Промовирани огласи »

Со помош на технологијата, сега е полесно од било кога да пронајдете работа кој ви дозволува да патувате по светот. Постојат неколку работни места кои може да се претворат во кариери кои ви дозволуваат да патувате без да имате огромен недостаток на пари. 

Стјуардеса

Да бидете платени за да патувате? Тоа е реалноста за стјуардесите. Плус, се добиваат огромни попусти за летови со авионската компанија за која работите. Едно од негативните нешта е што на почетокот, не ги одбирате летовите, доцнењето на летовите може да биде проблем и износот на платите е дискутабилен. 

Работа на брод

Како додаток на посетување на различни делови од светот, работниците на брод доста често добиваат и храна и сместувања на бродот. Најчесто се дели соба со друг човек и можеби да имате проблем додека да се навикнете на напорната работа, но многу често луѓето се враќаат за повеќе.

Работа во ИТ секторот

Најверојатно веќе сте запознаени со огромните можности за работите во ИТ секторот, како и високите плати. Привилегија плус е што многу од вработените во овој сектор имаат можности насекаде низ светот, што значи дека може да работите од било кој дел на светот и да бидете добро платени. 

Професори по Англиски јазик 

Местата како Јапонија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати сите плаќаат добро за професори по Англиски јазик да живеат во нивните земји и да ги едуцираат студентите. Најголемиот дел од нив бараат сертификат за едуцирање Англиски како и одредено искуство. Ова може да биде одлична можност ако сакате да живеете како локал година време или повеќе. 

Промовирани огласи »

Не е секогаш лесно да се биде на одговорна позиција. 

Менаџирањето на другите луѓе доаѓа со многу притисок. И кога сте на позиција на менаџер, може да биде тешко да ја евалуирате својата работа. 

Да се биде добар шеф, претпоставен, менаџер е од суштинско значење за вашата организација - третина од работниците ги напуштаат своите места поради неквалитетен менаџер. Но, не сте во состојба да шетате по канцеларијата и да барате од вашите вработени да ви кажат како работите. Она што можете да направите е анкета и потоа да смените нешто кај себеси врз основа на фидбекот. 

Исто така може да погледнете и на другите, посуптилни знаци дека сте многу успешни на својата менаџерска позиција:

1. Ги третирате вашите вработени како човечки суштества

За жал, некои менаџери сметаат дека делењето навреди и злоупотребата е ефективна мотивациона техника. Во повеќето случаи, ова едноставно не е вистина. Ако ги вреднувате и гледате вашите вработени како обични луѓе, тогаш веќе сте голем чекор напред пред многу други менаџери. 

2. Пробувате нови нешта 

Добрите шефови адаптираат одредени методи бидејќи ова е најдобриот начин - не затоа што тие се навикнале на еден или друг начин. Тие им даваат простор на своите вработени за експериментирање и внесување иновации. 

3. Вие ги отстранувате препреките

Неквалитетните менаџери поставуваат препреки кои им го отежнува успехот на вработените и воопшто, вршењето на својата работа. Одличните менаџери треба активно да работат на олеснување на животот на своите вработени. 

4. Вие сте добар тренер

Тренерите не седат на клупа покажувајќи на секој со прст. Тие исто така, не ни влегуваат на теренот да играат место играчите. Добрите менаџери се исти како и добрите тренени - Тие бараат почит и ја овозможуваат вистинската количина на пофалби и конструктивен критицизам за да го разбудат најдоброто во нивните вработени. 

5. Вие разговарате со вашите вработени 

Разговарањето со вашите вработени, а не на нив, е она што ве одвојува од другите менаџери бидејќи на овој начин, им помагате на вашите вработени да успеат во своите цели и да ги отстранат своите грижи. 

6. Вие сте добар слушател 

Ова е главната причина зошто интровертите се добри шефови. Многу луѓе имале менаџер кој обожавал да зборува. Почесто и многу попочитувани, се оние претпоставени кои се квалитетни слушатели

Промовирани огласи »

Официјалните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека од Македонија во 2016 година се отселиле само 440 граѓани.

Споредено со годините претходно трендот бележи намалување. Во 2015 година од Македонија се отселиле 767 лица, во 2014 година 740, во 2014 година 945 лица, а во 2012 година земјата ја напуштиле 1.330 лица.

Според последните податоци објавени од ДСЗ во Публикација посветена на миграциите, во земјава во 2016 година се доселиле 283 македонски граѓани, а во 2012 година 396 граѓани.

Во рамки на внатрешните миграции во земјава, 6.869 лица мигрирале од една во друга општина.

Промовирани огласи »

Не е филм, туку животна приказна на Марко и лука Максимовиќ, 21-годишни близнаци родени во Лос Анџелес.

Марко и Лука, иако родени во САД, пред десетина години се вратиле во Србија, а истакнуваат дека желбата на нивниот татко била да растат како Срби. Во Белград завршиле основно училиште, гимназија, а потоа запишале Земјоделски факултет. „Кога се запишавме во прво одделение лошо зборувавме српски, но брзо се навикнавме и одлично се снајдовме“, вели Лука, пренесува “N1“.

Во село Божурња, покрај Топола, откаде што е мајка им на нивниот татко, пред неколку години почнале да се занимаваат со самостоен земјоделски бизнис. На своја иницијатива, почнале да размислуваат што би можело најдобро да одекне во Шумадија, позната по сливите и грозје.

Дошле на идеја да одгледуваат боровинки, кои во Србија не биле во големи количини. Велат дека боровинката е овошка на милениумот и дека може да се употребува сушена, свежа, како и смрзната.

Сфативме дека работата со боровинки може многу да ни донесе, вели Лука и додава дека од година во година приходите растат за 208 отсто. Марко и Лука велат дека се задоволни. Работата константно напредува, побарувачката расте, а сметаат дека боровинките се-иднината.

Просечната цена на боровинката е од 5 до 6 евра по килограм, а по хектар може да се има околу 15 тони“, вели Лука, додавајќи дека годишните трошоци не надминуваат 15 отсто од вкупната бруто заработувачка.

Сепак, велат дека се најсреќни што, и покрај стереотипите дека само на Запад може да се успее, своите цели ги оствариле и во Србија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »