Промовирани огласи »

Ако се погледнат најновите статистики учеството на платежните картички во платежниот промет во Македонија оди во нагорна линија. 

Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека вкупно има издадено 1.862.240 платежни картички од кои физичките лица користат 1.830.948, а правните лица 31.292 картички.

Најголемиот дел корисници се физичките лица, а од брендовите најзастепен е „Виза“.

За разлика од големата бројка на платежните картички, вкупно во Македонија има издадено картички за купување на интернет 19.348 од кои на физичките лица се 19.300, а 48 на правни лица.

Од вкупно издадените картички, кредитни се 372.413 од кои 362.591 се на физички лица, а 9.532 се на правни лица. Дебитна функција имаат 1.442.072 картички.

Најмногу од издадените картички се од брендот „Виза“ 1.096.707, на „Мастеркард“ отпаѓаат 667.907 картички и останатите бреднови се застапени со 78.278.

Промовирани огласи »

Поединечни занимања буквално го уништуваат физичкото и психичкото здравје, а дури 26 отсто од вработените во стресни професии бараат помош од доктори, покажа истражување спроведено на Универзитет во Јужна Каролина.

Болестите поврзани со респираторниот систем се на самиот врв, во однос на сите други професионални заболувања.

Најчесто се појавуваат кај градежни работници, а најчест е азбестот, прогресивна болест, која настанува во процесот на производство на азбесни материјали.

Артритис на стапалата до кој доведува константното стоење најмногу ги погодува професорите, додека пореметување во спиењето е предизвикано од работата во смени.

Променетиот ритам на спиење и будноста може да предизвикаат недостаток на енергија, потоа појава на зачестени главоболки, отежната концентрација и промени во расположението.

Последиците од оваа лоша психофизичка состојба можат да бидат сериозни грешки и несреќи.

Депресијата е речиси сигурен исход за поголемиот дел од оние кои работат прекувремено подолго од 11 часа. Кај нив двојно се зголемува веројатноста за силен напад на депресија.

Депресијата може да се појави и кај луѓе кои заработуваат грижејќи се за други лица, како што е домашната нега.

Дури 11 отсто од вработените имале тежок облик на депресија поради чувство на немоќ, во однос на болната личност која очекува помош.  

Промовирани огласи »

Со помош на технологијата, сега е полесно од било кога да пронајдете работа кој ви дозволува да патувате по светот. Постојат неколку работни места кои може да се претворат во кариери кои ви дозволуваат да патувате без да имате огромен недостаток на пари. 

Стјуардеса

Да бидете платени за да патувате? Тоа е реалноста за стјуардесите. Плус, се добиваат огромни попусти за летови со авионската компанија за која работите. Едно од негативните нешта е што на почетокот, не ги одбирате летовите, доцнењето на летовите може да биде проблем и износот на платите е дискутабилен. 

Работа на брод

Како додаток на посетување на различни делови од светот, работниците на брод доста често добиваат и храна и сместувања на бродот. Најчесто се дели соба со друг човек и можеби да имате проблем додека да се навикнете на напорната работа, но многу често луѓето се враќаат за повеќе.

Работа во ИТ секторот

Најверојатно веќе сте запознаени со огромните можности за работите во ИТ секторот, како и високите плати. Привилегија плус е што многу од вработените во овој сектор имаат можности насекаде низ светот, што значи дека може да работите од било кој дел на светот и да бидете добро платени. 

Професори по Англиски јазик 

Местата како Јапонија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати сите плаќаат добро за професори по Англиски јазик да живеат во нивните земји и да ги едуцираат студентите. Најголемиот дел од нив бараат сертификат за едуцирање Англиски како и одредено искуство. Ова може да биде одлична можност ако сакате да живеете како локал година време или повеќе. 

Промовирани огласи »

Не е секогаш лесно да се биде на одговорна позиција. 

Менаџирањето на другите луѓе доаѓа со многу притисок. И кога сте на позиција на менаџер, може да биде тешко да ја евалуирате својата работа. 

Да се биде добар шеф, претпоставен, менаџер е од суштинско значење за вашата организација - третина од работниците ги напуштаат своите места поради неквалитетен менаџер. Но, не сте во состојба да шетате по канцеларијата и да барате од вашите вработени да ви кажат како работите. Она што можете да направите е анкета и потоа да смените нешто кај себеси врз основа на фидбекот. 

Исто така може да погледнете и на другите, посуптилни знаци дека сте многу успешни на својата менаџерска позиција:

1. Ги третирате вашите вработени како човечки суштества

За жал, некои менаџери сметаат дека делењето навреди и злоупотребата е ефективна мотивациона техника. Во повеќето случаи, ова едноставно не е вистина. Ако ги вреднувате и гледате вашите вработени како обични луѓе, тогаш веќе сте голем чекор напред пред многу други менаџери. 

2. Пробувате нови нешта 

Добрите шефови адаптираат одредени методи бидејќи ова е најдобриот начин - не затоа што тие се навикнале на еден или друг начин. Тие им даваат простор на своите вработени за експериментирање и внесување иновации. 

3. Вие ги отстранувате препреките

Неквалитетните менаџери поставуваат препреки кои им го отежнува успехот на вработените и воопшто, вршењето на својата работа. Одличните менаџери треба активно да работат на олеснување на животот на своите вработени. 

4. Вие сте добар тренер

Тренерите не седат на клупа покажувајќи на секој со прст. Тие исто така, не ни влегуваат на теренот да играат место играчите. Добрите менаџери се исти како и добрите тренени - Тие бараат почит и ја овозможуваат вистинската количина на пофалби и конструктивен критицизам за да го разбудат најдоброто во нивните вработени. 

5. Вие разговарате со вашите вработени 

Разговарањето со вашите вработени, а не на нив, е она што ве одвојува од другите менаџери бидејќи на овој начин, им помагате на вашите вработени да успеат во своите цели и да ги отстранат своите грижи. 

6. Вие сте добар слушател 

Ова е главната причина зошто интровертите се добри шефови. Многу луѓе имале менаџер кој обожавал да зборува. Почесто и многу попочитувани, се оние претпоставени кои се квалитетни слушатели

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »