Промовирани огласи »

Фејсбук да ги брише сите постови во кои се употребуваат термините Јосип Броз Тито и Југославија.

Ова го бараат од Хрватското здружение „Урбана десница“

Здружението  објави дека во последните неколку дена е во директен контакт со администрацијата на социјалната мрежа во Лондон и дека се пожалиле на постовите во кои се спомнува Тито.

„Урбана десница“ тврди дека администраторите на Фејсбук им се заблагодариле и им најавиле дека наскоро сите содржини во кои се величат Тито или Југославија ќе бидат автоматски избришани, а профилите што ги промовираат ќе бидат блокирани.

Кога ќе добиеме официјална потврда на мејл за вклучување во алгоритамот, ќе ве информираме. Тогаш секоја ваша пријава на содржина во кои се величи злосторничкиот режим или Тито ќе бидат автоматски избришани- велат хрватските десничари.

Седиштето на здружението „Урбана десница“ се наоѓа во Сплит, а целите им се, како што тврдат да „промовираат модерни патриотски вредности и култура на животот, и да спроведат лустрација“.

Промовирани огласи »

Многу луѓе имаат проблем со јавното говорење кое вообичаено вклучува стоење пред вашата публика, чии очи се вперени во Вас и само Вас и обидувајќи се да ги запомнете клучните точки од вашата презентација. Без разлика за што зборувате, потребна ви е многу подготовка и вежбање за ефективно креирање и постигнување на професионално говорење. 

За да биде ситуацијата потешка, самата презентација е само еден дел од процесот. Ако сакате да го задржите вниманието на вашата публика и да спречите да заспијат во текот на вашето зборување, потребно е да вложите дополнителен труд за да се одвоите. Вие ги „бомбардирате“ со многу информации па затоа обидете се да ги држите заинтересирани и приврзани. 

Запомнете: Прецизноста е одлична 

Презентерите кои ја поседуваат ретката вештина на доаѓање веднаш до поентата за кратко време се најценети. Дури и ако презентацијата содржи одлична содржина, вашата публика нема да има трпение бесконечно долго да седи и да ве слуша Вас додека вие мирно зборувате. 

Долгите говори ја црпат енергијата на слушателите и нема да е потребно многу време пред да почнете да ги губите слушателите. Најуспешните говорници во историјата ја разбираат важноста на прецизноста во презентирањето на нивните идеи. 

Раскажувајте приказни 

Фокусирајте се на главните концепти од вашата презентација и поврзете се со публиката преку приказна која е поврзана. Луѓето го сакаат приказните за создавање успех и преку раскажувањето ги нудите сите информации, како и вашите клучни точки. Избегнувајте да ја раскажете целата приказна на почетокот. Наместо тоа, раскажувајте по делови и водете ги вашите слушатели на патување низ презентацијата. Креирајте природен тек на приказната за да ја држите публиката заинтересирана. 

Користете ја визуелизацијата паметно 

Не вклучувајте премногу графикони со надеж дека ќе го подобрите вкупниот впечаток за презентацијата. Ако вашата публика не може да ги разбере презентациите веднаш кога ги гледа, тогаш се обидувате пресилно. Она што треба да покажете е што е релевантно за вашата приказна и која е вашата поента. Вие треба да го вршите зборувањето, не вашата презентација. 

Користете го 10/20/30 правилото

Многу е едноставно - една презентација не треба да содржи повеќе од 10 слајдови, не треба да трае повеќе од 20 минути и не треба да има фонт помал од големината 30. Ако размислете добро, ќе забележите дека ова правило важи за секој вид на презентација, без разлика за што сакате да зборувате. 

Бидете и сериозни, но и пријатни 

Ретко се случува една презентација да мора да е 100% сериозна. Додека Вие сакате вашата публика целосно да ги разбере клучните концепти на вашата презентација, што од Вас бара сериозен тон, Вие исто така сакате и да бидете интересни. Вклучувањето на хумор, во правилните дози, како на пример некои интересни слики, може да ја направи вашата презентација лесно запамтлива. Луѓето сакаат да се смеат бидејќи тоа ги опушта повеќе, а тоа ви ги зголемува шансите да биде запаметена вашата презентација. 

Промовирани огласи »

Оваа година се очекува социјалните медиуми да креираат уште поголема „врева“ како резултат на се поголемиот број на технолошки постигнувања и социјалните норми поврзани со промената на социјалните медиуми. Прочитајте во продолжение кои трендови ни следуваат:

  • Зголемување на популарноста на Instagram Stories

Над 200 милиони луѓе ги користат сториите на Инстаграм секој месец што е за 50 милиони повеќе од корисниците на Снепчет - а Инстаграм сториите постојат само една година! Гледано вака, близу половина од сите корисници на Инстаграм ќе ги користат сториите до крајот на 2018. Ова значи дека сите брендови заинтересирани за поврзување со корисниците на Инстаграм ќе мораат да пронајдат време за да ги усовршат своите стории. 

  • Продолжување на инвестииците во влијателниот маркетинг 

Над 90% од маркетерите кои работат со влијателен маркетинг стратегија веруваат дека е успешна. Се поголем број на компании користат ваков вид на стратегии за поврзување со нова публика и подобрување на поврзаноста со веќе постоечките потрошувачи. 

  • Фокусирање на Z генерацијата 

Денес, највозрасните од генерацијата Z имаат 22 години. Тие само што почнуваат да навлегуваат во фазата на куповна моќ која се повеќе ќе им се зголемува. Брендовите ќе почнат да го забележуваат ова и ќе го променат фокусот на своите социјални мрежи соодветно. 

  • Преиспитување на Twitter 

Според некои истражувања, Twitter не успеал да го постигне посакуваниот број на следбеници за 2017та. Всушност, LinkedIn, Facebook и Instagram сите имаат поголем број на следбеници. Една од можните промени е продажба на компанијата на приватни следбеници и промена на платформата. 

Промовирани огласи »

Регрутирањето на вистинските работници е процес е важен и истоштувачки процес. Вработувањето на квалитетни луѓе е од суштинско значење за постигнување на целите на компанијата. Но што се сучува кога вашиот нов вработен веќе започнува со работа? Како може да се осигурате дека вашиот врвен кандидат за работа ќе стане среќен, посветен работник кој нема да сака да ја напушти работата?

Постојат пет начини за исполнување на очекувањата на вработените и одржување на поврзаноста кон работата. 

  • „Како може да помогнам“ лидерство 

Наредбите и контролата врз вработените веќе одамна не вродува со плод - лидерството кое служи е новата едукација од менаџментот. За да го подобрите задржувањето, исфрлете ги овие диктаторски тактики и фокусирајте се на тоа како лидерите им помагаат на вработените да ги постигнат своите цели. Наместо да им кажува на вработените што да прават, лидерот кој служи е во потрага на начини за да се отстранат пречките кои ги спречуваат луѓето од успех. 

Дополнително, секој месец може да имате „храбри сесии“ каде ќе ги поканите своите вработени од различни функции и ќе ги предизвикате да Ви постават прашања кои вообичаено не се осмелуваат. Вие ги одговарате овие прашања и на овој начин, брзо може да научите како луѓето се чувствуваат во вашата организација и што е потребно за да ги задржите во компанијата. 

  • Редовни оценки на перформансите 

Секој сака да се подобрува и развива и ако вработените не добиваат конструктивни оценки на перформансот на редовни основа, тие се чувствуваат напуштени од организацијата. Тие немаат идеја за тоа што би можеле да подобрат и како резултатат на тоа се чувствуваат како на никој не им е грижа за нив и за тоа дали постои простор за развој. 

  • План за развој на кариерата 

На секој вработен му е потребен специфичен план за тоа како ќе научат нови вештини и како ќе ги пронајдат новите можности. Лидерите се одговорни за тоа секој од вработените да има детален план за кариерата. Ефективниот лидер се фокусира на проактивноста на своите вработени, не на само една работна позиција без простор за подобрување. 

  • Персонализирана култура на поврзување 

Една култура не се гради преку корпоративната програма. Таа е дефинирана од секојдневните персонализирани акти на лидерство. Не постојат двајца луѓе кои можат да бидат поврзани на ист начин, од тука доаѓа и проблемот со програмите за поврзување кои се исти за секој вработен. Наместо тоа, лидерите може да креираат програма која се заснова на интеракциите со секој вработен секојдневно. 

  • Чесна компензација

Најочигледниот начин за задржување на вработените е да се задоволат нивните основни потреби: плата и бенефити. Без оваа основа, многу е тешко да привлечете луѓе преку регрутерскиот процес и да ги задржите доколку тие добијат позиција кај Вас. Морате да бидете барем споредливи во однос на конкурентите за да ја играте оваа игра. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »