интерес или љубов кон работата

Како да се вратите на вистинската патека - Ако сте на интервју и не можете да смислите ниедно прашање, сосема е во ред да прашате за навраќање на прашањата подоцна во разговорот. Не сите луѓе може да размислуваат веднаш. Кога се уште во моментот на разговор и не може да смислите ниедно прашање, во ред е да кажете „Ова се многу информации за процесирање, би сакал/а да размислам подобро и прашањата да ги пратам по мејл“. На овој начин, покажувате на работодавецот дека поседувате високо ниво на свесност за себеси, бидејќи знаете дека не сте личност која размислува пребро, но знаете што треба да направите за да завршите една работа. 

Ако воопшто не сте поставиле прашања на интервјуто - не е се изгубено. Следниот пат кога ќе бидете во контакт со работодавецот, прашајте дали е можно сега да ја искористите можноста за поставување прашања и истите да им ги испратите по мејл.

  • Невршење на истражувања

Најдобриот начин за импресионирање на регрутерот или менаџерот за вработување е да го направите однапред вашето истражување - ова значи читање на податоци за компанија, посетува на веб сајтот, објави во медиуми во последниот период и слично. Може да е многу импресивно, дури и ако немате целосни знаења, покажувате дека поседувате одредена страст кон работата или компанијата штом сте вложиле време за истражување. 

Како да се вратите на вистинската патека - Истражете ја компанијата колку што е можно потемелно пред вашето интервју за да бидете подготвени за интелегентна дискусија за позицијата и улогата која работната позиција ја игра во големата слика на компанијата. 

Ако сте ја направиле оваа грешка и сте го напуштиле интервјуто без овој дел, осигурајте се да го направите тоа во комуникацијата што следи. Може да спомнете одредена вест која била објавена за компанијата или поставете прашање кое ќе открие дека сте размислувале за целите на компанијата на долг рок. Ако ништо од горенаведеното не сте направиле, не е се изгубено и овде. Не сте единствени и ова е важна лекција која може да ви служи за сите идни интервјуа

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »