Промовирани огласи »

Во 2018 бидете компанија која е самоуверена за успехот на планираните маркетинг стратегии. Искористете некои од следниве стратегии за надградување на вашата публика во 2018та година. 

Стеснете го фокусот на вашиот блог

2017та беше годината каде статистиките беа позитивни за содржинските маркетери - дури 65% од B2B маркетерите изјавиле дека оствариле поголем успех со овој маркетинг од претходната година. Вашиот брол е главната платформа за содржинскиот маркетинг и градењето на вашата публика. Може да генерира насоки, да го зголемува сообраќајот на вашата веб страна но, само ако е добро функционира. Еден начин е преку стеснување на фокусот на вашиот блог. Побарајте алатки како Google алгоритми кои им нудат на корисниците релевантни страни за пребарување кои се прецизно фокусирани. Колку подобро фокусиран, толку поголеми се шансите дека вашиот сајт ќе се појавува прв при пребарување. Објавувајте повеќе содржина која е специфична за вашата публика и ќе им ги даде потребните информации кои ги бараат. 

Додадете повеќе инструкциони и „Како да - “ објави

Популарноста на овие два вида на содржини не се намалува со заминувањето на 2017. Читателите реагираат позитивно на инструкциони објави бидејќи тие имаат јасна корист и вредност. Тие служат да им ја дадат информацијата по која трагаат корисниците - јасно и едноставно. 

Подобрете ги вашите инструкциони објави со одговарање на прашања кои вашата публика ги има. Читателите од секоја индустрија сакаат да читаат релевантни, корисни и информативни објави и ова ви е можност да им го привлечете вниманието. 

Информирајте ја јавноста за внатрешните случувања 

Зголемете го бројот на објави кои имаат поврзаност со вашиот бренд, неговата мисија и тимот кој стои позади компанијата. Ако нешто ново и возбудливо се случи во вашата компанија, објавете го како блог. Редовно информирајте ја јавноста за тоа што се случува позади сцената. Бидете транспарентни со вашата содржина, секогаш чесни и искрени. Колку повеќе ќе откриете за вашата компанија преку блог постови толку подобро за градење на долготрајни односи. 

Внесете повеќе статистики 

Една стратегија која може да ја употребите е внесување на поголем број статистики во вашите објави и фокусирање на информирање и едуцирање на вашата публика. Направете истражувања и статистики, како и релевантни податоци кога и да е потребно да го зголемите интересот за вашата содржина, давајќи многу поголема вредност на истата. 

Постојано и често објавување

Постојаносте е кличен фактор за 2018. Во свет кој е полн со непостојаност, Вие бидете тие што ќе се разликувате од останатите. Клучната точка за поврзаност во животите на вашата публика нека бидат вашите објави, нешто на кои тие секогаш можат да се потпрат., секогаш пристигнуваат на време и со корисни информации. Бидете постојан креатор кој генерира интересна содржина со секоја објава. 

Промовирани огласи »

Психолозите велат дека новогодишните одлуки немаат смисла и дека само 8% од луѓето успеваат да ги остварат. 

Но, за луѓето кои ги запишуваат своите одлуки велат дека се 10 пати поуспешни од оние кои тоа не го прават. 

Не сме подготвени за позитивни промени ако се чувствуваме лошо. 

Сајтот  “Psychology Today” вели дека може да се направи листа, но да се запишат деновите кога сте биле среќни во текот на годината и секогаш кога имате ниска самодоверба да се потсетувате на оваа листа. 

Промовирани огласи »

Фејсбук да ги брише сите постови во кои се употребуваат термините Јосип Броз Тито и Југославија.

Ова го бараат од Хрватското здружение „Урбана десница“

Здружението  објави дека во последните неколку дена е во директен контакт со администрацијата на социјалната мрежа во Лондон и дека се пожалиле на постовите во кои се спомнува Тито.

„Урбана десница“ тврди дека администраторите на Фејсбук им се заблагодариле и им најавиле дека наскоро сите содржини во кои се величат Тито или Југославија ќе бидат автоматски избришани, а профилите што ги промовираат ќе бидат блокирани.

Кога ќе добиеме официјална потврда на мејл за вклучување во алгоритамот, ќе ве информираме. Тогаш секоја ваша пријава на содржина во кои се величи злосторничкиот режим или Тито ќе бидат автоматски избришани- велат хрватските десничари.

Седиштето на здружението „Урбана десница“ се наоѓа во Сплит, а целите им се, како што тврдат да „промовираат модерни патриотски вредности и култура на животот, и да спроведат лустрација“.

Промовирани огласи »

Многу луѓе имаат проблем со јавното говорење кое вообичаено вклучува стоење пред вашата публика, чии очи се вперени во Вас и само Вас и обидувајќи се да ги запомнете клучните точки од вашата презентација. Без разлика за што зборувате, потребна ви е многу подготовка и вежбање за ефективно креирање и постигнување на професионално говорење. 

За да биде ситуацијата потешка, самата презентација е само еден дел од процесот. Ако сакате да го задржите вниманието на вашата публика и да спречите да заспијат во текот на вашето зборување, потребно е да вложите дополнителен труд за да се одвоите. Вие ги „бомбардирате“ со многу информации па затоа обидете се да ги држите заинтересирани и приврзани. 

Запомнете: Прецизноста е одлична 

Презентерите кои ја поседуваат ретката вештина на доаѓање веднаш до поентата за кратко време се најценети. Дури и ако презентацијата содржи одлична содржина, вашата публика нема да има трпение бесконечно долго да седи и да ве слуша Вас додека вие мирно зборувате. 

Долгите говори ја црпат енергијата на слушателите и нема да е потребно многу време пред да почнете да ги губите слушателите. Најуспешните говорници во историјата ја разбираат важноста на прецизноста во презентирањето на нивните идеи. 

Раскажувајте приказни 

Фокусирајте се на главните концепти од вашата презентација и поврзете се со публиката преку приказна која е поврзана. Луѓето го сакаат приказните за создавање успех и преку раскажувањето ги нудите сите информации, како и вашите клучни точки. Избегнувајте да ја раскажете целата приказна на почетокот. Наместо тоа, раскажувајте по делови и водете ги вашите слушатели на патување низ презентацијата. Креирајте природен тек на приказната за да ја држите публиката заинтересирана. 

Користете ја визуелизацијата паметно 

Не вклучувајте премногу графикони со надеж дека ќе го подобрите вкупниот впечаток за презентацијата. Ако вашата публика не може да ги разбере презентациите веднаш кога ги гледа, тогаш се обидувате пресилно. Она што треба да покажете е што е релевантно за вашата приказна и која е вашата поента. Вие треба да го вршите зборувањето, не вашата презентација. 

Користете го 10/20/30 правилото

Многу е едноставно - една презентација не треба да содржи повеќе од 10 слајдови, не треба да трае повеќе од 20 минути и не треба да има фонт помал од големината 30. Ако размислете добро, ќе забележите дека ова правило важи за секој вид на презентација, без разлика за што сакате да зборувате. 

Бидете и сериозни, но и пријатни 

Ретко се случува една презентација да мора да е 100% сериозна. Додека Вие сакате вашата публика целосно да ги разбере клучните концепти на вашата презентација, што од Вас бара сериозен тон, Вие исто така сакате и да бидете интересни. Вклучувањето на хумор, во правилните дози, како на пример некои интересни слики, може да ја направи вашата презентација лесно запамтлива. Луѓето сакаат да се смеат бидејќи тоа ги опушта повеќе, а тоа ви ги зголемува шансите да биде запаметена вашата презентација. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »