Раководител на оддел за машинска обработка на производи

За компанијата: БРАКО ДОО е позната македонска компанија, лоцирана во Велес, која важи за лидер во метало-преработувачката индустрија. Од рестартирањето на компанијата во 2003 година, новиот менаџмент на компанијата... повеќе за компанијата »

БРАКО ВРАБОТУВА

  • Раководител на оддел за машинска обработка на производи

Исклучителна можност за машински инженери со искуство во производството - нудиме одлични услови за работа, многу добри лични примања, платен оброк и многу други поволности за вработените.

Апликација за работното место може да доставите и на  [најави се за да го видиш е-маилот]

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

БРАКО ДОО е позната македонска компанија, лоцирана во Велес, која важи за лидер во метало-преработувачката индустрија.

Од рестартирањето на компанијата во 2003 година, новиот менаџмент на компанијата е посветен на постојан раст и развој на компанијата со воведување на современи и модерни технологии во производството и иновативни методи за управување со процесите.

Денес во БРАКО функционираат 4 производствени погони во кои се произведуваат:

  • Најсовремени машини за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Green Machines;
  • Автоматизирани машини за разни намени кои се испорачуваат на странски пазари и сите видови на метални конструкции;
  • Медицински помагала, опрема и мебел и
  • Повеќе видови на жичани производи

Идеалниот кандидат би требало да има искуство во:

  • Организација и следење на плановите и процесите на производството;
  • Менаџирање на ресурсите во производството за поефикасно исполнување на технолошките постапки;
  • Планирање и организирање на работните задачи на вработените;
  • Изработка на дневни, неделни и месечни планови за производство;
  • Познавање на работа на универзални и CNC машини (вертикална глодалка, хоризонтален струг, порталка глодалка и борверк);
  • Изработка на технологии и програми за изработка на делови на универзални и CNC машини;
  • Познавање на оперативните системи на машините (Fanuc, Siemens, Haindenhain, HartRoll);
  • Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3D модели.

Квалификации кои би го одвоиле од останатите:

  • BCC - Дипломиран машински инженер (предност ќе имаат кандидати од производно машинство);
  • Најмалку 5 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Способност за обука на нови вработени;
  • Работно искуство во Autocad,SolidWorks,Esprit или друг CAM програмски софтвер. (Познавање на Esprit би било предност);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на работа со MS Office како и работа со апликативен софтвер;
  • Работно искуство во производна компанија ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б-категорија.

Вештини кои би му биле од помош:

  • Способност за тимска работа;
  • Иницијативност;
  • Позитивен пристап кон работата;
  • Солидни организациски способности и менаџирање на време;
  • Желба за пронаоѓање на начини за унапредување на производните процеси;
  • Подготвеност за работа во динамична средина.

Што нудиме:

  • Можност за работа во современа работна средина;
  • Можност за работа во докажана компанија со преку 500 вработени;
  • Работа со професионален тим со големо искуство во областа;
  • 24-часовно здравствено осигурување;
  • Можност за постојано надградување во кариерата преку учество на секаков вид на саеми, семинари и обуки во земјата и странство;
  • Можност за соработка со докажани меѓународни партнери.
  • Обезбедена кетеринг исхрана и превоз на трошок на компанијата. 

Со самото доставување на потребната документација се согласувате ДПТУ БРАКО ДОО Велес да ги обработува вашите лични податоци за потребата на регрутација или вработување и истите да ги чува во базата на податоци подолго од 12 месеци.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »