Водењето на било кој успешен бизнис може да биде стресно и особено тешко. Водењето на фамилијарен бизнис може да додаде ново ниво на предизвици и динамики. Фабиола Хеслејн и нејзиниот сопруг Симон Хеслејн, сопственици на Tryon Entertainment, научиле што е она што е потребно за водење на успешен бизнис како пар. Во продолжение, прочитајте некои од лекциите кои тие ги споделуваат.
Бидете јасни за вашите силни и слаби страни
Секогаш бидете многу јасни за тоа што е ваша јака страна, а каде сте послаби и како тоа ќе го менаџирате помеѓу вас двајцата. Искушението лежи во џонглирање на што е можно повеќе работи на почетокот. Но, ако и двајцата верувате дека постојат улоги кои не можете да ги извршите, побарајте помош за да ги подржите тие обласите на било кој можен начин. Последното нешто што го посакувате е неуспех уште во почетната фаза.
Набљудувајте се и делите си комплименти меѓусебно
Ценете ги подароците на вашиот партнер како и таленти преку постојано набљудување и пофалба на изршените задачи. Тоа е одличен начин за зајакнување на вашиот работен однос и ви дозволува да се покажете во позитивно светло на индивидуално ниво без бизниз заедницата - особено кога вашиот тим ќе почне да се шири. Вашиот тим ќе пронајде лидерство и инспирација од вас двајцата.
Согласност помеѓу двајцата за визијата на компанијата
Пред лансирање и взаемно впуштање во бизнисот, осигурајте се дека двајцата сте на иста страна кога се работи за дефинирање на визијата на компанијата и големата слика. Направете листа за тоа што вашиот успешен бизнис ви овозможува и на двајцата на долг рок. Комуницирајте ако во било кој момент, почнете да гледате различно на нештата за да се осигурате дека бизнисот е на вистинскиот пат за постигнување на крајната цел.
Живот/работа баланс
Направете го приоритет принципот на баланс помеѓу работата и приватниот живот за секогаш кога започнувате со работа, тоа да го правите со одлична синергија. Вашиот тим ќе биде инспириран од ова и ќе ви помогне да го одржите на високо ниво моралот и културата на компанијата.
Прославете ги успесите
Прославете ги сите ваши постигнати цели и успеси како што се случуваат за да се потсетите меѓусебно за работата што ја остварувате како бизнис партнери.
Одржувајте ја атмосферата пријатна и хумористична
Обидете се да пристапите на вашиот однос како со најдобар пријател, за да поставите одреден тон на работење во канцелариите. Одржувајте ја атмосферата пријатна и хумористична, за да имате подобра работна врска.
Со малку флексибилност, трпение и одредени промени, идејата за започнување и водење на успешен бизнис со вашиот брачен партнер е повеќе од возможна.