Промовирани огласи »

Многу е едноставно да се направи грешка за време на интервјуто за работа. Всушност, голем број од кандидатите може и да не знаат дека прават грешки. Некои од грешките кои се најчести треба да бидат очигледни, јасни, особено ако не сте имале досега интервју за работа или не одите често на интервјуа. Прочитајте ги најчестите 40 грешки кои се прават пред, за време и по интервјуто за работа во продолжение:

  1. Несоодветно облекување 
  2. Несериозниот однос кон интервјуто преку телефон како кон лице-в-лице интервјуто
  3. Оставајќи го вашиот телефон уклучен (опцијата нечујно е најдобра, доколку не сакате да го исклучите целосно телефонот)
  4. Џвакање мастика
  5. Носењето на кафе или друг пијалок со вас 
  6. Носењето на друга личност со вас на интервјуто 
  7. Носење очила за сонце (сосема е во ред да ги носете надвор, но при влегувањето во канцеларијата, ставете ги во чанта/ранец)
  8. Прерано доаѓање на интервјуто
  9. Доцнење на интервјуто
  10. Одење на интервју со мамурлак/преуморни
  11. Одење на интервју ако сте сериозно болни 
  12. Не го знаете името на вашиот интервјуер/не го помните при негово/нејзино претставување
  13. Не се претставувате себеси 
  14. Пишувате пораки за време на интервјуто
  15. Го прекинувате вашиот интервјуер за да извршите телефонски повик 
  16. Постоењето на врева во позадина при телефонското интервју 
  17. Преголема употреба на парфем/колонска вода
  18. Носење на шапка/капа за време на интервјуто 
  19. Не носите плус копии од вашето CV
  20. Во зависност од работата, не носите портфолио од вашата работа
  21. Играњето со вашата коса 
  22. Мрморењето или користењето на сиромашен речник
  23. Премногу зборување
  24. Го прекинувате прашањето на интервјуерот
  25. Недоволно зборување
  26. Недоволно насмевнување
  27. Кажување шеги и пресилно смеење
  28. Неостварување на контакт со очи со интервјуерот
  29. Критикувањето на поранешната работа или претпоставен 
  30. Несеќавање на вашата работна историја
  31. Неследењето на насоки доколку ви е даден тест
  32. Необрнување внимание на прашањата кои ги поставувате
  33. Не одвојувате време за да ја истражите компанијата пред да одите на интервју 
  34. Не се сеќавате на работната позиција за која аплицирате
  35. Директно искажување дека ви е навистина потребна работата
  36. Директно кажување дека ви се потребни парите
  37. Веднаш прашувате за кога би биле во можност да одите на одмор
  38. Немањето на релевантни прашања кога се бара од Вас да поставите прашања
  39. Незаблагодарување за дадената можност за остварување интервју 
  40. Непраќањето на мејл за заблагодарување по интервјуто 

Промовирани огласи »

Според истражување спроведено од Socialcast, 85% од вработените луѓе би сакале нивниот труд на работа да е препознаен. Но, повеќе од половина не го добиваат препознавањето. Ако имате тим од луѓе кои работат за вашиот мал бизнис, препознавањето на трудот на вашиот вработен може да е многу исплатливо на долг рок и да им ја зголеми среќата за работното место. Искористете го овој период како крај на година, за да покажете благодарност на оригинален начин кон вашите вработени. 

  • Завршете го денот порано 

Забележувате дека вашиот тим работи премногу долги часови? Повикајте еден ден порано напуштање на работата за да им дадете малку одмор и да им помогнете да избегнат преголем умор.

  • Заблагодарете им се на социјалните медиуми 

Едноставна порака за изразување благодарност на профилите на вашите бизнис соработници, заедно со содржаен податок за напорната работа на вашиот тим, може да служи како одличен начин за јавно покажување благодарност. 

  • Инвестирајте во квалитетен кафемат

Секоја добра канцеларија треба да има кафемат. Но, ако имате вработени кои особено сакаат да пијат кафе тогаш размислете за инвестирање во машина за еспресо или други специјални продукти. Или ако има повеќе љубители на чај, размислете како да ги подобрите условите за овие вработени. 

  • Билети за локални настани 

Наместо да се придружите на стандардната „after work“ забава, обидете се да добиете билети за одреден спортски настан кој ќе се одржува или можеби театарска претстава во вашиот град, каде членови на вашиот тим би можеле да присуствуваат заедно. 

  • Дозволете им на вработените да си ги одбираат часовите

Покрај платата и бенефитите, флексибилните работни часови се едно од главните нешта за кои вработените се грижат при одбирањето на работодавец. Па така, ако сакате да им покажете благодарност на вашите вработени, доколку условите дозволуваат, овозможите им одредена флексибилност, како четири работни дена или периодично дозволување на работа од дома. 

  • Водете сметка за важните дати 

Исто така може да им покажете благодарност на вашите вработени преку водење сметка за важните дати како родендени или работни годишнини. 

  • Истражувајте ги вашите вработени 

Ако сакате навистина вашите вработени да се чувствуваат ценети, потребно е навистина да ги слушате. За да соберете одредени мислења и внатрешни информации, креирајте прашалници и навистина имплементирајте го она кое вработените ќе го споделат со Вас во овие прашалници. 

Промовирани огласи »

Македонската метропола, наскоро ќе го добие својот прв премиум деловен центар, каде компаниите може да изнајмат простор за работа и истиот нуди извонредни работни услови и е прв од ваков тип во нашава земја, граден според високи светски стандарди кои овозможуваат премиум услови во работната средина.

Објектот кој располага со површина од 12.000 м2, се наоѓа пред салонот на Мерцедес, веднаш после мостот „Близнаци“, содржи најсовремени технички решенија кои овозможуваат поголема функционалност, заштеда на енергија, а со тоа и заштеда во одржувањето, како и поголема еколошка одржливост.

Премиум деловниот центар е повеќе од вообичаена зграда со канцеларии и претставува архитектонско решение кое нуди флексибилно уредување на работната средина онака како што Вие сте ја замислиле, со голем степен на удобност, што подразбира фитнес сала, посебна кафетерија-ресторан за вработените, сопствен паркинг простор и конекција до најголемата велосипедска артерија на градот, покрај кеј. Оваа инвестиција чини над 10 милиони евра и се очекува да биде готова во следните неколку месеци, изјави генералниот директор на Мак Аутостар, компанијата инвеститор на деловниот центар, Зоран Марковски.

Премиум деловниот центар е дел од еден поголем урбанистички концепт кој припаѓа на посебна бизнис околина, каде не постои можност за нејзино нарушување во иднина од какви било нови градби. Располага со значителен надворешен простор за паркирање, како и подземна гаража на 3 нивоа. Обезбедено е целосно и континуирано снабдување со електрична енергија и во случај на нејзин прекин со снабдување.

Промовирани огласи »

Постојат голем број на бизнис конференции и настани за вмрежување кои можете да ги посетувате доколку сте нов претприемач. Овие настани може да бидат особено продуктивни во нивната способност за поврзување со слични претприемачи, како и да ве едуцираат на одредени бизнис теми. Во продолжение, прочитајте што изјавиле неколку млади претприемачи на следново прашање:

Што е една карактеристика која сте ја научиле, искусиле, виделе на бизнис конференција и сте ја примениле во вашиот старт-ап?

  • Разбирање на „мразокршачите“ во разговорите - Во бизнис вмрежувањето постојат четири точки на дискутирање кои луѓето може да ги искористат за да го „скршат мразот“: најдобри места за патување, што е добро да се прави на локално ниво, во која храна уживаат и можеби, спорт. Да се биде информиран во овие теми може да ви помогне при остварувањето контакти. 
  • Знај кога да слушаш - На бизнис конференциите запознавате огромен број на луѓе и секој од нив има различна приказна. Доколку се посветите на слушање на истата, може за кратко време да станете одличен слушач и тоа, да го применете во вашата компанија. Голем број менаџери не сакаат тим од „да“ луѓе. Охрабрувајте ги вашите вработени да ве предизвикуваат и да ви поставуаат прашања за да се чувствувате комфорно помеѓу себе. 
  • Бидете подготвени - Најдобрите презентации на бизнис конференциите се оние кои се особено добро подготвени, пренесени на јасен начин и споделуваат јасна порака. На овој начин, ќе увидете дека голем дел од вашите работни состаноци се недоволно добро подготвени, некогаш можеби и со нејасна цел. Вака. ќе можете да ги направите вашите состаноци построги, поподготвени и попродуктивни. 

  • Научете да бидете емпатични - Огромна е моќта на емпатијата кога се работи за бизнис конференциите. Најдобрите поединци кога се вмрежуваат, прават секој еден да се почувствува како единствен. Пробајте ја истата стратегија и во вашата компанија при интеракција со секој клиент - секој клиент е индивидуален, не само име во датабаза. 
  • Научете да го привлечете вниманието на луѓето - Вие добивате инстантно внимание кога ќе се обратите на некого по име. Тие се инстиктивно обврзани да ви дадат барем една секунда од нивното внимание, од вас зависи дали ќе ја искористите таа секунда креативно!
  • Обрнете внимание на деталите - Без разлика дали се работи за презентација, разговор или демонстрација на производ, веднаш е воочливо кој обрнува внимание на малите детали и ги средува. Најинспиративните претприемачи се грижат за секоја функција. Обидете се да го префрлите истиот фокус на креирањето производи. Поголемиот дел од вашите клиенти нема да ги забележат деталите, но потребно е да го видат целокупниот квалитет и да разберат дека Вие се грижите. 
  • Секогаш во потрага по таленти - Може да запознаете одлични луѓе на овие конференции кои можат да бидат дел од вашиот тим на вработени. Ако забележите особено квалитет талент, не ја губете можноста и веднаш најмете го. Деталите околу тоа може и подоцна да ги договарате, важно е да не го испуштите како талент знаејќи дека може да е огромна корист за вашата компанија. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »