Промовирани огласи »

Исланд стана првата земја во светот во која ќе биде илегално мажите да земаат повисоки плати од жените, пренесоа светките медиуми.

Според новиот закон, компаниите и владините агенции со повеќе од 25 вработени ќе треба да добијат сертификати за еднаквост на платите, а оние кои нема да успеат во тоа ќе бидат принудени да платат казни.

Станува збор за механизам кој ќе осигура дека мажите и жените се подеднакво платени за истите работни места, рече Дагни Оск Пинд, членка на одборот на Исландската асоцијација за женски права.

Новиот закон стапи на сила во понеделникот, а беше објавен на Денот на жената минатата година. Тој доби поддршка од коалициската влада и опозицијата во парламентот, каде што жените сочинуваат 50 отсто од членството.

Мислам дека луѓето почнуваат да сфаќаат дека нееднаквоста во платата е системски проблем со кој треба да се справиме преку нови методи, изјави Арадотир Пинд за „Ал Џезира“.

Инаку, светскиот економски форум (WEF) го прогласи Исланд за водечка земја во борбата против родовата нееднаквост деветта година по ред, а владата вети дека целосно ќе ја искорени нееднаквоста во платите до 2022-ра година.

Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk ви нуди преглед во некои од специфичните чекори за подобрување на вашите тактики на бизнис поврзување за да ги искористете максимално на наредниот бизнис настан.

1. Ограничете го бројот на контакти од настан 

Најважното работа кога се работи за овие поврзувања е квалитетот на контакти кои ги добивате, што значи типот на контакти, поврзаноста со вашиот бизнис и интереси, колку добра поврзаност имате и индивидуата која е вклучена. На обичен настан, 5 до 10 контакти е најверојатно се што ќе можете да си дозволите. Ова можеби не значи како многу контакти, но е повеќе од доволно доколку разговарате со вистинските луѓе. Ако присуствувате на два настани неделно, тоа се осум или повеќе настани месечно или 40 до 80 нови контакти на секоие 30 дена. Продолжете да го работите ова во наредните неколку месеци додека го одржувате контактот со луѓето кои сте ги запознале и наскоро ќе имате повеќе од доволно високо квалитетни контакти.

2. Трошете 5 до 10 минути зборувајќи и слушајќи ја секоја личност

Само затоа што не ги делите вашите визит карти на 1000 луѓе, не значи дека треба да потрошите повеќе од 20 минути разговарајќи само со една индивидуа. Инвестирајте неколку минути за да го запознете секој што е присутен. Побарајте им визит карта. И поврзете се со нив по завршувањето на настанот, бидејќи тука се случуваат главните нешта. Запомнете, се што правите моментално е поставување на сцената за идни бизниси.

Многу луѓе се двоумат како да завршат ваков вид на разговор. Не размислувајте премногу, лесно е да се заврши разговор на пријателски начин и со почит. Може да експериментирате со следните два начина: 

  • Засновано на она што другата личност ви го зборува, размислете за некого во просторијата кој/а би можел/а да биде заинтересиран/а да разговара со нив. Дадете им до знаење дека таа личност е тука присутна и упатете се заедно со нив до таа личност и запознајте ги. Потоа оставете ги сами со изговорот дека ќе ги оставете да се запознаат подобро и да разговараат на заедничките теми. Ова е одличен начин да го напуштете разговорот и плус, да бидете конекцијата помеѓу двајца луѓе. 
  • Ако нема никого со кој би можеле да ја запознаете личноста, заблагодарете им се за разговорот, дадете им до знаење дека се надевате дека патиштата ќе ви се спојат повторно и побарајте визит карта. Разговорот е завршен. 

Кога се работи за вториот пристап, особено е важно да сте љубезни. Ако не би сакале да ја сретнете повторно оваа личност, не искажувајте желба за спојување на вашите патишта во иднина. Наместо тоа, останете си професионални и побарајте визит карта. Не се извинувајте за завршувањето на разговорот и не кажувајте дека потребно е да запознаете други луѓе, бидејќи на овој начин само ги туркате подалеку од себеси луѓето. 

3. Пишувајте забелешки на задната страна од визит картите 

Не само што запишувањето белешки ќе ви помогне за запамтите што таа личност рекла на настанот, исто така и ќе ве забави малку да не трчате по просторијата и да го запознавате секој еден присутен. На предната страна може да го запишете датумот и името на настанот на кој сте присуствувале, а на задната кратки забелешки за разговорот кој сте го имале. Кога ќе ја контактирате подоцна личноста, ќе имате причина зошто ја барате. 

Две клучни идеи кога се работи за запознавање нови личности на бизнис настани:

  • Вие не сте заинтересирани да продавате нешто на некому; Вие сакате да пронајдете начин за да им помогнете. Вие разбирате дека кругот се врти, особено кога се во прашање бизнис состаноците. 
  • Вие сакате да креирате визуелен идентитет за секого што го запознавате. Визуелниот идентитет е одговорот на прашањето: „Како можам да се одвојам во умот на другата личност од сите други пет лица што тој/таа ги запознал овде?“

Држете се до овие идеи и совети и наредниот бизнис настан ќе биде особено успешен за Вас. 

Промовирани огласи »

Да се биде лидер не е едноставна задача - потребна е многу работа, храброст и ризикување. Да се биде способен да се најде решение, да се решат проблеми и да се подобрат нештата се витални компоненти на ефективното лидерство. Позиционирање на себеси како модел за луѓето значи правење на нешта кои ќе ги подобрат вашите вработени, заедницата, па дури и светот. 

Земете пример од најдобрите светски лидери. За совет поврзан со лидерство, понекогаш е добро да сте свртени кон го креирале светот во кој живееме денес? Во продолжение, прочитајте 20 цитати за лидерство кои би можеле да ви помогнат да станете подобри и поуспешни лидери. 

Стив Џобс - Мојата работа не е да им олесна на луѓето. Мојата работа е да ги развијам и подобрам луѓето. 

Барак Обама - Еден глас може да промени цела просторија. 

Алберт Ајнштајн - Лидерот е оној кој од неред, формира едноставност, од раздор креира хармонија и од тежина креира можност. 

Лери Пејџ - Мојата работа како лидер е да се осигурам дека сите во компанијата имаат одлични можности и дека се чувствуваат како да имаат значајно влијание. 

Коко Шанел - Најхрабриот акт се уште е да размислувате за себеси. На глас. 

Шерил Сандберг - Способноста за учење е најважниот квалитет кој еден лидер може да го поседува. 

Џеф Безос - Дел од културата на компанијата е во зависност од патот и лекциите кои ги учите во текот на патувањето. 

Марта Стујарт - Јас сметам дека печењето колачиња е исто како Кралицата Викторија што ја води Империјата. Не постои разлика за тоа колку сериозно ја перцепирате една работа. 

Марк Зукенберг - Ако сакате да изградете нешто огромно, треба да се фокусирате промената што сакате да ја направите во светот. 

Томас Џеферсон - Кога и да правите едно нешто, однесувајте се како целиот свет да гледа. 

Ричард Бренсон - Комуникацијата е најважната вештина што еден лидер може да ја поседува. 

Алфред Хичкок - Ако јас не бидам јас, кој ќе биде? 

Стив Кејс - Не постојат знаци на патот за навигација. И всушност, никој не одлучил на која страна од патот треба да сме. 

Марк Кубан - Не се работи за парите или конекциите, туку за желбите да се работи повеќе и учи повеќе од другите. 

Џоан Риверс - Јас немам методи. Се што правам е да ги прифатам луѓето такви какви што се. 

Ворен Бафет - Некој седи денес во сенка бидејќи некој посадил дрво пред многу години. 

Стивен Спилберг - Вашата работа е да креирате свет кој трае засекогаш. 

Даниел Лубецки - Силниот лидер избегнува да стане премногу самоуверен до точка на штетна проценка. 

Тони Робинс - Луѓето кои успеваат на највиското ниво не се среќни, туку тие прават нешто поразлично од сите други. 

Промовирани огласи »

Ако се погледнат најновите статистики учеството на платежните картички во платежниот промет во Македонија оди во нагорна линија. 

Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека вкупно има издадено 1.862.240 платежни картички од кои физичките лица користат 1.830.948, а правните лица 31.292 картички.

Најголемиот дел корисници се физичките лица, а од брендовите најзастепен е „Виза“.

За разлика од големата бројка на платежните картички, вкупно во Македонија има издадено картички за купување на интернет 19.348 од кои на физичките лица се 19.300, а 48 на правни лица.

Од вкупно издадените картички, кредитни се 372.413 од кои 362.591 се на физички лица, а 9.532 се на правни лица. Дебитна функција имаат 1.442.072 картички.

Најмногу од издадените картички се од брендот „Виза“ 1.096.707, на „Мастеркард“ отпаѓаат 667.907 картички и останатите бреднови се застапени со 78.278.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »