Промовирани огласи »

Биткоинот, чија вредност скокна од почетокот на годината, и настојувањата на претприемачите да ги користат дигиталните валути, привлекуваат внимание на американските регулаторни агенции.

Американската владина комисија за вредносни хартии и берза Securities and Exchange Commission, SEC) ги предупреди оваа недела инвеститорите на ризик вложувања во воглавно нерегулирани дигитални валути.

Друга американска федерална агенција предложи регулација на тргувањето со биткоини по моделот на регулација на другите добра како што се пченица, нафта, злато и сребро.

SEC во декември спречи два обиди за подигање пари преку таканаречена „иницијална понуда на криптовалути“ (Initial coin offering, ICO), што правните експерти го сметаат за наговестување на претстојната пресметка со таа пракса.

Светот на биткоинот и другите дигитални валути може да биде поделен во две големи гранки. Едната подразбира инвеститорите да купуваат валути како што се биткоинот и етерумот, а другата е ICO која им овозможува на стартап компаниите за финансирање на своите проекти да користат технологија која стои зад биткоинот.

Таквите претпријатија благодарение на системот ICO ќе издадат криптовалута, понекогаш наречена токен, која може да ја употребуваат за купување услуги.

Промовирани огласи »

Кога веќе имате испратено огромен број на CV-a за слободни работни места и сте биле интервјуирани исто толку пати, добивањето на понуда за работа се чини како конечна награда. Но само бидејќи некој ви нуди работа не значи дека е потребно да ја прифатите. 

Интервјуто не само што помага на вашиот потенцијален претпоставен да ве запознае, исто така е можност за Вие да ја запознаете компанијата, тимот и работната позиција. Одлуката за работата е најдобро да ја донесете по завршувањето на интервјуто, за да размислете подобро околу дадените и добиените одговори. Во продолжение, прочитајте некои важни прашања кои може да ги земете во предвид пред да дадете конечен одговор за работна понуда:

1. Што се очекува од мене најпрво? 

Луѓето вообичаено, се многу возбудени за професионалната можност што ја добиваат што забораваат да ги прашат основните работи како што се „Кога започнувам со работа?“ или „Како ќе изгледаат моите први недели што се однесува до дневни задачи?“ Немојте да се срамите доколку сакате да добиете конкретен одговор за овој вид на спецификации. Вие всушност, му вршите услуга на вашиот претпоставен со превземањето иницијатива и поставувањето прашања за да се осигурате дали вашите очекувања од работата се во сооднос со реалноста. 

2. Дали сум среќен/на со платата? 

Доста често, прашањето за платата може да не се дискутира воопшто на интервјуот. Ако вашиот интервјуер и понатаму се обидува да го заобиколи ова прашање, можеби ќе е потребно директно да прашате колку ќе изнесува вашата плата. Исто така, ќе треба да препознаете дали има простор за преговарање. Еднаш кога ќе имате овие основни прашања одговорено, тогаш е време да одлучите дали сте задоволни со компензацијата. Ако не, нека оваа дискусија се одржи пред да го дадете конечното „да“ или „не“. 

3. Дали сум задоволен/на со културата на компанијата? 

Мали се шансите да влезете во вашата канцеларија или зграда и веднаш да почувствувате дали вработените се задоволни или не, но може да се добие идеја. Доколку е возможно, прошетајте за да видете што работат вашите соработници. Исто така, може да го прашате вашиот интервјуер за тоа дали компанијата вложува било каков труд за креирање добредојдена работна атмосфера. 

4. Дали ова ме приближува до моите кариерни цели? 

Лесно е да се внесеме во големи цифри на плати или пакети за бенефити, но никогаш не заборавате дека работата е само еден дел од градењето на вашата кариера. За да изградете нешто навистина големо, треба да работите кон вашата цел - не само да заработувате пари. Запрашајте се себеси: Дали оваа работа ми служи како скалило за мојата цел или ќе ме врати еден чекор назад? 

5. Дали гледам можност за професионален раст? 

На сличен начин, би требало да откриете дали постои можност за професионален раст во компанијата. Најдобриот начин за да се направи ова е прашајте за време на вашето интервју. Погледнете кои видови на работни можности се достапни и на кое ниво. Ова не само што ви дава подобро разбирање на тоа како можете да се движите во компанијата, туку и ви индицира дали моменталните вработени се среќни со работењето во компанијата. 

6. Дали добро го прочитав мојот договор? 

Пред да го потпишете договорот, осигурајте се дека знаете што е напишано во истиот. Многумина веруваат дека е само формална постапка, но ако нешто не ви се чини разбирливо во договорот, треба веднаш да го разјаснете. 

Промовирани огласи »

Празниците се пред нас и нема подобро време за планирање на следните цели и резолуции за новата година. За многумина од нас, да се биде подобар на работното место е меѓу првите цели на таа листа. Во продолжение, прочитајте некои од вредностите кои можете да ги применете во наредната 2018та година: 

1. Покажете способност за флексибилност

Едно е вистинито за компаниите - колку подолго постои една компанија, колку подолго вие сте на одредената позиција, толку повеќе постои константност на работното место. Секој ден кога покажувате флексибилност на работата, вие покажувате дека сте незаменливи. Една од основните вредности на секоја компанија е „постојано зголемување на агилноста“. 

2. Решавајте проблеми пред вашиот претпоставен да знае дека постојат

Кога не сте ограничени на вашите должности, туку излегувате од вашата комфорна зона за решавање на проблеми, тогаш се докажувате дека сте незаменливи. Повеќето вработени решаваат проблеми кога им ги презентирате. Но вработените кои вредат го препознаваат овој проблем и го поправаат. Квалитетните сопственици и претприемачи знаат да го препознаат овој вид на талент и секогаш ви се исплаќа. 

3. Автоматизиран систем 

Сите вработени, алатки, техники и технологии на светот се ништо без умот, срцето и рацете и нивното паметно користење. Бидете стратегиски со тоа како го градите овој систем. Секој добар лидер знае дека стратегијата, креативното мислење и мисијата се од суштинско значење за здравјето на компанијата на долг рок. Ако ги прикажете овие карактеристики на тимот кој ве претставува вас, ќе си изградете слика за себеси како креатор кој не смее да си дозволи да загуби. 

Промовирани огласи »

Новиот Закон за енергетика, што е во подготовка, ги обврзува инвеститорите што ќе градат згради во иднина да ставаат мерачи на топлина, но во пракса поради поголемите трошоци инвеститорите одбегнуваат да инсталираат систем за централно греење, а со тоа нема потреба да ставаат ниту мерачи. Само 50 проценти од новите зградите имаат приклучок за централно греење.

Мерачите на топлина на радијаторите, што ќе биде законска обврска за инвеститорите, ќе ги поскапат становите што ќе се градат во иднина за 5 проценти или во просек по 50 евра за квадрат. Согласно новиот Закон за енергетика, кој е во подготовка, се пропишува обврска за инвеститорот на новите згради да постави мерни уреди на радијаторите, додека за постојните корисници оваа обврска не важи и се остава на нивната желба дали ќе ги вградат или не.

Бизнисменот Никола Велковски, кој е поранешен претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора, вели дека на инвеститорите им е неисплатливо во новите згради да поставуваат радијатори за централно греење.

Освен што ја поскапуваат градбата со поставување на систем во целата зграда, туку и секоја зграда не е блиску до приклучок до градската топловодна мрежа, па потребни се дозволи и прекопувања, што исто така е трошок и ја зголемува цената на градењето. Подоцна може да се јави проблем да идните сопственици на становите да не сакаат да се приклучат на централното греење, а тоа инвеститорот во фазата на проектирање и градба не може да го знае. Затоа ние инвеститорите сме во сериозна дилема и најчесто, особено кога станува збор за изградба на згради во централното и во поширокото градско подрачје, дали да поставуме радијатори за централно греење или, пак, радијатори за сопствено греење – вели Велковски.

Според него, зградите со површина до 2.000 квадратни метри не се приклучуваат на топлификацискиот систем бидејќи е неисплатливо да се поставува целата таа мрежа.

Таквите згради се опремуваат исклучиво со сопствено парно на струја и се погодни за нивна евентуална пренамена кога ќе дојде време да се приклучат на гас. Додека, пак, за поголемите згради со над 3.000 квадратни метри, таму исклучиво е греењето да биде на централно греење – додава Велковски.

Тој вели дека половина од зградите не се приклучени на централно греење. Велковски смета дека треба да се направи дополнителна анализа и договор меѓу инвеститорите и топлификационата компанија “Балкан енерџи” (БЕГ), како и што ќе биде со затоплувањето на идните станбени згради.

Познато е дека потребна е согласност од 60 проценти од станарите за да БЕГ даде дозвола за приклучување на централниот систем. Тука мора да посредува и државата – вели Велковски.

Инаку, во светот се практикува евтина варијанта на затоплување на станбените згради. Велковски нагласува дека станува збор за цевки на длабочина од 30 до 50 метри што се поставуваат под зградата и со помош на пумпи се црпи подземна вода која се затоплува со помош на сончеви колектори или на струја и истата се дистрибуира до становите.

Ваков систем се применува кај сите нови згради и комплекси на згради во германскиот град Хамбург. Овде вложувањата се малку поголеми, но бенефитот потоа е голем – вели Велковски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »