Промовирани огласи »

Новиот Закон за енергетика, што е во подготовка, ги обврзува инвеститорите што ќе градат згради во иднина да ставаат мерачи на топлина, но во пракса поради поголемите трошоци инвеститорите одбегнуваат да инсталираат систем за централно греење, а со тоа нема потреба да ставаат ниту мерачи. Само 50 проценти од новите зградите имаат приклучок за централно греење.

Мерачите на топлина на радијаторите, што ќе биде законска обврска за инвеститорите, ќе ги поскапат становите што ќе се градат во иднина за 5 проценти или во просек по 50 евра за квадрат. Согласно новиот Закон за енергетика, кој е во подготовка, се пропишува обврска за инвеститорот на новите згради да постави мерни уреди на радијаторите, додека за постојните корисници оваа обврска не важи и се остава на нивната желба дали ќе ги вградат или не.

Бизнисменот Никола Велковски, кој е поранешен претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора, вели дека на инвеститорите им е неисплатливо во новите згради да поставуваат радијатори за централно греење.

Освен што ја поскапуваат градбата со поставување на систем во целата зграда, туку и секоја зграда не е блиску до приклучок до градската топловодна мрежа, па потребни се дозволи и прекопувања, што исто така е трошок и ја зголемува цената на градењето. Подоцна може да се јави проблем да идните сопственици на становите да не сакаат да се приклучат на централното греење, а тоа инвеститорот во фазата на проектирање и градба не може да го знае. Затоа ние инвеститорите сме во сериозна дилема и најчесто, особено кога станува збор за изградба на згради во централното и во поширокото градско подрачје, дали да поставуме радијатори за централно греење или, пак, радијатори за сопствено греење – вели Велковски.

Според него, зградите со површина до 2.000 квадратни метри не се приклучуваат на топлификацискиот систем бидејќи е неисплатливо да се поставува целата таа мрежа.

Таквите згради се опремуваат исклучиво со сопствено парно на струја и се погодни за нивна евентуална пренамена кога ќе дојде време да се приклучат на гас. Додека, пак, за поголемите згради со над 3.000 квадратни метри, таму исклучиво е греењето да биде на централно греење – додава Велковски.

Тој вели дека половина од зградите не се приклучени на централно греење. Велковски смета дека треба да се направи дополнителна анализа и договор меѓу инвеститорите и топлификационата компанија “Балкан енерџи” (БЕГ), како и што ќе биде со затоплувањето на идните станбени згради.

Познато е дека потребна е согласност од 60 проценти од станарите за да БЕГ даде дозвола за приклучување на централниот систем. Тука мора да посредува и државата – вели Велковски.

Инаку, во светот се практикува евтина варијанта на затоплување на станбените згради. Велковски нагласува дека станува збор за цевки на длабочина од 30 до 50 метри што се поставуваат под зградата и со помош на пумпи се црпи подземна вода која се затоплува со помош на сончеви колектори или на струја и истата се дистрибуира до становите.

Ваков систем се применува кај сите нови згради и комплекси на згради во германскиот град Хамбург. Овде вложувањата се малку поголеми, но бенефитот потоа е голем – вели Велковски.

Промовирани огласи »

Со помош на три трикови месечно можете да заштедите по 100 евра, а при тоа да не сте на товар на родителите или некој друг член од семејството. 

Оставете ги цигарите

Ако пушите по една кутија цигари дневно, откажете се. Месечно можете на овој начин да заштедите и по 3000 денари. Освен што ќе имате повеќе финансии, ќе придонесете и за вашето здравје. 

Автомобил возете само за викенд 

На работа одете со градски превоз. На овој начин ќе заштедите, но и ќе избегнете метеж во сообраќајот. 

Внимавајте каде, што и колку јадете

Не купувајте храна додека сте на работа, не нарачувајте, туку подгответе си до дома и со тоа ќе ви останат уште 1500 денари во домашниот буџет. 

Со ваков начин на штедење за 6 месеци ќе имате доволно пари за еден убав одмор или некое подалечно патување. 

  

Промовирани огласи »

Microsoft го оствари следниот чекор кон целосна дигитализација на образовниот систем овозможувајќи нов степен на ефикасност. Со бројните алатки од Office 365 како Sway, One Note Staff, One Note Classbook, One Drive, Skype in the Classroom, MS Team, MS Office professional, Office mix и Forms се отвораат вратите на зголемената продуктивност која може да се воспостави во модерното опшество.

За да се претстават придобивките од користењето на алатките на Microsoft се отвора повик до наставниците од основните и средните училишта во Република Македонија да ги претстават своите искуства како проект или презентација до Microsoft. Истите треба да се однесуваат на  Sway, One Note, One Note Staff, One Note Classbook, One Drive, Skype in the Classroom, MS Team. MS Office Professional, Office Mix и Forms и да се испратат на оценување. 10 пријавени ќе влезат во финалниот круг врз основа на оценките од 3 члена комисија која ќе ги утврди врз основа на 3 сегменти како зголемување на продуктивноста на наставниците со користење на алатките, иновативниот пристап во користењето на истите и нивниот начин на примена. Финалистите ќе ги претстават своите искуства во форма на презентација или проект на ревијален настан на кој ќе им бидат доделени свечени награди.

Microsoft ги повикува заинтересираните да ги поднесат своите презентации на следниов линк: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=v4j5cvGGr0GRqy180BHbR4LqVN53AHVPoEZPrornZ3tUREJURDFJRUdWR0c5OEpLVzNXNlJKN1VXTy4u 

Истите треба да се поднесат до вторник, 26.12.2017, до 13 часот.

Примери за case study може да се најдат на следниов линк:
https://onedrive.live.com/?authkey=%21ANf_1YQ47w3Mp3I&id=6CD101CD55602DF7%211199&cid=6CD101CD55602DF7

Промовирани огласи »

Доколку патувате во странство со автомобил, во следните држави ќе можете да возите со македонски возачки дозволи.
Република Македонија има склучено билатерални договори за заемно признавање на националните возачки дозволи со Шпанија, Албанија, Италија и Словенија.

Кога станува збор за другите земји, па дури и соседните, потребна е меѓународна возачка дозвола за патување со сопствено или туѓо возило. Меѓутоа, многумина препорачуваат да се поседува меѓународна возачка дозвола дури и во земјите со кои се има склучено договор.

Меѓународната возачка дозвола се издава од правно лице овластено од Министерството за внатрешни работи и таа има важност до три години. Истовремено, таа никогаш не се издава на лице што е претходно казнувано.

Покрај оваа дозвола, за патување во странство е потребен и зелениот картон за да се покријат потенцијалните штети доколку истите се причинети на трети лица со употреба на моторното возило.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »