Промовирани огласи »

Постојат голем број на бизнис конференции и настани за вмрежување кои можете да ги посетувате доколку сте нов претприемач. Овие настани може да бидат особено продуктивни во нивната способност за поврзување со слични претприемачи, како и да ве едуцираат на одредени бизнис теми. Во продолжение, прочитајте што изјавиле неколку млади претприемачи на следново прашање:

Што е една карактеристика која сте ја научиле, искусиле, виделе на бизнис конференција и сте ја примениле во вашиот старт-ап?

  • Разбирање на „мразокршачите“ во разговорите - Во бизнис вмрежувањето постојат четири точки на дискутирање кои луѓето може да ги искористат за да го „скршат мразот“: најдобри места за патување, што е добро да се прави на локално ниво, во која храна уживаат и можеби, спорт. Да се биде информиран во овие теми може да ви помогне при остварувањето контакти. 
  • Знај кога да слушаш - На бизнис конференциите запознавате огромен број на луѓе и секој од нив има различна приказна. Доколку се посветите на слушање на истата, може за кратко време да станете одличен слушач и тоа, да го применете во вашата компанија. Голем број менаџери не сакаат тим од „да“ луѓе. Охрабрувајте ги вашите вработени да ве предизвикуваат и да ви поставуаат прашања за да се чувствувате комфорно помеѓу себе. 
  • Бидете подготвени - Најдобрите презентации на бизнис конференциите се оние кои се особено добро подготвени, пренесени на јасен начин и споделуваат јасна порака. На овој начин, ќе увидете дека голем дел од вашите работни состаноци се недоволно добро подготвени, некогаш можеби и со нејасна цел. Вака. ќе можете да ги направите вашите состаноци построги, поподготвени и попродуктивни. 

  • Научете да бидете емпатични - Огромна е моќта на емпатијата кога се работи за бизнис конференциите. Најдобрите поединци кога се вмрежуваат, прават секој еден да се почувствува како единствен. Пробајте ја истата стратегија и во вашата компанија при интеракција со секој клиент - секој клиент е индивидуален, не само име во датабаза. 
  • Научете да го привлечете вниманието на луѓето - Вие добивате инстантно внимание кога ќе се обратите на некого по име. Тие се инстиктивно обврзани да ви дадат барем една секунда од нивното внимание, од вас зависи дали ќе ја искористите таа секунда креативно!
  • Обрнете внимание на деталите - Без разлика дали се работи за презентација, разговор или демонстрација на производ, веднаш е воочливо кој обрнува внимание на малите детали и ги средува. Најинспиративните претприемачи се грижат за секоја функција. Обидете се да го префрлите истиот фокус на креирањето производи. Поголемиот дел од вашите клиенти нема да ги забележат деталите, но потребно е да го видат целокупниот квалитет и да разберат дека Вие се грижите. 
  • Секогаш во потрага по таленти - Може да запознаете одлични луѓе на овие конференции кои можат да бидат дел од вашиот тим на вработени. Ако забележите особено квалитет талент, не ја губете можноста и веднаш најмете го. Деталите околу тоа може и подоцна да ги договарате, важно е да не го испуштите како талент знаејќи дека може да е огромна корист за вашата компанија. 

Промовирани огласи »

Многу луѓе во светот се прашуваат како сврзуваат крај со крај но не и членовите на овие семејства. Insider Monkey ги проучувал податоците од различни извори, вклучувајќи ги и Форбс и Инвестподедиа, за да создаде рангирање на најбогатите семејства во светот.

Еве кои спаѓаат во топ 3:

3. Волтон - 130 милијарди долари.

Семејството стои зад најголемата компанија за трговија на мало-Walmart во светот. Пред неколку години, нејзиното богатство беше проценето на околу 150 милијарди долари. Сега е намалено, но семејството останува меѓу најбогатите во светот. Тоа семејство поседува повеќе од 50% од Walmart, компанија со повеќе од 11.600 продавници во 28 земји (името не е истото насекаде).

Според Форбс, најбогатите членови на семејството Волтон, се С. Робсон Волтон (15-ти со 34,1 милијарди долари), Џим Волтон (16-ти со 34 милијарди долари) и Алис Волтон (17- место со 33,8 милијарди долари).

2. Ротшилд - 350-400 милијарди долари.

Состојбата на семејството Ротшилд датира од крајот на 16 век. Денес неговото богатство доаѓа од многу банки кои ја контролираат цела Европа.

Во 18 век, Мајер Амчел Ротшилд основал банкарски бизнис. Неговите пет синови се населиле во Лондон, Париз, Франкфурт, Виена и Неапол. Денес, семејството Ротшилд има пет гранки кои продолжуваат да ги контролираат банките ширум светот.

Поради фактот што банките контролирани од Ротшилд не се јавни, тешко е да се процени колку е богато семејството. Проценките се движат од 350-400 милијарди долари до 2 трилиони долари.

1. Сауд - 1,4 трилиони долари

На чело на оваа листа е кралското семејство на Саудиска Арабија-Сауд. Почетокот на саудиската кралска династија беше поставен во 1744 година од страна на Мохамед бин Сауд. Во моментов, сега крал на Саудиска Арабија е Салман.

Според некои проценки, семејството брои околу 15.000 луѓе, но поголемиот дел од богатството и моќта се концентрирани во група од околу 2.000 луѓе.

Состојбата на принцот Алавид бин Талал Алсав, на пример, се проценува на 18,7 милијарди долари, според Форбс. Поголемиот дел од богатството на семејството доаѓа од трговијата со нафта.

Промовирани огласи »

Биткоинот, чија вредност скокна од почетокот на годината, и настојувањата на претприемачите да ги користат дигиталните валути, привлекуваат внимание на американските регулаторни агенции.

Американската владина комисија за вредносни хартии и берза Securities and Exchange Commission, SEC) ги предупреди оваа недела инвеститорите на ризик вложувања во воглавно нерегулирани дигитални валути.

Друга американска федерална агенција предложи регулација на тргувањето со биткоини по моделот на регулација на другите добра како што се пченица, нафта, злато и сребро.

SEC во декември спречи два обиди за подигање пари преку таканаречена „иницијална понуда на криптовалути“ (Initial coin offering, ICO), што правните експерти го сметаат за наговестување на претстојната пресметка со таа пракса.

Светот на биткоинот и другите дигитални валути може да биде поделен во две големи гранки. Едната подразбира инвеститорите да купуваат валути како што се биткоинот и етерумот, а другата е ICO која им овозможува на стартап компаниите за финансирање на своите проекти да користат технологија која стои зад биткоинот.

Таквите претпријатија благодарение на системот ICO ќе издадат криптовалута, понекогаш наречена токен, која може да ја употребуваат за купување услуги.

Промовирани огласи »

Кога веќе имате испратено огромен број на CV-a за слободни работни места и сте биле интервјуирани исто толку пати, добивањето на понуда за работа се чини како конечна награда. Но само бидејќи некој ви нуди работа не значи дека е потребно да ја прифатите. 

Интервјуто не само што помага на вашиот потенцијален претпоставен да ве запознае, исто така е можност за Вие да ја запознаете компанијата, тимот и работната позиција. Одлуката за работата е најдобро да ја донесете по завршувањето на интервјуто, за да размислете подобро околу дадените и добиените одговори. Во продолжение, прочитајте некои важни прашања кои може да ги земете во предвид пред да дадете конечен одговор за работна понуда:

1. Што се очекува од мене најпрво? 

Луѓето вообичаено, се многу возбудени за професионалната можност што ја добиваат што забораваат да ги прашат основните работи како што се „Кога започнувам со работа?“ или „Како ќе изгледаат моите први недели што се однесува до дневни задачи?“ Немојте да се срамите доколку сакате да добиете конкретен одговор за овој вид на спецификации. Вие всушност, му вршите услуга на вашиот претпоставен со превземањето иницијатива и поставувањето прашања за да се осигурате дали вашите очекувања од работата се во сооднос со реалноста. 

2. Дали сум среќен/на со платата? 

Доста често, прашањето за платата може да не се дискутира воопшто на интервјуот. Ако вашиот интервјуер и понатаму се обидува да го заобиколи ова прашање, можеби ќе е потребно директно да прашате колку ќе изнесува вашата плата. Исто така, ќе треба да препознаете дали има простор за преговарање. Еднаш кога ќе имате овие основни прашања одговорено, тогаш е време да одлучите дали сте задоволни со компензацијата. Ако не, нека оваа дискусија се одржи пред да го дадете конечното „да“ или „не“. 

3. Дали сум задоволен/на со културата на компанијата? 

Мали се шансите да влезете во вашата канцеларија или зграда и веднаш да почувствувате дали вработените се задоволни или не, но може да се добие идеја. Доколку е возможно, прошетајте за да видете што работат вашите соработници. Исто така, може да го прашате вашиот интервјуер за тоа дали компанијата вложува било каков труд за креирање добредојдена работна атмосфера. 

4. Дали ова ме приближува до моите кариерни цели? 

Лесно е да се внесеме во големи цифри на плати или пакети за бенефити, но никогаш не заборавате дека работата е само еден дел од градењето на вашата кариера. За да изградете нешто навистина големо, треба да работите кон вашата цел - не само да заработувате пари. Запрашајте се себеси: Дали оваа работа ми служи како скалило за мојата цел или ќе ме врати еден чекор назад? 

5. Дали гледам можност за професионален раст? 

На сличен начин, би требало да откриете дали постои можност за професионален раст во компанијата. Најдобриот начин за да се направи ова е прашајте за време на вашето интервју. Погледнете кои видови на работни можности се достапни и на кое ниво. Ова не само што ви дава подобро разбирање на тоа како можете да се движите во компанијата, туку и ви индицира дали моменталните вработени се среќни со работењето во компанијата. 

6. Дали добро го прочитав мојот договор? 

Пред да го потпишете договорот, осигурајте се дека знаете што е напишано во истиот. Многумина веруваат дека е само формална постапка, но ако нешто не ви се чини разбирливо во договорот, треба веднаш да го разјаснете. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »