Промовирани огласи »

НАСА објави сателитски снимки од создавање на нов остров во Тихи океан, кое го следи веќе три години.

Снимката прикажува еволуција на целосно нов остров во јужен Пацифик, наречен Hunga Tonga-Hunga Ha’apai. Островот е формиран 2014 година после подводна ерупција на вулкан.

Туристи ја снимиле огромната ерупција, поради која летовите околу тоа подрачје биле откажани. Кога се расчистил чадот, останал видлив новиот мал остров.

Се наоѓа на околу 650 километри југоисточно од Фиџи. Снимките од развојот на островот во последниве три години се први сателитски снимки од создавање остров, истакнуваат научниците.

На следното видео можете точно да видете за што станува збор:

https://www.youtube.com/watch?v=mFbYp7dsD6Y

Извор: http://sky.mk/blog/2017/12/14/nasa-objavi-satelitski-snimki-se-sozdava-nov-ostrov-vo-tihi-okean/

Промовирани огласи »

Во еден момент од вашата работа, ќе биде потребно да ја напуштите работата порано. Покрај се, вработените се човечки суштества со обврски кои не секогаш можат да бидат контролирани или преместени за викендот и неработните часови. Во најголемиот број од случаевите, разумен менаџер или работодавач ќе разбере и очекувано, барање за порано напуштање на работното место или доаѓање подоцна, со намера дека вашиот изговор е легитимен, важен и итен. 

Меѓутоа, дефинитивно постојат фактори кои може да ги зголемат или намалат шансите за да ја напуштите работата порано. Организационата култура, вашиот однос со вашиот менаџер и работната историја во однос на присуство и точност ќе влијае на тоа како вашето рано заминување ќе биде перцепирано од работодавачот. Во продолжение, прочитајте некои од позитивни и негативни причини за напуштање на работата порано, кои тимот на KARIERA.mk ги подготви:

Позитивни причини

Иако постојат и легитимни и нелегитимни изговори за да ја напуштите работата порано, не заборавајте дека одговорот на вашиот претпоставен возможно е да зависи повеќе од вашиот став како вработен отколку за причината која ќе ја покажете. 

Колку почесто се обидувате да заминете порано, толку потешко ќе биде да помине без критицизам, без разлика дали вашите причини се валидни или не. Најдобро е да бидете искрени за што навистина сакате или ви е потребно да заминете порано од работа. Најчесто, овие се општо прифатените причини за напуштање на работата порано:

  • Бизнис поврзување активности - Поврзување со потенцијални клиенти 
  • Обврски поврзани со клиентот - Состанок со клиент надвор од градот 
  • Активности поврзани со професионалниот развој - Посета на курс кој вашиот работодавач ве охрабрил да го земете
  • Фамилијарни обврски - Изненадна болест, смрт, ситуација со деца
  • Активности поврзани со вработување - Доколку сте известени дека сте добиле отказ
  • Лични причини - Посета на доктор
  • Итни фамилијарни или финансиски случаи - Секој инцидент во домот или заклучување на продажба за дом 
  • Религиозни обврски или волонтерска работа - Особено ако вашата компанија го поддржува волонтирањето 

Негативни причини 

  • Здодевност или немање доволно работни обврски 
  • Мамурлак - Да не се чустувате добро поради болест е едно, но мамурлакот е сосема друго
  • Дружење со пријатели - Слободното време е за овој вид активности
  • Непријатни вести на работното место - Критиките поднесете ги тимски и колку и да е непријатно, останете до крајот на денот
  • Рекреативни активности - Освен ако не е настан поддржан од компанијата, јогата е за во вашето слободно време
  • Обврски кои може да бидат решени надвор од работно време - автомобил, шопинг, обврски во банка и слични активности

Држете се за фактите

Најлошата причина за напуштање на работата порано е лажната. Вашиот кредибилитет ќе страда најмногу доколку бидете фатени во лага. Почитувајте ги односите со сите ваши претпоставени и одржувајте позитивен однос, така и си ги зголемувате шансите да заминете порано од работа кога навистина ќе ви биде потребно. 

Промовирани огласи »

Во 2017 HR индустријата вложи многу труд за пронаоѓање начини за зголемување на ангажманот на вработените, различностите, искористување на потенцијалот и развивање на агилна структура. Има многу повеќе што одделот за човечки ресурси може да придонесе за развој на овие инцијативи, грижи и прашања. Во 2018та ќе се забележи продолжување на овие напори. Меѓутоа. за да се додаде на веќе поставените цели, голем дел од нив ќе се фокусираат на технологијата и како таа ќе игра клучна улога во секој од овие домени. 

Трендови на човечките ресурси кои во 2018 ќе бидат центар на нашето внимание: 

1. Фокусирање на добробитието на вработените

Балансот помеѓу работата и животот порано беше мит. Можете дури и да кажете дека беше посакувана желба која многумина не би ја постигнале. Меѓутоа, се повеќе и повеќе професионалци од човечки ресурси ја препознаваат вредноста на општото добро на вработените и како директно влијае на продуктивноста. Стресот на работното место е број еден причинител за најголем дел од анксиозноста и нискиот морал кај вработените. 2018 ќе забележи проактивен пристап кој ќе го лимитира проверувањето на мејлови надвор од работното време и ќе ја намали работата за време на одморите. Понатамошни чекори ќе бидат превземени за дизајнирање на полиси и градење пракси кои ќе ги охрабрат вработените да ги исполнат личните потреби додека ефективно користејќи го времето во текот на работните часови. Исто така, филозофијата позади атрактивните бенефити кои компаниите сега ги нудат, покрај тоа што се атрактивни и привлекуваат таленти, се и причинител за намалување на стресот. 

2. Постојан и чест фидбек

Во текот на минатите години, ефективноста на оценките за перформансите се намалувала. Највисоко поврзаните вработени примаат редовно како и често фидбек кои тие го ценат и го сметаат за попотребен отколку поретките оценувања. Во 2018та, оценувањата ќе продолжат да се намалуваат и фаворизиран ќе биде фидбекот. Денешниот талент е далеку пожелен, има пократок распон на внимание и брзо реагира. За да се прилагодите на овој вид на таленти, потребно е да ги насочите вашите практики кон олеснување на нивните потреби, кариерни аспирации и нивоа на поврзаност. 

3. Талентот од иднината

Кога размислувате за тренинзи и обуки, првото нешто што ви доаѓа на памет е учењето за стекнување нови вештини. Додека ова е точно до некој степен, растечка промена се случува во делот кон што се насочува тренингот. Благодарение на автоматизацијата и развојот на вештачката интелигенција, голем дел од повторливите задачи на работа се заменети. 2018та во овој поглед ќе биде поинаква. Компаниите сега ќе почнат да гледаат на нивните сектори за човечки ресурси да ги детерминираат капацитетите кои можат да ги изградат, со цел да имаат порелевантна работна сила во иднина. Вештините на вашите таленти денес нема да бидат релевантни до крајот на 2018та. Така што, компаниите ќе забележуваат кого тоа може да го развијат од своите вработени за во иднина да може да земе удел во попредизвикувачки улоги. 

Промовирани огласи »

Секој бизнис, на крајот од денот, се наоѓа во истата борба. Често, постои фрустрацијата. Понекогаш се присутни и неуспесите. Но, тајните на успех на било кој бизнис не се секогаш толку комплицирани како што многумина од нас имаат впечаток. 

1. Креирајте нешто од вистинска вредност 

Зошто е ова од суштинска важност? Додека некои луѓе се способни да продадат било што, тоа не значи дека се гарантира успех на долг рок. Што и да продавате, произведувате, креирате или планирате, треба да го правите со најголем интерес кон потрошувачите/клиентите. Односно, со други зборови, да додадете огромна вредност. 

Размислете за момент за ова. Најуспешните светски компании пред да направат профит, тие креирале вредност на нивните производи и услуги. 

2. Подобрете ги животите на другите

Не само што треба да креирате вистинска вредност, но исто така потребно е да барате начини преку кои можете да ги подобрите начините на другите со што и да се занимавате. Да, можете било што да продадете на било кого во даден период. Но, ако не ги подобрувате животите на вашите потрошувачи, го губите вашето време. Ова не значи дека нема да профитирате од вашиот труд. Ова едноставно значи дека треба ад се фокусирате на подобрување на животот на клиентите пред се останато. Тоа е клучот или тајната за успех. 

3. Бидете автентични и транспарентни

Не ветувајте работи кои се невозможни за остварување, луѓето веднаш ги препознаваат. Наместо тоа, бидете искрени за тоа што вашиот производ или услуга ќе направи. Користете реални оценки од луѓе кои ги користеле вашите услуги или производи. Тие сведоштва може да ви послужат многу. 

4. Фокусирајте се на позитивизмот

Не секогаш треба да целите да ги задоволите сите секогаш, фокусирајте ги вашите мисли на позитивен начин. Тешко е и предизвик е да не се мисли негативно, но не е невозможно. Низ нашиот ум минуваат 60,000 мисли дневно и огромен број од нив се случуваат потсвесно и ако не ги фокусирате вашите мисли кон позитивната страна, ќе се чувстувате како да не сте во контрола. 

5. Следете го 80-20 правилото 

Правилото 80-20 значи дека 80% од резултатите доаѓаат од 20% од трудот. Во продажба, тоа значи дека 805 од продажбата доаѓа од 20% од клиентите. Фокусирајте се на ова. Пронајдете ги резултатите кои продуцираат најдобри резултати. Тука не се работи за прекувремено работење, пренапорно работење или секогаш да се биде последен да се напушти канцеларијата. Тука се работи за продуктивност. Само идентификувајте ги трудовите и работата која ви дава најдобри резултати и целете натаму. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »