Промовирани огласи »

Во 2017 HR индустријата вложи многу труд за пронаоѓање начини за зголемување на ангажманот на вработените, различностите, искористување на потенцијалот и развивање на агилна структура. Има многу повеќе што одделот за човечки ресурси може да придонесе за развој на овие инцијативи, грижи и прашања. Во 2018та ќе се забележи продолжување на овие напори. Меѓутоа. за да се додаде на веќе поставените цели, голем дел од нив ќе се фокусираат на технологијата и како таа ќе игра клучна улога во секој од овие домени. 

Трендови на човечките ресурси кои во 2018 ќе бидат центар на нашето внимание: 

1. Фокусирање на добробитието на вработените

Балансот помеѓу работата и животот порано беше мит. Можете дури и да кажете дека беше посакувана желба која многумина не би ја постигнале. Меѓутоа, се повеќе и повеќе професионалци од човечки ресурси ја препознаваат вредноста на општото добро на вработените и како директно влијае на продуктивноста. Стресот на работното место е број еден причинител за најголем дел од анксиозноста и нискиот морал кај вработените. 2018 ќе забележи проактивен пристап кој ќе го лимитира проверувањето на мејлови надвор од работното време и ќе ја намали работата за време на одморите. Понатамошни чекори ќе бидат превземени за дизајнирање на полиси и градење пракси кои ќе ги охрабрат вработените да ги исполнат личните потреби додека ефективно користејќи го времето во текот на работните часови. Исто така, филозофијата позади атрактивните бенефити кои компаниите сега ги нудат, покрај тоа што се атрактивни и привлекуваат таленти, се и причинител за намалување на стресот. 

2. Постојан и чест фидбек

Во текот на минатите години, ефективноста на оценките за перформансите се намалувала. Највисоко поврзаните вработени примаат редовно како и често фидбек кои тие го ценат и го сметаат за попотребен отколку поретките оценувања. Во 2018та, оценувањата ќе продолжат да се намалуваат и фаворизиран ќе биде фидбекот. Денешниот талент е далеку пожелен, има пократок распон на внимание и брзо реагира. За да се прилагодите на овој вид на таленти, потребно е да ги насочите вашите практики кон олеснување на нивните потреби, кариерни аспирации и нивоа на поврзаност. 

3. Талентот од иднината

Кога размислувате за тренинзи и обуки, првото нешто што ви доаѓа на памет е учењето за стекнување нови вештини. Додека ова е точно до некој степен, растечка промена се случува во делот кон што се насочува тренингот. Благодарение на автоматизацијата и развојот на вештачката интелигенција, голем дел од повторливите задачи на работа се заменети. 2018та во овој поглед ќе биде поинаква. Компаниите сега ќе почнат да гледаат на нивните сектори за човечки ресурси да ги детерминираат капацитетите кои можат да ги изградат, со цел да имаат порелевантна работна сила во иднина. Вештините на вашите таленти денес нема да бидат релевантни до крајот на 2018та. Така што, компаниите ќе забележуваат кого тоа може да го развијат од своите вработени за во иднина да може да земе удел во попредизвикувачки улоги. 

Промовирани огласи »

Секој бизнис, на крајот од денот, се наоѓа во истата борба. Често, постои фрустрацијата. Понекогаш се присутни и неуспесите. Но, тајните на успех на било кој бизнис не се секогаш толку комплицирани како што многумина од нас имаат впечаток. 

1. Креирајте нешто од вистинска вредност 

Зошто е ова од суштинска важност? Додека некои луѓе се способни да продадат било што, тоа не значи дека се гарантира успех на долг рок. Што и да продавате, произведувате, креирате или планирате, треба да го правите со најголем интерес кон потрошувачите/клиентите. Односно, со други зборови, да додадете огромна вредност. 

Размислете за момент за ова. Најуспешните светски компании пред да направат профит, тие креирале вредност на нивните производи и услуги. 

2. Подобрете ги животите на другите

Не само што треба да креирате вистинска вредност, но исто така потребно е да барате начини преку кои можете да ги подобрите начините на другите со што и да се занимавате. Да, можете било што да продадете на било кого во даден период. Но, ако не ги подобрувате животите на вашите потрошувачи, го губите вашето време. Ова не значи дека нема да профитирате од вашиот труд. Ова едноставно значи дека треба ад се фокусирате на подобрување на животот на клиентите пред се останато. Тоа е клучот или тајната за успех. 

3. Бидете автентични и транспарентни

Не ветувајте работи кои се невозможни за остварување, луѓето веднаш ги препознаваат. Наместо тоа, бидете искрени за тоа што вашиот производ или услуга ќе направи. Користете реални оценки од луѓе кои ги користеле вашите услуги или производи. Тие сведоштва може да ви послужат многу. 

4. Фокусирајте се на позитивизмот

Не секогаш треба да целите да ги задоволите сите секогаш, фокусирајте ги вашите мисли на позитивен начин. Тешко е и предизвик е да не се мисли негативно, но не е невозможно. Низ нашиот ум минуваат 60,000 мисли дневно и огромен број од нив се случуваат потсвесно и ако не ги фокусирате вашите мисли кон позитивната страна, ќе се чувстувате како да не сте во контрола. 

5. Следете го 80-20 правилото 

Правилото 80-20 значи дека 80% од резултатите доаѓаат од 20% од трудот. Во продажба, тоа значи дека 805 од продажбата доаѓа од 20% од клиентите. Фокусирајте се на ова. Пронајдете ги резултатите кои продуцираат најдобри резултати. Тука не се работи за прекувремено работење, пренапорно работење или секогаш да се биде последен да се напушти канцеларијата. Тука се работи за продуктивност. Само идентификувајте ги трудовите и работата која ви дава најдобри резултати и целете натаму. 

Промовирани огласи »

Незаинтересираноста на проектот “Добредојде бебе” кој Министерството за здравство го промовираше пред пет месеци, ќе се надминува со нова услуга од Управата за водење на матични книги.

Од први јануари идната година секое дете родено во едно од петте родилишта на територијата на Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Матичната служба, а не во општините каде што се наоѓаат здравствените институции. Изводот од матична евиденција ќе се издава во рок од пет дена.

Котевски истакна дека проектот “Добредојде бебе”, кој што овозможува пријавување на новороденчето уште во болница и добивање на извод во рок од 48 часа, и кој досега го искористувале просечно 30% од родителите, ќе продолжи и во иднина.

Годинава на територијата на Град Скопје се родиле 10.900 новородечнчиња. Во ГАК Скопје 4700, во Мајка Тереза во Чаир 3850, а останатите 2350 живородени деца се родени во приватните болници.   

Промовирани огласи »

Нови наплатни станици, и електронско плаќање патарина. Во 2018 година кочено ќе почне да се применува новиот, модерен начин на работа по макеоднските патишта.

На комплетно новата станица во Романовце, кумановско, опремата е веќе инсталирана. Во моментов таму се прави технички прием по што ќе биде ставена во функција. Електронската наплата на патарините ќе почне малку подоцна кога ќе бидат завршени и дел од другите станици по должината на Коридорот 10.

Според планот, наскоро ќе почнат градежните работи на наплатните во Петровец и Градско, како и изградба на објектот во непосредна близина на наплатна станица Петровец каде ќе биде сместен централниот систем за наплата на патарина. 

Цените нема да се менуваат, нови наплатни станици ќе има на двата нови автопати кои следната година треба да почнат со работа, Демир Капија Смоквица и Штип Миладиновци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »