Промовирани огласи »

Секој бизнис, на крајот од денот, се наоѓа во истата борба. Често, постои фрустрацијата. Понекогаш се присутни и неуспесите. Но, тајните на успех на било кој бизнис не се секогаш толку комплицирани како што многумина од нас имаат впечаток. 

1. Креирајте нешто од вистинска вредност 

Зошто е ова од суштинска важност? Додека некои луѓе се способни да продадат било што, тоа не значи дека се гарантира успех на долг рок. Што и да продавате, произведувате, креирате или планирате, треба да го правите со најголем интерес кон потрошувачите/клиентите. Односно, со други зборови, да додадете огромна вредност. 

Размислете за момент за ова. Најуспешните светски компании пред да направат профит, тие креирале вредност на нивните производи и услуги. 

2. Подобрете ги животите на другите

Не само што треба да креирате вистинска вредност, но исто така потребно е да барате начини преку кои можете да ги подобрите начините на другите со што и да се занимавате. Да, можете било што да продадете на било кого во даден период. Но, ако не ги подобрувате животите на вашите потрошувачи, го губите вашето време. Ова не значи дека нема да профитирате од вашиот труд. Ова едноставно значи дека треба ад се фокусирате на подобрување на животот на клиентите пред се останато. Тоа е клучот или тајната за успех. 

3. Бидете автентични и транспарентни

Не ветувајте работи кои се невозможни за остварување, луѓето веднаш ги препознаваат. Наместо тоа, бидете искрени за тоа што вашиот производ или услуга ќе направи. Користете реални оценки од луѓе кои ги користеле вашите услуги или производи. Тие сведоштва може да ви послужат многу. 

4. Фокусирајте се на позитивизмот

Не секогаш треба да целите да ги задоволите сите секогаш, фокусирајте ги вашите мисли на позитивен начин. Тешко е и предизвик е да не се мисли негативно, но не е невозможно. Низ нашиот ум минуваат 60,000 мисли дневно и огромен број од нив се случуваат потсвесно и ако не ги фокусирате вашите мисли кон позитивната страна, ќе се чувстувате како да не сте во контрола. 

5. Следете го 80-20 правилото 

Правилото 80-20 значи дека 80% од резултатите доаѓаат од 20% од трудот. Во продажба, тоа значи дека 805 од продажбата доаѓа од 20% од клиентите. Фокусирајте се на ова. Пронајдете ги резултатите кои продуцираат најдобри резултати. Тука не се работи за прекувремено работење, пренапорно работење или секогаш да се биде последен да се напушти канцеларијата. Тука се работи за продуктивност. Само идентификувајте ги трудовите и работата која ви дава најдобри резултати и целете натаму. 

Промовирани огласи »

Незаинтересираноста на проектот “Добредојде бебе” кој Министерството за здравство го промовираше пред пет месеци, ќе се надминува со нова услуга од Управата за водење на матични книги.

Од први јануари идната година секое дете родено во едно од петте родилишта на територијата на Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Матичната служба, а не во општините каде што се наоѓаат здравствените институции. Изводот од матична евиденција ќе се издава во рок од пет дена.

Котевски истакна дека проектот “Добредојде бебе”, кој што овозможува пријавување на новороденчето уште во болница и добивање на извод во рок од 48 часа, и кој досега го искористувале просечно 30% од родителите, ќе продолжи и во иднина.

Годинава на територијата на Град Скопје се родиле 10.900 новородечнчиња. Во ГАК Скопје 4700, во Мајка Тереза во Чаир 3850, а останатите 2350 живородени деца се родени во приватните болници.   

Промовирани огласи »

Нови наплатни станици, и електронско плаќање патарина. Во 2018 година кочено ќе почне да се применува новиот, модерен начин на работа по макеоднските патишта.

На комплетно новата станица во Романовце, кумановско, опремата е веќе инсталирана. Во моментов таму се прави технички прием по што ќе биде ставена во функција. Електронската наплата на патарините ќе почне малку подоцна кога ќе бидат завршени и дел од другите станици по должината на Коридорот 10.

Според планот, наскоро ќе почнат градежните работи на наплатните во Петровец и Градско, како и изградба на објектот во непосредна близина на наплатна станица Петровец каде ќе биде сместен централниот систем за наплата на патарина. 

Цените нема да се менуваат, нови наплатни станици ќе има на двата нови автопати кои следната година треба да почнат со работа, Демир Капија Смоквица и Штип Миладиновци.

Промовирани огласи »

Дроновите се алатка за луѓето кои се сметаат себеси како огромни љубители на технологијата и тоа не е изненадување. Тие се интересни за летање и може да фотографираат прекрасни слики од скоро невозможни точки за човеков пристап. Но, некои дронови се подобри за авантура од другите. 

Дронот именувам The Hover 4K Camera Passport Self-Flying Camera Drone има елегантни и издржливи форми на јаглеродни влакна кои го прават одличен за да го собере во вашата чанта или ранец и да го пуштите во воздух кога и да ви е потребно. 

Исто така, како што кажува и самото име, може да лета самиот. Овој дрон кој е добитник на Red Dot Design наградата, IF Design наградата и CES 2017 почестена награда користи препознавање на лице и автоматска функција за да снима 360º панорамско видео од Вас во вашата средина. Може исто така, да обезбеди фотографии врз основа на вашите гестови со рацете. 

Моменталната цена на дронот е 349.99$, а инаку чини 499.99$. 

Погледнете го видеото кое покажува како всушност функционира овој дрон:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=52&v=_fkqyNkC5DQ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »