Промовирани огласи »

Регрутирањето на вистинските работници е процес е важен и истоштувачки процес. Вработувањето на квалитетни луѓе е од суштинско значење за постигнување на целите на компанијата. Но што се сучува кога вашиот нов вработен веќе започнува со работа? Како може да се осигурате дека вашиот врвен кандидат за работа ќе стане среќен, посветен работник кој нема да сака да ја напушти работата?

Постојат пет начини за исполнување на очекувањата на вработените и одржување на поврзаноста кон работата. 

  • „Како може да помогнам“ лидерство 

Наредбите и контролата врз вработените веќе одамна не вродува со плод - лидерството кое служи е новата едукација од менаџментот. За да го подобрите задржувањето, исфрлете ги овие диктаторски тактики и фокусирајте се на тоа како лидерите им помагаат на вработените да ги постигнат своите цели. Наместо да им кажува на вработените што да прават, лидерот кој служи е во потрага на начини за да се отстранат пречките кои ги спречуваат луѓето од успех. 

Дополнително, секој месец може да имате „храбри сесии“ каде ќе ги поканите своите вработени од различни функции и ќе ги предизвикате да Ви постават прашања кои вообичаено не се осмелуваат. Вие ги одговарате овие прашања и на овој начин, брзо може да научите како луѓето се чувствуваат во вашата организација и што е потребно за да ги задржите во компанијата. 

  • Редовни оценки на перформансите 

Секој сака да се подобрува и развива и ако вработените не добиваат конструктивни оценки на перформансот на редовни основа, тие се чувствуваат напуштени од организацијата. Тие немаат идеја за тоа што би можеле да подобрат и како резултатат на тоа се чувствуваат како на никој не им е грижа за нив и за тоа дали постои простор за развој. 

  • План за развој на кариерата 

На секој вработен му е потребен специфичен план за тоа како ќе научат нови вештини и како ќе ги пронајдат новите можности. Лидерите се одговорни за тоа секој од вработените да има детален план за кариерата. Ефективниот лидер се фокусира на проактивноста на своите вработени, не на само една работна позиција без простор за подобрување. 

  • Персонализирана култура на поврзување 

Една култура не се гради преку корпоративната програма. Таа е дефинирана од секојдневните персонализирани акти на лидерство. Не постојат двајца луѓе кои можат да бидат поврзани на ист начин, од тука доаѓа и проблемот со програмите за поврзување кои се исти за секој вработен. Наместо тоа, лидерите може да креираат програма која се заснова на интеракциите со секој вработен секојдневно. 

  • Чесна компензација

Најочигледниот начин за задржување на вработените е да се задоволат нивните основни потреби: плата и бенефити. Без оваа основа, многу е тешко да привлечете луѓе преку регрутерскиот процес и да ги задржите доколку тие добијат позиција кај Вас. Морате да бидете барем споредливи во однос на конкурентите за да ја играте оваа игра. 

Промовирани огласи »

Бојана Роквиќ од Белград пред 7 години се впуштила во претприемачките води со капитал од само 10 евра, а денес има свој ресторан. 

Таа во 2011 година ја напуштила работата во невладина организација, а денес има 10 вработени. 

Вели дека немала идеја што ќе работи откако дала отказ, па работела во кафуле, а потоа од дома правела храна и тоа го огласувала на Фејсбук. 

Луѓето почнале да нарачуваат и сфатила дека луѓето сакаат готови јадења за на работа. 

„Целиот пакет од тој ручек со супа, салата и главно јадење чинеше три-четири евра. Од човек на човек се прошири веста и работата се ширеше, а во целата работа за превоз ми помагаше татко ми. Задоволна сум, имам слобода за празник да не работам“ - вели таа. 

Во својот ресторан Роквиќ прави традиционални јадења. 

За оние кои допрва ќе почнуваат со свој бизнис им препорачува да имаат трпение. 

Вели дека вистинските идеи го наоѓаат патот до успехот, а за успех се потребни истрајност и посветеност. 

Промовирани огласи »

Македонија е најлошо рангирана според индексот на среќа во регионот, но e најдобра според условите за водење бизнис и економските слободи. 

Кога станува збор за глобалниот индекс на среќа, што го изготвил Earth Institute од 155 земји, Македонија е на 92 место, а пред неа се сите земји во регионот.

Во однос на индексите за слабост на државите, вредноста на пасошот, заканата од тероризам и корипцијата е рангирана во средината на листата, покажуваат податоците од неколку истражувања на меѓународни организации. 

Македонија, според индексот на слабост на државите на Фондот за мир, е подобро рангирана од БиХ и Србија, а полоша од Црна Гора, Хрватска и Словенија. На ова рангирање, на кое пониско место значи полош рејтинг,  Македонија е на 112 место,  Босна и Херцеговина на 93, Србија на 107, Црна Гора на 130, Хрватска на 138  и Словенија на 162. 

Во однос на вредноста на пасошот Македонија е повторно во средината на табелата меѓу земјите од регионот, односно е рангирана на 39 место. Од Македонија без визи може да се патува во 108 други земји. Најдобро рангирана е Словенија на 10 место затоа што со нејзината патна исправа без виза може да се влезе во 150 земји и Хрватска која е на 14 место со чиј пасош без виза може да се влезе во 145 земји. Србија е на 35 место, а со нејзиниот пасош може да се влезе без виза во 114 земји, со црногорскиот пасош во 105 земји, со пасошот на БиХ во 101 земја, а со пасошот на Косово без виза може да се оди само во 41 земја.

Македонија е најдобро рангирана земја во регионот и во однос на економските слободи и се наоѓа на 31-во место од 180 земји. Според индексот на економски слободи пресметан од страна на WSJ Heritage foundation, Косово е на 56, Црна Гора на 83, Босна и Херцеговина на 92, Хрватска на 95, Словенија на 97, а Србија на 99 место.

По прашањето на глобалниот индекс на тероризам кој го составува Институтот за економија и мир, најлошо рангирани се Косово на 70 место и БиХ на 78, Македонија повторно е во средината на рангирањето меѓу земјите со 92 место. Црна Гора е на 122 место, Србија 126, а Словенија и Хрватска го делат 130-то место.

Според параметрите за леснотијата за водење бизнис кои ги изработила Светската банка за 190 земји, Македонија е најдобро рангирана од сите земји во регионот и се наоѓа на 11 место. Словенија е 37, Косово на 40, Србија на 43, Хрватска 51, а Босна и Херцеговина е на 86 место.

Во однос на индексот на перцепција на корупцијата пресметан од Transparency international, од 176 земји Македонија е на 90 место, БиХ е на 83, Србија на 72, Црна Гора на 64, Хрватска на 55 и Словенија на 31 место.

Промовирани огласи »

Исланд стана првата земја во светот во која ќе биде илегално мажите да земаат повисоки плати од жените, пренесоа светките медиуми.

Според новиот закон, компаниите и владините агенции со повеќе од 25 вработени ќе треба да добијат сертификати за еднаквост на платите, а оние кои нема да успеат во тоа ќе бидат принудени да платат казни.

Станува збор за механизам кој ќе осигура дека мажите и жените се подеднакво платени за истите работни места, рече Дагни Оск Пинд, членка на одборот на Исландската асоцијација за женски права.

Новиот закон стапи на сила во понеделникот, а беше објавен на Денот на жената минатата година. Тој доби поддршка од коалициската влада и опозицијата во парламентот, каде што жените сочинуваат 50 отсто од членството.

Мислам дека луѓето почнуваат да сфаќаат дека нееднаквоста во платата е системски проблем со кој треба да се справиме преку нови методи, изјави Арадотир Пинд за „Ал Џезира“.

Инаку, светскиот економски форум (WEF) го прогласи Исланд за водечка земја во борбата против родовата нееднаквост деветта година по ред, а владата вети дека целосно ќе ја искорени нееднаквоста во платите до 2022-ра година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »