Промовирани огласи »

Во 2018 потрошувачите се во потрага на брендови и клиенти кои се насочени кон персонализирање, тие сакаат компании кои се поверодостојни и помалку фригидни во однос на компаниите од минатото. Не е тајна дека креирањето на содржина може да одземе многу време, да чини многу и скоро невозможно да е совршено. Она што многу бизниси го прават моментално е им дозволуваат на малиот тим кој го имаат да креираат содржина со која читателите ќе се чувствуваат опуштено. 

Три начини за да изградете релевантно онлајн присуство

  • Поврзете се со вашата публика на природен начин 

Ако сте присутни во онлајн светот и гледате како изгледаат објавите на вашите потрошувачи, може да забележите дека изгледаат сосема различно од она што Вие типично објавувате. Ова не значи дека е потребно да заборавете да бидете професионални и да се спуштите неколку нивоа подолу од вашата првична цел. 

Едно можно сценарио е објавување на начин кој е помалку насочен кон продажба и наместо тоа, изгледа како нешто што е објавено на пријателски начин за да се добие поголема база на лојални потрошувачи. 

  • Држете се до своите принципи и дозволете им на вашите следачи да се придружат 

Постојат многу риби во морето, како Вие се одвојувате? Еден одличен начин е да го поврзете вашиот бренд со причина која е важна за Вас и која е релевантна за вашиот бренд. Пример, златара која ги обучува бездомните жени и оние кои се соочиле со семејно насилство за изработката на накит и им овозможува на овие жени со платите кои ги заработуваат, да застанат повторно на нозе и да ги издржуваат своите семејства. 

Ова е одлично бидејќи вие одвојувате за општото добро и исто така, поврзувајќи се со причина која им е блиска на многу луѓе. Секоја продажба, во случајот со златарата, овозможува поддршка за овие жени и ги исполнува и нивните и целите на златарата во исто време. 

  • Зборувајте им на вашите потрошувачи како да сте пријатели 

Дали имате проблем со тоа потрошувачите да ви одговорат повратно на вашиот одговор? Можеби ако вашите одговори им зборуваат на луѓето на начин на кој би можеле да се поврзат, отколку единствено зборувањето, вие ќе забележите подобри резултати. Прашувањето отворени прашања ќе им дозволи на вашите следбеници да се чувстуваат како да се дел од нешто, не само како минувачи. 

Некои идеи кои би можеле да ги употребите - разговарајте од каде се, споделување на нивниот омилен GIF или поставете им прашање за во која боја да биде вашиот следен производ. Најголемиот дел од корисниците на социјалните медиуми сакаат да бидат дел од нешто поголемо од себе, дозволете им! Исто така, не бидете исплашени да им дадете повратен одговор. Никој не сака да биде оставен извисен, вратете, заблагодарете се на нивните коментари. 

Кога ќе почнете да ги имплементирате овие промени, ќе забележите зголемување на бројот на лојалните потрошувачи. Сигурно е дека ви било пријатно да ги претворите вашите пријатели во потрошувачи, но дали можете да ги претворите потрошувачите во пријатели? 2018 е одлична година за да ја тестирате оваа теорија. 

Промовирани огласи »

Советот на министри на Босна и Херцеговина на денешната седница го утврди текстот на предлог договорот со Владата на Македонија, за условите при патувањето на државјаните од двете земји, со што би се проширила економската соработка во областа на туризмот и културата.

Во соопштението од владината седница се посочува дека на тој начин, ќе се олесни патувањето на граѓаните од Македонија и Босна и Херцеговина со преминување на границите со биометриски пасоши или со биометриска лична карта и престој во една од земјите до 90 дена во период од 180 денови.

Како што јави ФЕНА, предлог-договорот со Извештајот од преговорите ќе биде доставен до Претседателството на Босна и Херцеговина, а за негов потписник од босанска страна е определен министерот за надворешни работи Игор Црнадак.

Промовирани огласи »

Невозможно е да „менаџира“ времето. Постојат 24 часа во денот, 60 минути во еден час и 60 секунди во една минута. Не можете ниту даги забрзате ниту да ги забавите. 

Она што можеме да контролираме е каде го трошиме нашето време и да дејстуваме за да го редуцираме или елиминираме потрошеното време. Менаџирањето на времето всушност, се сведува на менацирање на себеси. 

Применете ги следниве безвременски начини за да ја превземете контролата и да не го трошите залудно вашето време:

  • Поставете си приоритетни цели
    • Без цел, ќе бидете насочени кон она што ви се чини дека е поважно или она што не ви дава мир. Поставете си ги јасно вашите приоритети, особено на дневно, неделно, месечно и годишно ниво. Рангирајте ги користејќи ги следниве критериуми и секогаш работете на она што е најважно и најитно (А1)
      • важност ( А-високо; Б-средно; Ц-ниско)
      • итност ( 1-високо; 2-средно; 3-ниско) 

  • Следете го 80/20 правилото
    • 80/20 правилото или познато како Принципот на Парето, вели дека 80% од вашите резултати доаѓаат од само 20% од вашите акции. Ова е начин да го приоритетизирате вашето време наспроти вашите најважни цели. 
  • Научете да кажете не
    • Повремено, барањата од другите може да им бидат важни на нив, но да бидат во конфликт со вашите најважни барања. Дури и да е нешто што Вие би сакале да го направите, но едноставно немате време, може да биде многу тешко да се каже „не“. Да се биде тимски играч е одлично, но исто така е важно и да се знае кога да се биде истраен во одлуката дека не можете да го остварите нивното барање во моментот. Преговарајте за крајниот рок кој во исто време, ќе ги постигне нивните цели без да ги жртвувате своите. 
  • Метафората „изедете ја жабата“
    • Од книгата на Брајан Трејси постои извадок кој гласи вака: „Ако она што го правите секое утро е да јадете жаба, тогаш можете да поминете низ денот со задоволството од знаењето дека тоа најверојатно е најлошото нешто што може да ви се случи во текот на целиот ден.“ Во целост метафорички, жабата ја претставува вашата најтешка задача - онаа која ќе има најголемо влијание врз извршување на вашите цели, но задачата која најмногу ја избегнувате и одложувате да ја почнете. 

  • Состаноци
    • Состаноци кои не се добро организирани, без концепт, мултиплицирани од бројот на луѓе присутни на состанокот. 
  • Елиминирајте ги електронските потрошувачи на време
    • Што е она што ви троши времето на работа? Facebook? Twitter? Проверката на мејлот? Постојано пишување со фамилијата и пријателите? Обидете се што помалку да ги проверувате социјалните медиуми. Поставете си лимит на пр. проверувајте за време на паузите и држете се до тие ветувања. 
  • Грижете се за своето здравје 
    • Добриот, квалитетен сон, здравата исхрана и физичкото вежбање ќе ви дадат дополнителна енергија и фокус кои се потребни за да ги издржите обврските во текот на денот. 

Промовирани огласи »

Голем дел од консултантите за фамилијарни бизниси го сумирале успешниот трансфер на фамилијарниот бизнис во три Т: Тренинг, трансакција и транзиција.

Тренинг

Да се надеваме, дека ќе е сосема очигледно кој ги поседува вештините, карактерот и темпераментот да го води бизнисот. Меѓутоа, ова не значи дека тој/таа автоматски е подготвен за работата или ќе се справи со истата во блиска иднина. Овој бизнис е нешто кое вие сте го почнале од нула и потребно е да се осигурате дека сте ја избрале вистинската личност. Личноста на која го пренесувате бизнисот не е доволно само да е подготвена и заинтересирана, туку и способна. Тука започнува тренингот да стапува на сила, нешто што би можело да трае со години. 

Најдобро е да имате подготвено тренинг план и да имате поставено цели за постигнување и дати за официјалниот трансфер на документи. Членовите на фамилијата секако, треба да го заслужат правото да го поседуваат бизнисот. Но тие исто така, не сакаат да се чуствуваат дека во секој момент може да паднат во бездната или дека процесот на обучување ќе трае цела вечност и потпишувањето на документите никогаш не се случува. 

Трансакција

Фамилијарните трансакции се во пракса, многу поопуштени кога се работи за темата на тајни договори, валидација и преговарање. Ова е разбирливо, но може да води до отворање на други прашања. Сите членови на фамилијата треба да се потрудат трансакцијата да се одвива професионално. 

Вклучете адвокат во целиот процес или можеби легитимен бизнис консултант кој ќе ви даде надворешно мислење за вредноста на вашиот бизнис. Во скоро секоја ситуација, типично е сопственикот да смета дека бизнисот вреди многу повеќе отколку што навистина е. Тие веруваат дека членовите на фамилијата треба да се благодарни што го добиваат бизнисот. Ова бара интервенција во склоп на фамилијата и реални проверки за тоа колку е всушност вредноста на бизнисот. 

Транзиција

Членот од фамилијата кој ќе биде идниот сопственик може да има сосема друга визија и насока за бизнисот. Се додека ова не носи ризик за профитот, не постои проблем и дајте им ја потребната поддршка. Добар совет е имањето на некој од претходните сопственици (најчесто родителите) во бордот на директори или како советници. 

Исто така, особено е често претходниот сопственик да работи со клиенти кои би можеле да си заминат доколку сопственикот целосно исчезне. За оваа ситуација, особено е клучно одржувањето на состаноци каде новиот сопственик би се запознал со сите овие важни клиенти. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »