Доставувач во Скопје

За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Прима Мебел ДОО:

Доставувач - Монтер во Битола

(преземи го огласот како слика)

 

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, во Република Словенија 1 продажно место, додекa во Република Северна Македонија 7. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори.  На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност

Поради отворање на нови салони, имаме потреба за проширување на тимот, бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:        

 

                                                                   Доставувач во Скопје

Потребни способности и квалификации:

  • Mотивирана и стабилна личност;
  • Организираност, систематичност и темелност во работата;
  • Навремено исполнување на обврските зададени по налог на претпоставениот;
  • Способност за тимска работа и одговорност;
  • Позитивен став и професионално однесување;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Пожелно е поседување на возачка дозвола Ц категорија;
  • Претходно работно искуство во магацин ќе се смета за предност;

Опис на работни обврски:

  • Превоз и дистрибуција на роба низ Скопје и  Македонија;
  • Прием, складирање и издавање на производите во магацинот;
  • Пакување на роба по соодветен работен налог;

Нудиме:

  • Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
  • Стимулативни примања;
  • Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
  • Систем на наградување на успешните вработени;

Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Доставувач во Скопје.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »